The`bItCh
AdJuStAbLe mAdNeSs
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 4.605
- Поени од реакции
- 114

Тетовирањето е повеќе од сериозна работа, на што укажува фактот дека пред да се одлучите на ваков потег морате добро да размислите што и каде на телото ќе тетовирате, и што е најважно, кој ќе ве тетовира.
Секој треба добро да размисли зошто сака тетоважа, каде сака да ја смести, но пред се треба да ги погледне фотографиите од делата на оној кој ќе ви ја изработи тетоважата. Едно од најважните предупредувања и упатства кои секоја личност пред тетовирање треба да ги знае е дека не смеат да се впуштаат во тетовирање во неадекватни услови, што значи дека не треба да се тетовираат во домашни услови, туку во студија кои имаат дозвола за работа. На прво место се хигиенските услови, запазени во секое сериозно студио. За одржување на приборот за тетовирање секое студио треба да има апарати за стерилизација кои со помош на притисокот и високите температури ги уништуваат хив вирусот, хепатитисот и другите вирусни заболувања.
Што се однесува пак на самиот процес на тетовирање, секоја личност треба да знае дека не може да биде подложена на тетовирање доколку не е полнолетна. Во случај личноста да има 16 години на третман може да дојде во придружба од само еден родител. Имено, не постои закон кој ја регулира возрастната граница за тетовирање, но секое студио има свои правилници за работа.
Безбедното тетовирање бара и одредени правила на однесување кои секој треба да ги почитува. Имено на третман не смеете да отидете гладни (ниту пак да бидете прејадени), ненаспиени ( уморот и недостатокот од енергија можат да предизвикаат нервоза, чувствителност на болка, а во некои случаи и несвестица), во видно алкохолизирана состојба, под влијание на дрога или лекови. Тоа може да предизвика зголемено крварење и да влијае на квалитетот на тетоважата и процесот на заздравување.
Доколку сте алергични, страдате од некои хронични болести, срцеви збаолувања или сте бремени, морате да го преудпредите мајсторот за тоа, кој ќе ве насочи на консултација со лекар за евентуални нуспојави.

Избор на тетоважата
Во првиот договор со мајсторот, личноста со разговор се одлучува за мотивот кој ќе го тетовира, неговата големина, бојата, како и позицијата на телото. Во зависност од големината на тетоважата мајсторот ќе ви објанси колку време ќе трае самата изведба и ќе ви договори термин.
Секоја одлука, па така и оваа подразбира трпение. Имено, брзоплетите одлуки најчесто завршуваат со разочарување по кратко време. Исто така, треба да се нагласи и дека не смеете да им подлегнувате на трендовите, туку да бидете сигурни дека истата таа слика, детал или мотив ќе ви се допаѓа подолго време. Имаме совет и за овој случај: „Тетоважите не и се потчинуваат на модата, тие се доживотни!“.
Затоа, доколку минатото лето се заљубивте во шарената пеперутка на нечиј грб, а оваа пролет ве маѓепса делфинот на стомакот на некоја случајна минувачка, добро размислете што всушност сакате. Доколку вашата одлука е конечна, пред самото тетовирање побарајте совет при изборот на дизајнот и местото на телото – секоја тетоважа не му одговара не секој дел од телото.

По тетовирањето
Самиот дел од телото на кој сте се тетовирале бара одреден вид на нега по третманот. Во студиото вашата свежа тетоважа ќе ја заштитат со крема и фолија, и детално ќе ви објаснат што се е потребно за нега на тетоважата. Првите 10 дена тетоважата се третира со за тоа наменетата крема пет до шест пати на ден, по што тетоважата се покрива со заштитната најлонска фолија. Важно е да се напомене дека првите 10 дена, тетоважата не треба да се изложува на вода од базен, река или поток. Исто така првите три месеци тетоважата не смее директно да се изложува на сонце, а не се препорачуваат ни третмани во солариум.
Непочитувањето на овие правила може да влијае врз квалитетот на тетоважата, или пак да резултира со најразлични воспаленија на кожата.
Според тоа, доколку се одлучите за тетоважа, ви советуваме – добро размислете, побарајте стручен совет и, она најважното, не впуштајте се во рацете на нестручни личности.