Кој дијалект најмногу ве нервира?

  • Креатор на темата Креатор на темата GavolRulz
  • Време на започнување Време на започнување
Битолскиот,Кумановскиот,Скопскиот,Струмичкиот и Охридскиот абе зборувајте си културно Кавадаречки.:smir:
 
Пеер,мене мање-више освен скопски сите други ме нервираат по малце.Можда едино охридскиот не ме нервира,зашо иам мајка охриѓанка па со нејзе си цепам охридски понекад.Секад ме нервирале другите дијалекти.У Скопје најбоље се збори. :) :P

П.С Тресам глупости,али морав нешто апла скопски да напишам. :)
 
Се што е лево од течението на Вардар плус Гостиварски.

А Демир Хисарски ми е дефинитивно најсмешниот дијалект.Во една прилика не знам ни сам како издржав да не се изнасмеам. Онака на нормалното нивно зборување мене ми иде да прснам од смеење :) :smir:
 
оти бе шо ти пречи мојов дијалект? :)
мене ме нервира скопскиот.... незнам зошто аЛи..
 
не да ме нервира ама дијалект шо чинам никојпат не би го говорил е кумановскиот... српски повеке разбирам отколку кумановскиот ебате... :toe: а за дијалект шо најмногу го сакам после струмичкиот е охридскиот :smir:
 
Највеќе ме нервира псевдокнижевениот употребен во насловот.

Баш фино, бидејќи правилната градација на "многу" е многу-повеќе-најмногу што значи дека насловот на темата е во комплетна согласност со граматичките правила за градација.
И, како стареам, се' помалку можам да поднесам прилепски. Че отепам некого некој ден ако ми прозбори на прилепски. Е*аго.
 
Очигледно е колку (малку) знаете за граматичките правила.

Граматика на македонскиот литературен јазик (1967 г.) од Блаже Конески ги дава формите многу-повеќе-највеќе. Истиот модел за градација се наоѓа во јазиците на нашите соседи:

Српски: много, више, највише
Бугарски: много, повече, нај-вече
 
Дефинитивно кумановскиот! Сите останати дијалекти ги сакам, а бидејќи брзо ми стануваат навика кога престојувам во некој град, често ги зборувам лесно. Посебно скопскиот го обожавам.. : )
А овој што ме нервира, е така затоа што е глупав! О, премногу глупав.. Да сте кумановец ќе го приметите тоа уште веднаш по раѓањето, само жива среќа кумановците се полни со патриотизам за својот град, а градот е сепак префинет за нив, повеќето од нив повеќе се за у планина него за у градот..
 
Прилепски,битолски и кумановски.Одвратни ми се.
 
Ниту еден не ме нервира, ама Кумановскиот најмногу го сакам, колку само хумор има во него, и сериозни работи кажани на Кумановски ми звучат смешно :pos2:. Најпозитивен дијалект:smir:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom