Филмски вести

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Еден од култните филмови во деведесеттите кој на светот им ги презентираше Жан Рено, Натали Портман и Лук Бесон - 14 години подоцна ќе добие свое продолжение.

leon.jpg

Разговарајќи со новинарите од магазинот People, Натали Портман изјави дека добила понуда да сними продолжение на легендарниот филм на Лук Бесон од 1994 година "Leon" (или некаде познат како "Leon The Professional").
Натали имаше се на се 12 годинки кога маестрално ја одигра улогата на малата Матилда и признава дека со задоволство би глумела и во продолжението.
"Наредниот филм кој ќе го снимам веројатно ќе биде во соработка со Лук Бесон. Го прочитав сценариото и е одлично. Го одложив сопствениот одмор за да започнеме со снимање што побргу. Единствениот проблем е што ќе мора да одам во теретана за да се доведам до физичка форма подобра од сегашната - кога не можам сама да си ги врзам врвките на патиките".
Натали, ние ќе ти ги врзуваме врвките, ќе ти спремаме ручек и ќе ти миеме садови, ќе ти ги масираме стапалата...само речи "да". Се во името на седмата уметност!




Извор: www.kajgana.com
Супер тоа само да не го заебат како и повеќето од продолженијата на некои филмови.Жан Рено и неговата улога во првиот дел е нешто надвор од оваа планета, вонвременско, дефинитивно еден од најдобрите филмови што сум ги гледал.
 
и јас се надевам дека така ке биде но сепак не се знај се е можно....
 
Канал 5 се‘ повеќе и повеќе ме изненадува во изборот на филмови, ептен нови филмови прикажуваат за разлика од другите филмови.

Ете премиерно во недела во 20.55 ќе се емитува филмот од 2008, Две сестри за кралот (The Other Boleyn Girl)

200px-Other_boleyn_girl_post.jpg


Двете сестри Ана и Мери Болејн се водени од својот амбициозен татко, како и од вујкото, да ги засилат моќта и статусот на семејството, така што ќе го привлечат интересот на кралот на Англија. Живеејќи дотогаш едноставен селски живот, девојките ќе бидат турнати во опасниот свет на дворскиот живот. Во остварувањето на задачата, да помогнат во општественото интригантен свет на семејството, односот на Ана и Мери се развива во сурово ривалство меѓу сестрите за да ја добијат љубовта на кралот. Во почетокот, Мери ја освојува наклоноста на кралот Хенри и станува негова љубовница, па дури и забременува со негово незаконско дете. Но, итрата и помудра Ана бестрашно застанува наспроти двете жени во животот на кралот, својата сестра и законската сопруга на Хенри Осми , кралицата Катарина од Арагон. И покрај нежните чувства кон Хенри што се развиваат кај Мери, нејзината сестра Ана е решена да оди докрај. Ана нема да запре се додека на стане кралица на Англија. Додека двете девојки од Болејнови се борат за љубовта на кралот – едната водена од амбиција, а другата од искрените чувства – на Англија и се заканува распарчување. И покрај драматичните последици, девојките Болејн наоѓаат сила да ја пронајдат лојалноста една кон друга и да ја задржат својата сестринска врска.
 
Rebels/Бунтовници

Rebels-Бунтовници

Познатата серија за млади Rebeldeway ќе добие и своја американска верзија,продуцирана од популарната пеачка и актерка Џенифер Лопез.Телевизискиот гигант ФОКС веќе е во подготовка на адаптацијата на аргентинското сценарио во кое како продуценти ќе се најдат Џеј Ло и Сајмон Филдс (Nuyorican Productions), а како извршен продуцент ќе работи Дјун Адлер (креаторката на сериите “Save the Last Dance” и “Step Up”).
Содржината веќе на сите ни е добро позната,четири млади и бунтовни студенти од престижната академија “Elite Way School” ќе се обединат заедно и ќе формираат познат бенд.
Дејствието ќе заземе локации (каде ако не) во Лос Анџелес,а Џенифер размислува дали да прифати да ја глуми Соња Реј.
Со прикажување започнува во септември.​
 
А тоа ќе биде серија ? ..:uvo: е како сеа Џеј Ло ќе глуми тинејџерка..

а и веќе нема да е интересна приказната, тоа ќе е веке трет пат преработка на истата.. затоа што сега излегна и втора верзија (ја даваат на К-15 и Nova TV) :tapp:
 
Со оглед на тоа што серијава сега почнува да се снима, а премиерата своја ќе ја има...септември? Ќе го префрлам ова во Филмски вести, затоа што најсоодветно таму му е местото.:smir:
 
Нема Џеј Ло да глуми тинејџерка, зашто ќе ја глуми Соња Реј, која беше мајката на Марица.

Ви секој случај, сакам да видам за што се работи, може ќе биде интересно.
 
Најмногу го чекам Шиндлеровата листа, на Нова ќе го дават, во циклусот на Оскаровци :vozbud::vozbud: во текот на овие две недели :pipi:
 
Fredi Kruger is back..

Продуцентот кој е одговорен за враќањето на "Тексашкиот масакр со моторна пила" и "Петок 13-ти", на големите екрани го враќа и легендарниот фраер.
fredi.jpg

Продуцентот Бред Фулер го најави враќањето на легендарниот хорор-лик Фреди Кругер откривајќи дека "не може да живее" од повиците на познатите актери кои би сакале да го глумат во новиот филм.
"Најлудо е тоа што ме бараат актери од голем калибар и квалитет кои очајно сакаат да ја добијат улогата, што никогаш не ни се случило додека ги работевме старите филмови и тоа е едноставно неверојатно", изјави Фулер.
Актерот Роберт Енглунд кој досега го глумеше Фреди Кругер 8 пати, нема да се појави повторно во таа улога. Неодамна изјави дека со задоволство би бил дел од новиот филм, но само во некоја епизодна улога. Токму затоа, веќе се бара новиот актер кој ќе влезе во телото на Фреди, а како најсериозен кандидат се споменува Били Боб Торнтон.
Вес Крејвен, режисерот и сценаристот на првиот филм од 1984-та година, во новото продолжение веројатно ќе се појави како извршен продуцент.


Prv Pogled na novite TRANSFORMERI.


Конечно, се појави и трејлерот за новиот блокбастер "Transformers: Revenge of the Fallen". Режисерот Мајкл Бел вели дека првиот трејлер е само почеток на воведот во "вистинското дејство".
"Почекајте до следниот трејлер, ќе ви покажеме толку многу роботи, што нема да ви се верува колку ги има".
Снимањето на филмот со буџет од 200 милиони долари летоска беше привремено прекинато. Во кино салите, филмот премиерата ќе ја доживее во јуни годинава, а до тогаш, погледнете го трејлерот.


Sopranovi bez CENZURA!



Признаваме, ги сакаме Сопранови. Всушност, ги сакавме првите неколку сезони, додека не ја споделија судбината на секоја друга серија, одејќи неколку скалила подолу на нивото на "нежност".
sopranovi.jpg

Се сеќавате ли на првата епизода на Сопранови, додека ја чекавте премиерата на некоја од телевизиите кои ги пренесуваа? Одамна беше тоа, во времето кога претежно интернетот беше достапен преку dial-up врски и беше практично невозможно да се симнуваат серии преку торенти како денеска, па мораше да се чека секоја недела за да се гледаат нови епизоди од некои сериски филмови. Во случајот на Сопранови, се исплатеше.
Она што посебно ни се допадна во таа серија, а и во поголемиот број на странски серии е нешто што фали во нашата продукција, а се вика "карактеризација на ликовите". Секој од овие ТВ мафијаши во Сопранови зборува и се однесува така да не би посакале да го сретнете во некоја темна уличка. Иако никогаш не сме виделе вистински американски гангстери, не се сомневаме дека се однесуваат слично на Тони Сопрано и екипата.
Е сега, многу важен дел од секојдневната комуникација кај мафијашите е пцуењето. Пцовките се составен дел на реченицата, се користат наместо интерпункција и ликовите ги прават поживи и поуверливи.
Режисерот Виктор Соломон се потруди и ја извлече секоја (ама баш секоја) пцовка од секоја епизода на Сопранови и ја стави во еден филм кој е долг неверојатни 27 минути. Повелете, погледнете го, но затворете ги ушите доколку сте помлади од...што знам, 12 години?

Sopranos Uncensored


Pacino kako Kralot Lir

krallir2.jpg

Пет години по улогата во "Венецијанскиот трговец", Aл Пачино повторно ќе глуми во адаптација на едно од Шекспировите дела. Режисер на филмот ќе биде Мајкл Радфорд.
Продуцентот на "Крал Лир" Бери Навиди откри дека му требале години за да го наговори Пачино да ја прифати ролјата која досега низ историјата ја глумеле актерски великани како Лоренс Оливие, Орсон Велс и Сер Иан Меккелен.
"На Ал оваа улога му е нудена многу пати, но не се чувствуваше доволно подготвен за да ја изведе. Сега е спремен. Филмот верно ќе го прати временскиот период во кој е сместено дејствието, ќе има класичен изглед исто како и "Венецијанскиот трговец". Мајкл Радфорд смисли одлична адаптација и Ал и јас, "паднавме" на предизвикот", изјави Навиди.
Истата екипа на актер, продуцент и режисер го создаде и "Венецијанскиот трговец", во кој Пачино ја имаше улогата на евреинот лихвар Шајлок, а покрај него во филмот се појавија и Џереми Ајронс и Џозеф Фајнс.
Снимањето на "Крал Лир" би требало да почне при крајот на оваа година, на засега непозната локација во Европа.



izvor: www.kajgana.com
 
Круз станува руски агент

kruz.jpg

Откако во филмот "Valkyrie" облече нацистичка униформа, Том Круз е во преговори за улога на руски агент во трејлерот "The Matarese Circle", кој е базиран на романот на Р. Лудлум.

Том Круз е во завршна фаза од преговорите за улогата на Василиј Телењеков, смртниот непријател на американскиот шпиун Брендон Скофилд, кој би требало да го игра Дензел Вашингтон.
Режисерската палка во оваа адаптација на романот на Роберт Лудлум ја прифати канадскиот режисер Дејвид Кроненберг.
Веќе се претпоставува дека "The Matarese Circle" би можело да стане мегахит.




Вил Смит е најрентабилен актер



Ѕвездата на филмовите "Мan in Black" и "I Am Legend" е на врвот на листата на Форбс која го мери финансискиот успех на актерите. Во чекор го следат Џони Деп, Леонардо Ди Каприо, Бред Пит и Анџелина Џоли.
will.jpg

Околу 150 членови на забавната индустрија учествуваа во Форбсовата анкета, а во изборот за гласање им беа понудени повеќе од 1400 актери и актерки.
Финалната листа е всушност комбинација на повеќе фактори како финансискиот успех на филмовите низ кино салите, способноста за привлекување дистрибутери и спонзори, како и тоа колку нивното појавување во филмот придонесува за неговата поголема гледаност.
Смит доби совршена 10-ка, победувајќи ги холивудските икони Џони Деп, Лео ДиКаприо, Бред Пит и Анџелина Џоли - актери кои со еднаков резултат од 9.89 го делат второто место.
Најплатената десеторка ја комплетираат Том Хенкс, Џорџ Клуни, Дензел Вашингтон, Мет Дејмон и Џек Николсон.


www.kajgana.com
 
Ангели и демони

Angels_and_demons.jpg

Месец дена пред големата премиера на дологочекуваниот филм на Рон Хауард, еве тема за коментирање и прогнозирање на тоа како ќе изгледа филмот и дали оние кои ја прочитале книгата, очекуваат дека тимот кој го работи истиот, ќе ја долови возбудата и напнатоста од истоимениот роман на Ден Браун, по кој секако е адаптирано сценариото за филмот?!Филмот е сниман на локации во Рим и Лос Анџелес, а главните улоги ги играат Том Хенкс, Иан Мекгрегор и др.
Трејлер:
 
:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
Едвај чекам,ќе се нацртам таму уште на премиерата.
Осеќам дека ќе биде многу поморничав филмот од книгата.
Can't wait..:vozbud:
 
Uhm се надевам дека ќе биде малку подобар од филмот за da vinci code.
 
Преместено во соодветна тема.
Ќе ја поставам за важна.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom