Fredi Kruger is back..
Продуцентот кој е одговорен за враќањето на "Тексашкиот масакр со моторна пила" и "Петок 13-ти", на големите екрани го враќа и легендарниот фраер.
Продуцентот Бред Фулер го најави враќањето на легендарниот хорор-лик Фреди Кругер откривајќи дека "не може да живее" од повиците на познатите актери кои би сакале да го глумат во новиот филм.
"Најлудо е тоа што ме бараат актери од голем калибар и квалитет кои очајно сакаат да ја добијат улогата, што никогаш не ни се случило додека ги работевме старите филмови и тоа е едноставно неверојатно", изјави Фулер.
Актерот Роберт Енглунд кој досега го глумеше Фреди Кругер 8 пати, нема да се појави повторно во таа улога. Неодамна изјави дека со задоволство би бил дел од новиот филм, но само во некоја епизодна улога. Токму затоа, веќе се бара новиот актер кој ќе влезе во телото на Фреди, а како најсериозен кандидат се споменува Били Боб Торнтон.
Вес Крејвен, режисерот и сценаристот на првиот филм од 1984-та година, во новото продолжение веројатно ќе се појави како извршен продуцент.
Prv Pogled na novite TRANSFORMERI.
Конечно, се појави и трејлерот за новиот блокбастер "Transformers: Revenge of the Fallen". Режисерот Мајкл Бел вели дека првиот трејлер е само почеток на воведот во "вистинското дејство".
"Почекајте до следниот трејлер, ќе ви покажеме толку многу роботи, што нема да ви се верува колку ги има".
Снимањето на филмот со буџет од 200 милиони долари летоска беше привремено прекинато. Во кино салите, филмот премиерата ќе ја доживее во јуни годинава, а до тогаш, погледнете го трејлерот.
Sopranovi bez CENZURA!
Признаваме, ги сакаме Сопранови. Всушност, ги сакавме првите неколку сезони, додека не ја споделија судбината на секоја друга серија, одејќи неколку скалила подолу на нивото на "нежност".
Се сеќавате ли на првата епизода на Сопранови, додека ја чекавте премиерата на некоја од телевизиите кои ги пренесуваа? Одамна беше тоа, во времето кога претежно интернетот беше достапен преку dial-up врски и беше практично невозможно да се симнуваат серии преку торенти како денеска, па мораше да се чека секоја недела за да се гледаат нови епизоди од некои сериски филмови. Во случајот на Сопранови, се исплатеше.
Она што посебно ни се допадна во таа серија, а и во поголемиот број на странски серии е нешто што фали во нашата продукција, а се вика "карактеризација на ликовите". Секој од овие ТВ мафијаши во Сопранови зборува и се однесува така да не би посакале да го сретнете во некоја темна уличка. Иако никогаш не сме виделе вистински американски гангстери, не се сомневаме дека се однесуваат слично на Тони Сопрано и екипата.
Е сега, многу важен дел од секојдневната комуникација кај мафијашите е пцуењето. Пцовките се составен дел на реченицата, се користат наместо интерпункција и ликовите ги прават поживи и поуверливи.
Режисерот Виктор Соломон се потруди и ја извлече секоја (ама баш секоја) пцовка од секоја епизода на Сопранови и ја стави во еден филм кој е долг неверојатни 27 минути. Повелете, погледнете го, но затворете ги ушите доколку сте помлади од...што знам, 12 години?
Sopranos Uncensored
Pacino kako Kralot Lir
Пет години по улогата во "Венецијанскиот трговец", Aл Пачино повторно ќе глуми во адаптација на едно од Шекспировите дела. Режисер на филмот ќе биде Мајкл Радфорд.
Продуцентот на "Крал Лир" Бери Навиди откри дека му требале години за да го наговори Пачино да ја прифати ролјата која досега низ историјата ја глумеле актерски великани како Лоренс Оливие, Орсон Велс и Сер Иан Меккелен.
"На Ал оваа улога му е нудена многу пати, но не се чувствуваше доволно подготвен за да ја изведе. Сега е спремен. Филмот верно ќе го прати временскиот период во кој е сместено дејствието, ќе има класичен изглед исто како и "Венецијанскиот трговец". Мајкл Радфорд смисли одлична адаптација и Ал и јас, "паднавме" на предизвикот", изјави Навиди.
Истата екипа на актер, продуцент и режисер го создаде и "Венецијанскиот трговец", во кој Пачино ја имаше улогата на евреинот лихвар Шајлок, а покрај него во филмот се појавија и Џереми Ајронс и Џозеф Фајнс.
Снимањето на "Крал Лир" би требало да почне при крајот на оваа година, на засега непозната локација во Европа.
izvor:
www.kajgana.com