Боливудскиот аутсајдер ги собра Златните глобуси
Голем победник на овогодинешното доделување на Златните глобуси е британско-индискиот филм "Slumdog Millionaire", а Кејт Винслет ја заврши вечерта со дури двe престижни награди.
Екранизацијата на романот на индискиот дипломат Викас Сваруп за момчето од сиромашен кварт кој станува ѕвезда на ТВ кбиз собра дури четири награди, оставајќи им ги празни рацете на фаворитите како
The Curious Case of Benjamin Button, Doubt и
Frost/Nixon.
Slumdog Millionaire освои награди за најдобар драмски филм, за најдобра режија (Питер Бојл), за најдобро сценарио и најдобра оригинална музика.
Кејт Винслет освои два Златни глобуси - улогата во филмот
Revolutionary Road и ја донесе наградата за најдобра актерка во филмска драма, а контроберзната улога во
The Reader и ја донесе наградата за најдобра споредна женска улога. Примајќи ја наградата, Винслет длабоко му се заблагодари на својот партнер Леонардо Ди Каприо, со кој ја стекна славата пред единаесет години глумајќи во Титаник. Исто така, му се заблагодари и на својот сопруг Сем Мендес кој го режираше филмот.
Настапот во филмот
The Wrestler на заборавената ѕвезда
Мики Рурк освен што му донесе враќање на сцената, му донесе и Златен глобус за најдобар актер во филмска драма.
Филмот
Vicky Cristina Barcelona во режија на прославениот
Вуди Ален беше награден со Златен глобус за најдобар филмски мјузикл или комедија. Со титулата најдобар актер во комедија се закити
Колин Фарел за улогата на платен убиец во филмот
In Bruges.
Улогата на вечна оптимистка во филмот
Happy-Go-Lucky на
Хилари Свонк и донесе Златен Глобус за најдобра актерка во комедија.
Како најдобар анимиран филм награден е
WALL-E. За најдобра мини серија прогласена е
John Adams која претставува биографија на истоимениот американски претседател.
Извор: www.kajgana.com