Филмски вести

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Friday The 13 - римејков излегува на 13.02.2009
Во главните улоги се Jared Padalecki и Derek Mears. Џејсон во овој филм се претпоставува да е преувеличен во потезите и слично.
Еве постер
teaserposter1.jpg
 
Холивуд очигледно е без идеи па удрија на снимање римејк филмови(или глупи продолженија на одлични филмови).:tapp:
 
2012

Па редно беше после толку клипови и тракатанци за оваа фамозна година да излези и филм.

John Cusack во главната улога во научната фантастика за катаклизмата во 2012 година. Филмот треба да излези на 10 јули оваа година.

Шо мислите? Ќе биди нешто арно?
 
Ајде баш да видиме што филм ќе биде овој. Некако не очекувам многу, ама сепак John Cusack е одличен глумец, еден од моите омилени па мора да се гледа.
 
Само со бројки прави филмови Кузак... 1408, 2012.. :) Одличен глумец и се надевам на исто таков филм.
 
Ќе видиме каков ќе е...Според сето тоа кажано за 2012 би требало да е добар..:toe:
 
чим ќе биде со John Cusack тогаш сигурно е добар филмот.
а за филмот 1408 го гледав вчера и можам да кажам дека филмов навистина е морничав,и е многу добар.
 
А за каква катаклизма станува збор?

Сигурно не за катаклизма комунизма како што пее Рамбо Амадеус,пак ке биде некој метеор или нуклеарна бомба активирана по грешка...
 
Овој филм го прави мојот омилен режисер за вакви теми а тоа е Роланд Емерик (Денот на независноста, Денот после утрешнината) иако 10,000 г.п.н.е не ми се допадна очекувам ова да биде право ремек дело...

Теазер трејлер:
 
Темава и стои за филмски вести. Филмот уште не е ни излезен, нема да дискутираме за трејлерот и за Џон Кјузак. Слободно овде може да продолжи дискусијата, затоа што сепак теми за одредени филмови не опстојуваат многу, особено за не многу познати и оние кои не ја доживеале уште својата премиера.
 
Сигурно не за катаклизма комунизма како што пее Рамбо Амадеус,пак ке биде некој метеор или нуклеарна бомба активирана по грешка...
Ете го и трејлерот во меѓувреме... водата била "катаклизмата" која ќе не снајде во 2012та, сега само се чудам која ќе биде причината за тоа, баш ме копка приказната на филмов :)
 
Темава и стои за филмски вести. Филмот уште не е ни излезен, нема да дискутираме за трејлерот и за Џон Кјузак. Слободно овде може да продолжи дискусијата, затоа што сепак теми за одредени филмови не опстојуваат многу, особено за не многу познати и оние кои не ја доживеале уште својата премиера.

Се сложувам за оваа идеја, најдобро е да се отвараат теми само за филмови од порано или пак веќе излегле, а не овие кои сеуште се снимат или се во пред/пост-продукција :smir:
 
Боливудскиот аутсајдер ги собра Златните глобуси

Голем победник на овогодинешното доделување на Златните глобуси е британско-индискиот филм "Slumdog Millionaire", а Кејт Винслет ја заврши вечерта со дури двe престижни награди.
globusi_2_0.jpg

Екранизацијата на романот на индискиот дипломат Викас Сваруп за момчето од сиромашен кварт кој станува ѕвезда на ТВ кбиз собра дури четири награди, оставајќи им ги празни рацете на фаворитите како The Curious Case of Benjamin Button, Doubt и Frost/Nixon.
Slumdog Millionaire освои награди за најдобар драмски филм, за најдобра режија (Питер Бојл), за најдобро сценарио и најдобра оригинална музика.
globusi1.jpg

Кејт Винслет
освои два Златни глобуси - улогата во филмот Revolutionary Road и ја донесе наградата за најдобра актерка во филмска драма, а контроберзната улога во The Reader и ја донесе наградата за најдобра споредна женска улога. Примајќи ја наградата, Винслет длабоко му се заблагодари на својот партнер Леонардо Ди Каприо, со кој ја стекна славата пред единаесет години глумајќи во Титаник. Исто така, му се заблагодари и на својот сопруг Сем Мендес кој го режираше филмот.
Настапот во филмот The Wrestler на заборавената ѕвезда Мики Рурк освен што му донесе враќање на сцената, му донесе и Златен глобус за најдобар актер во филмска драма.
Филмот Vicky Cristina Barcelona во режија на прославениот Вуди Ален беше награден со Златен глобус за најдобар филмски мјузикл или комедија. Со титулата најдобар актер во комедија се закити Колин Фарел за улогата на платен убиец во филмот In Bruges.
Улогата на вечна оптимистка во филмот Happy-Go-Lucky на Хилари Свонк и донесе Златен Глобус за најдобра актерка во комедија.
Како најдобар анимиран филм награден е WALL-E. За најдобра мини серија прогласена е John Adams која претставува биографија на истоимениот американски претседател.


Извор: www.kajgana.com
 
Ќе се снима продолжение на Леон?

Еден од култните филмови во деведесеттите кој на светот им ги презентираше Жан Рено, Натали Портман и Лук Бесон - 14 години подоцна ќе добие свое продолжение.

leon.jpg

Разговарајќи со новинарите од магазинот People, Натали Портман изјави дека добила понуда да сними продолжение на легендарниот филм на Лук Бесон од 1994 година "Leon" (или некаде познат како "Leon The Professional").
Натали имаше се на се 12 годинки кога маестрално ја одигра улогата на малата Матилда и признава дека со задоволство би глумела и во продолжението.
"Наредниот филм кој ќе го снимам веројатно ќе биде во соработка со Лук Бесон. Го прочитав сценариото и е одлично. Го одложив сопствениот одмор за да започнеме со снимање што побргу. Единствениот проблем е што ќе мора да одам во теретана за да се доведам до физичка форма подобра од сегашната - кога не можам сама да си ги врзам врвките на патиките".
Натали, ние ќе ти ги врзуваме врвките, ќе ти спремаме ручек и ќе ти миеме садови, ќе ти ги масираме стапалата...само речи "да". Се во името на седмата уметност!




Извор: www.kajgana.com
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom