Фан Клуб: Philadelphia 76ers

  • Креатор на темата Креатор на темата Fantom
  • Време на започнување Време на започнување
Се споменуваше за Бајнам дека ќе се врати после Ол стар натпреварот, ама што знам, нема некој оптимизам во тие изјави. А и ти како што рече, не се знае после повредата во каква форма ќе е, ако воопшто има некоја форма.
Тимот ни е доста млад и доста надежен, со добра работа мислам дека наредните сезони местото во плеј оф ќе ни е загарантирано, ако се одземе Џејсон Ричардсон и Кваме Браун, другите се многу млади деца, ми влева надеж играта на Џру Холидеј, па и Тадеус и Ник Јанг. Со уште некое засилување за наредна сезона ќе сме супер. И да не не снајдат повреди големи.
А оваа секако е отидена во неповрат.
 
Почнал да чувствува болки пак, а не ни почнал да тренира со тимот, сеуште индивидуално.
Имав многу надеж во Џеј Рич, дека ке биде лидер на екипата како најискусен, дека ке пуца тројки ама ништо (n). Не му тргна шутот цела сезона освен можда првите утакмици, сеа и се повреди и ништо и од него.
Холидерј, Тад и Еван мора да бидат јадрото на овој тим. Мислам дека Еван никако не смее да се трејда, имаште такви шпекулации деновиве, дечкото има голем потенцијал во него, универзален играч е од типот на Леброн, какви што има малку во лигава, само мора малку повеке конзистентност и мислам дека ке биде супер.
Н.Јанг има потенцијал да биде најдобар шести играч во НБА, ама мора малку посериозно да ја сфати работава, го глеам цело време се смешка, све му е равно, не се труди многу, а и самиот Колинс го критикуваше дека не игра воопшто одбрана. Ако се уозбили и ако не бара многу пари за следни сезона ке биде одличен.
 
Ја ќе речам дека голема утка направија шо ги дадоа Игудала и Вилијамс а не земаа ништо, бидејќи Ричардсон и Бајнам сезонава не ги сметам како засилувања од едноставна причина шо Ричардсон игра во просек по околу 30 минути а постигнува по околу 7-8 поени, а Бајнам заборавив како изгледа.
 
967965.jpg

Еве да се потсетиш :icon_lol:
Изгледа дечково се занел ептен у улогата лидер на тимот, па дури и Ален :cuc: почна да го копира со фризурата...а нема ни еден натпревар изиграно:cautious:
 
Здраво дечки, еве уште еден голем фан на 76ерси и тоа од поодамна. Ги следам секојдневно во најдлабоки детали по најдобрите американски блогови за филаделфија, и со оглед на катастрофалниот развој на сезоната, не ни преостанува ништо освен да планираме за иднината.

Што мислите која е најдобрата опција за враќање на Филаделфија на шампионските патеки? Со оглед на ситуацијата со драфтот, можам слободно да кажам дека најдобра варијанта е трејдање на сите играчи освен Holiday и Thad Young за пикови на драфтот и тешко тенкање следната сезона, кога се очекува да има многу силна драфт генерација за разлика од оваа. Друг излез ми се чини дека нема... Освен ако Bynum мистериозно се опорави, потпише и стане доминантниот центар кој се надевавме дека ќе биди.
 
Јас ке ископирам нешто што напишав пред месец дена кога накратко се збореше за Фили во НБА темата :icon_mrgr:

Ме фативте сега за јазик, ретко се збори за Сиксери на темава, мора да се напише едно рефератче :rolleyes:

Во врска со трејдот, Фили според мене направија одличен трејд. Го донесоа најдобриот прав центар(под ова подразбирам играч што може да игра свртен со грб) во лигата, и донесоа одличен шутер и одбранбен играч и воедно ветеран односно лидер кој им фали веке години уназад. Игудала мислам дека беше со право трејдуван, едноставно тимот нигде не оди со него како главен играч, он е во најдобар случај вториот играч во тимот, зборам за тим кој би бил во трка за титулата. Друга работа е што никој неможеше да предвиди дека Холидеј ке стане играч ипол сезонава. Исто така и за Вучевич никој неможеше да предвиди, ама тука има грешка поради тоа што на него воопшто не му беше дадено нeкоја позначајна минутажа, посебно на крај на сезоната, а у плејоф изигра точно 3 минути :cautious:. Иако не го сакам Бајнам, пошто е дете у главата уште и уште не сфака дека води организација вредно пола милијарда долари. Ама, јас сум за да го вратат и наредно сезона заради тоа што мислам дека ова со колената нема многу да му влијае пошто цела кариера да сега се соочува со тоа и последната сезона му беше најдобра, што значи не назадува. Со правилен третман, нормално и одмор кога треба мислам дека ке биде добар. Истово би го прифатил под услов да не зема максимална плата, туку највисоката бројка на плата да му биде околу 12-14 милиони. Реално, според мене, толку и заслужува со оглед на тоа дека е несериозен и цела сезона помина на трибини. Треба да се задржи костурот на екипата, добар центар, добар плеј и добри шутери, тоа е добитна комбинација како пред десетина година Шек во средина опкружен од одлични шутери во Хори, Фокс, Фишер и Коби.
Во врска со тренерот, Даг е одличен тренер и уште подобар учител. За мене, убедливо најдобриот тренер во НБА за млади играчи. Но, сезонава некако слабо ја води екипата. Најлошото нешто за тренер е да немаш идеја и незнаеш како да ги поправиш проблемите во твојата екипа, а уште полошо е да го изјавиш тоа јавно на прес конференција со безнадежен изглед во фацата, а он баш тоа го направи. Освен тоа би му забележал и тоа што може и мора многу повеке да извлече од Тарнер, дечкото е играч од типот на Леброн, го подобри шутот иако треба да работи уште, може да игра 3 позиции, одличен скокач е, јак, голем, само голем проблем му е самодовербата на тоа треба да поработи малку.
Јас лично би го задржал и Даг и Бајнам, другиот дел од тимот исто така повекето да, и секако се надевам на подобри денови на Фили :love:
--- надополнето: 16 април 2013 во 12:53 ---
Xsago Дај некое линкче од тие блоговите што ги читаш :) И јас читав бајаги до средина на сезона, ама како што почнаа да губам ме нервираа и ги баталив малку...:unsure:
 
Ме фативте сега за јазик, ретко се збори за Сиксери на темава, мора да се напише едно рефератче :rolleyes:

И јас веднаш ќе вратам со моите генерални размислувања за сегашноста и иднината на Сиксерси :)

1. Трејдот
За големиот трејд за Bynum нема што многу да се каже. И од сегашна гледна точка е правилна одлука. Не е спорно дека Iguodala е одличен играч, како и дека Vucevic и Harkless беа сосема солидни млади таленти. Но факт е дека за да се биде вистински кандидат за титула најчесто се потребни играчи од највисок ранг, играчи какви што има 15тина во целата NBA - играчи како Bynum. И јас не го сакам Bynum заради неговото однесување, но факт е дека кога е здрав е можеби и најдобриот центар во лигата воопшто, а за во напад нема ни конкуренција. Vucevic, Harkless и пикот кој се уште го должат на Орландо никогаш нема да бидат толку добри играчи. А со Iguodala максимумот се постигна минатата сезона и мислам дека повеќе од тоа не беше возможно.

2. Играчи
Генерално, од моменталната екипа, според мене има само 2 играчи кои вреди да се задржат долгорочно и кои можам да ги замислам во иден шампионски тим: Jrue Holiday и Thaddeus Young. И двајцата се солидни играчи, млади и потпишани на долгорочни пристојни договори. Сите други може слободно да се продадат за било што, што може да има долгорочен ефект - се надевам некој пик на драфтот. Можеби може нешто да излезе од Moultrie ќе видиме, ама не сум голем оптимист. Allen е солиден за резерва, ама тимот е далеку од тоа да бара резерви. Hawes има специфичен стил на игра, може да биде корисен, но едноставно не може да биде стартен центар - премногу е нежен и бега од било каков контакт, што и тоа како пречи во одбрана. И за крај Turner - еден од најуникатните играчи во лигата, кој сеуште не можам да сфатам каков играч ќе излезе од него. Не е до толку млад, и мислам дека треба да се продаде додека може нешто да се земи за него. Има специфична игра која може да биде корисна, но неговиот однос кон утакмиците (карање со судии и нишање на главата сам со себе наместо да се враќа во одбрана) е недозволив. Ефикасноста му е на катастрофално ниво и тоа го прави скоро неупотреблив моментално. Другите главно се слободни агенти и сигурно ќе си заминат без компензација и онака, па не вреди да се коментира. Wright ќе е добро да остане ако потпише Bynum, ама не верувам.

3. Управа
Collins за жал најверојатно ќе си оди, па ќе биде потребен нов тренер. Јас генерално го поддржував и сметам дека е одличен тренер, но се чини тој е веќе историја. Можен е и нов генерален менаџер, иако и постоечкиот DiLeo не мислам дека е лош. Новите газди засега се покажаа според мене солидно и имам доверба во нив.

4. Стил на игра
Ова е она што кај повеќето фанови на Филаделфија најмногу се расправа. Во принцип последниве години, постојано одбраната е солидна, што е одлично, но нападот е застарен и еден од најлошите во лигата. Главна причина за тоа се малкуте кошеви од paint-от и малкуте тројки, наспроти голем број на неефикасни "долги двојки". Можно е да се подобри ова со новиот тренер, ќе видиме дали било до Collins. Идејата за одличен плеј и во напад и во одбрана - Holiday, одличен центар, особено во напад - Bynum и шутери на крилата (Wright, Richardson, N.Young...) беше одлична идеја, но за жал никогаш не ја видовме. А со оглед дека колената на Bynum според неофицијални информации се во многу лоша состојба, тешко и дека било кога ќе ја видиме. Тоа е - малер...

5. Размислувања за иднината
Во принцип тимот е во многу тешка ситуација. Нема звезди, нема висок пик на драфтот, нема ни многу играчи кои вредат нешто за да бидат трејдани. Според мене најдобра опција е да се издржи уште една уште полоша сезона од оваа со само Holiday, Thad Young и десетина деца собрани од улица :). Идната сезона има големи таленти на драфтот (за разлика од овој) и одлично би им дошол еден топ 5 пик тогаш.

@Xsago Дај некое линкче од тие блоговите што ги читаш :) И јас читав бајаги до средина на сезона, ама како што почнаа да губам ме нервираа и ги баталив малку...:unsure:

Еве ти ги според мене најдобрите места за детално информирање за се што се случува околу 76ерс:

1. Depressed Fan - блог кој последно време не е толку активен како лани но има многу солидни постери кои ја разбираат кошарката - http://www.depressedfan.com/
2. Liberty Ballers - убедливо најактивен блог за 76ers, имаат 10мина кои пишуваат постојано текстови и многу голема заеница, а многу често имаат и забавна содржина врзана со екипата, особено во вакви времиња кога самиот тим е многу депресивен - http://www.libertyballers.com/
3. RealGM - форум кој има доста активен дел посветен за 76ерс, доста стар и со многу одлични познавачи на екипата - http://forums.realgm.com/boards/viewforum.php?f=26
4. Hoop76 - нов блог, кој е врзан со ESPN, гледам имаат сосема солидни познавања за тимот и вреди повремено да се следи, ама засега нема луѓе кои коментираат - http://hoop76.com/

Има и други места каде може човек да се информира, но според мене овие се најдобрите, особено првите 2.

Ако има по некој интересен напис за Филаделфија било каде ќе пробам да ги постувам линковите овде, за ако има некој заинтересиран да си прочита :)

Хех, ептен долго излезе ова, ама јбг да се претставам :)
 
Добра анализа, се гледа дека ги следиш (y).
Добро напишано за играта, Колинс секоја утакмица се жали дека нема влезови и има премногу долги двојки, а сепак тој е тој што ја прави тактиката...Ако дојде нов тренер, ке видиме дали така ке остане тоа.
Инаку ставај тука интересни ствари што ке најдеш за Фили, можда ке разбудиме и некој од другите фанови :D
 
Досега 3 опции за следен тренер на 76ерс се спомнати по медиумите во Америка:

Michael Curry - досегашниот асистент на Doug Collins
Mike Brown - кој отпаѓа од конкуренција со оглед дека се договори со Кливленд
Brian Shaw - Еден од подобрите асистенти во лигата (моментално во Индијана), кој долго се заговара да стане и главен тренер
 
Гледав на некои fan page на facebook, како би можел да изгледа тимот следната сезона. И една од желбите беше нешто вака:

PG Holiday, SG JR Smith, SF Turner, PF Young, C Al Jefferson

А, како шести играч се спомнува Nate Robinson шо мене ми изгледа доста солидно за шесто место у регуларен дел. Ама пак ќе кажам, ова се само желби кои не значи дека ќе се оствари.
 
Јас сум за Кари да биде. Човекот е тука неколку години, ги знае играчите, тој е најодговорниот за одбраната, се надевам дека ке најмат некој добар асистент за нападот да профункционира конечно.

Дали Колинс ке остане на некоја функција во клубот?
 
Да, ќе биде конслутант на газдата. Што и да значи тоа.

Јас не сум за Curry. Потребна е свежа крв со модерни сфаќања за играта, со разбирање на новите напредни статистики и аналитика кои ја движат NBA во моментов. Curry не е тоа.

Brian Shaw кој е спомеат досега, е сосема солиден кандидат од друга страна.
--- надополнето: 24 април 2013 во 07:02 ---
Гледав на некои fan page на facebook, како би можел да изгледа тимот следната сезона. И една од желбите беше нешто вака:

PG Holiday, SG JR Smith, SF Turner, PF Young, C Al Jefferson

А, како шести играч се спомнува Nate Robinson шо мене ми изгледа доста солидно за шесто место у регуларен дел. Ама пак ќе кажам, ова се само желби кои не значи дека ќе се оствари.

Аууу, само ова не. Ќе го уништат тимот за следните 5 години. Се што ќе направат JR Smith и Al Jefferson е да го вратат тимот онаму каде што беше на 50% победи. Полоша идеја од оваа здравје.

Она што е многу битно ова лето е да издржат и да не си ја уништат финансиската ситуација со потпишиување на второкласни играчи како овие. Никогаш нема да освојат титула со нив...
 
Џеј Ар е одличен играч, тоа го докажува сезоната. Можеби во минатото имаше проблеми со дисциплина, неконстантност ама сезонава е...А по тоа што го гледам многу го ценат и во дефанзива. Џеферсон во овој случај би бил играчот кој би требало да ја носи франшизата на грб, ама он не е таков играч, мислам дека е далеку од тоа. Не го сакам него во Фили.
 
Гледав на некои fan page на facebook, како би можел да изгледа тимот следната сезона. И една од желбите беше нешто вака:

PG Holiday, SG JR Smith, SF Turner, PF Young, C Al Jefferson

А, како шести играч се спомнува Nate Robinson шо мене ми изгледа доста солидно за шесто место у регуларен дел. Ама пак ќе кажам, ова се само желби кои не значи дека ќе се оствари.
Пошто сум фан на Булси, за шестиот играч, Робинсон, уште се нема ништо одлучено, пошто со враќањето на Роуз, Тибодо ќе треба да одлучи кој да отпушти, Хајнрих или Робинсон, лично би сакал Робинсон да остани, едноставно ќе ми фали неговата енергија посебно во напад
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom