- Член од
- 17 ноември 2012
- Мислења
- 4.549
- Поени од реакции
- 5.305
Јас мислам ова е уште еден промашен трејд, уште еден во низата тотално промашени од трејдот на Ајверсон до сега. Никаков сенс за менаџирање нема управата. Тоа што ти го зборуваш, за пиковите, истата филозофија се тера уште од тогаш. Но, по две-три сезони, на крајот е исто, главниот играч се трејдува. И да добиеме на следниот драфт квалитетни играчи и плус Ноел да се рехабилитира и постане солиден играч, повторно по некоја сезона ќе го трејдуваат. Таман ќе се склопи квалитетен тим, ќе се оформи скелет, и играчот кој ја носи играта е трејдуван за никакви играчи. Истата приказна од Ајверсон па се до денес.
За Ајверсон го добивме Милер, Џо Смит и пик од втората рунда. Добивме само беден пласман во плеј-оф. Значи за еден од најдобрите играчи во лигата тој период, добиваш двајца ветерани од кои Џо Смит е срамота воопшто да се спомне во таква размена.
За Андре Игудала добивме Бајнам и Џејсон Ричардсон. Ниту во плеј-оф не се пласирафме, што и не е толку поразително кога ќе се земе предвид дека добивме двајца тотално бескорисни играчи. Бајнам тешко дека ќе заигра повторно кошарка, а од Џејсон Ричардсон повеќе од 10 поени тешко дека можеме да очекуваме во иднина. Промашен трејд, барем со Игудала имавме добра одбрана.
За Вучевич и Харклис, не сум сигурен што добивме, мислам ништо. Не знам дали беа вклучени во трејдот за Игудала, ако беа срамота. Сега Вучевич има просек од 11 скока и 13 поени (дабл-дабл играч), а Харклис е супер млад играч кој има добар потенцијал, засега просекот му е 8 поени и 4 скока.
И на крајот Холидеј, повторно ризик, повторно лидерот во екипата, млад играч со висок потенцијал и тоа за пик, повреден од слаб драфт, плус уште еден пик, од силен драфт, но искрено мене не ми се верува дека ќе добиеме некои од првите 15 пикови. Бидејќи Њу Орлеанс со Холидеј имаат силен тим кој сигурно ќе се квалификува во завшницата, а ништо чудно да ја пројде првата рунда.
Јас мислам дека треба да го шитнат или преместат клубот. Најсериозно.
Не се истите луге во управата сега и пред 6ипол години. Од тогаш се сменија 3 ГМ, а се сменија и сопствениците од оваа година. Значи скроз различни фаци се.
Неможе да не добиеме еден од први 15 пикови пошто со тоа автоматски би биле во плејоф. А овој тим(под претпоставка дека ке остане ваков, без некои големи измени) ке влезе во плејоф кога ке си го видам тилот. Со оглед на тоа како изгледа овој тим нема да ме чуди и да бидеме со најлош скор и со најголеми шанси за прв пик. Кај НО многу зависи дали ке остане Гордон или не. Не дека ке бидат којзнае колку јаки со него, ама се виде минатата сезона кога беше повреден колку фалеше. Ако остане и ако имаат добра сезона ништо чудно да завршиме и со некој 11-12 пик. Очекувам на нас да ни припаднат еден од првите пет пика, освен ако новиот тренер не направи чудо со овој тим. А за НО кажав од кого зависи.
За Игудала, според мене баш тој трејд беше неизбежен, а не овој. Игудала во тим кој би се такмичел за титула и би одел далеку во плејоф би бил трети, или во најдобар случај втори најдобар играч на тимот. А во Филаделфија беше прв. Ако сакаа да одат понатаму мораа да го трејдаат. Плус нема баш мала плата за играч што придонесува најмногу во дефанзива, а и не е баш млад.
Ништо од ова не е случај со Холидеј. Само што потпиша нов договор на 4 или 5 години со по 11 милиони плата и тоа од оние рамните договори, не му се зголемува платата со сезоните. Таква плата за ол стар играч и тоа на подолг рок е премија. И за разлика од Игудала, верувам дека Џру може да биде број еден во тимот, а со таква мала плата не ни има потреба, пошто ке имаше простор во селари капот за уште еден ол стар. Премногу е потценет дечкото, а стана играчиште. Не е лесно од обичен role player претходната сезона да станеш број еден играч во тимот. Колку само лошо почна, имаше по 6-7 изгубени топки по утакмица, ама се смири и покажа дека може да се потпре тимот на него. И тоа само на 22 години, опкружен со еден куп неконзистенти играчи, само Тед Јанг изигра на ниво, никој друг.
Не сакам ни да зборам за Ноел и каква коцка е да се потпира тимот на играчи што уште не наполниле 18 години...Во НБА немаш 10 години да чекаш играчи на драфт и да си правиш тимче како да си на НБА2К, едноставно тоа што го имаш асално мораш да го задржиш, а во овој случај Џру беше тоа.
Овој Хинки како да сака да си ја резервира работата за 5-6 години унапред. Ги трејдаше сите, најави дека наредната сезона ке биде шит, уште поверојатно и таа после неа и ке чекаме средношколциве од драфтот наредна година да станат возрасни па да ни го вивнат тимот во височините

Господ нека ни е напомош, највише на нас навивачите, пошто ние си кубеме коси кога губат
