Фан Клуб: Philadelphia 76ers

  • Креатор на темата Креатор на темата Fantom
  • Време на започнување Време на започнување
ваква серија не памтам од кузнае кога....одлична игра но сепак пак ќе речам...нека дојдат појаките тимови да се измериме со нив..вака сега тимот изгледа перфектно.....GO SIXERS!!
 
серијата продолжува,Филаделфија гази!!Уште една победа во серија(6-та) над Сакраменто со резултат 112-85.Најефикасни кај нас Brand со 21 поен и 10 скока,Holiday со 17 поени,Turner со 16 и Williams со 15 поени.Моментално сме на 3-то место со скор 7 победи и 2 порази.Следниот натпревар е веќе вечер и ќе биде вистински тест за нас...гостуваме кај Њу јорк.....GO SIXERS!!
 
Играте многу добро сезонава, тимски, многу слично како моите Блејзерси, затоа сте ми омилен тим од истокот, и мислам дека ако продолжат Сиксерс вака третото место во исток е многу реално, само уште да видиме против јаките тимови како ќе изиграат, и добар тренер имате. Лу Вилијамс ми се свиѓа од клупа како игра, а посебно Спенсер Хоус, многу добар шутерски центар
 
Можеби најдобар почеток на сезона, а ако денот по утрото се познава ќе биде и најдобра сезона на тимот веднаш после онаа 2001 од кога всушност и почнав да ги симпатишам. :icon_lol:
Го чекам само денот кога 76ers ќе станат повторно конкурентни за титула, ќе имаат еден предводник како тогаш Iverson и кога одеднаш сите ќе почнат да навијаат за тимот. Ама ако, нека им биде. Патем да ја остаам иднината на мира, сегашноста вика дека следни се NYK, вечерва. Тоа ќе биде трета утакмица у три дена. Понекад се прашувам дали ја сум само обичен смртник на планетава или играчите у NBA се примероци од друга планета на која живеат хомосапиенси како и на оваа на која живеам јас од моето раѓање. :)
Вечер реално може се да се очекува. Knicks имаат појаки поединци, ние иаме појак тим. Па затоа подобриот нека победи. GO SIXERS!!!
 
Пораз од NYK (79 - 85). Клучна беше 1/4 која ја изгубивме со 13 разлика негатива. Најдобри Iguodala (16поени, 6скока) и Brand со double-double (11поени, 10скока). Од клупа најдобар Turner(16поени, 7скока). Следните две утакмици се против Washington. Едната у петок, другата у сабота. Реално е да се очекува победа на двете со оглед на тоа у каква форма се сезонава овие од главниов град. :)
 
остварени се две победи во двата натпревари против Вашингтон...во првиот победа на домашен терен од 120-89 а во вториот победа на гостински терен со 90-103...со добрата игра и серијата победи Филаделфија се искачи на местото број 2 во источната конференција со скор 9-3,позади Чикаго кој има скор 12-2
 
Победа над Атланта со 90-76
Најдобар Јанг со 20 поени, а најпријатно ме изненади рукито Вучевич со 8 поени и 7 скокови!
Моментално Филаделфија е 4-та на истокот со скор 11-5 што е одлично:):):)Ајде нека продолжат со оваа игра и искрено се надевам на финале во дивизијата:):D
Let's go sixers:D
 
Уште еден фан на седумдешеските. :cool:
Фан сум на Филаделфија од пред 2-3 сезони, кога беа меѓу најслабите во лига. Или не? Даа бее, Ајверсон.
Како и сите, така и ја, ја засакав Филаделфија поради Ајверсон, пред повеќе од десетина години. :)

Тимот ни е топ, најсилна страна е squad depth-от т.е имаме многу квалитетни играчи, покрај добриот прв тим, една од најсилните клупи во лигата. Во последно време ни фалат поените на повредениот Хавс кој беше во одлична форма, ете ја најголемата причини за поразиве од Мајами и Денвер.

Сеа со Вашингтон не очекувам некоја огромна разлика како во првиот домашен дуел, се стабилизираа малце гостиве... типувам на 7-8 кошеви разлика. :) Ајт отидов да гледам.
 
Колку ќе отсуствува Спенсер Хавс? Иначе и ја сум стар фан на сиксерси уште од 2000 г.
 
победа синоќа против Детроит со 95-74.Нај добри кај нас Вилијамс со 17,Бренд со 14,Холидеј со 13 и Микс и Тарнер со по 12 поени.Моментално сме на 3 позиција во источната конференција со скор 14 победи и 6 порази.
 
Полувреме: Philadelphia 76ers 37 - 33 Orlando Magic
Линк

Предноста требаше да биде двоцифрена во корист на 76ers со оглед на играта на двата тима. Орландо многу слаби, Филаделфија игра одлично сеа за сеа, многу борбено, само вака да продужат и во второ и тепаат со +10, 100%.
 
Победа на Филаделфија против Орландо со 74-69...сме воделе и со 10+ во 3/4 али тоа е..битна е победата...најдобри кај нас-Игудала 14,Тарнер 12,Јанг 10 поени.Трета победа во низа за Филаделфија и трето место во источната конференција со скор 15 победи и 6 порази.
 
Падна и Чикаго!! Иги у 3та четвртина растур направи!!!
Немој да ве буни аватарот мој само омилен играч ми е а не и тим:)
 
И уште една победа и тоа против Чикаго од 98-82....во 3/4 водството достигнало и до 20 разлика...најдобри кај нас Игудала и Јанг со19,Холидеј 17,Ален 15 и Вилијамс 14 поени.После четвртата победа во низа се искачивме на местото број 2 во источната конференција со скор 16-6,а први се Чикаго со скор 18-6....одлично ја играме оваа сезона,агресивно во одбрана и дрско во нападот....следен натпревар е на 3 Февруари против Мајами....GO SIXERS!!
 
Hawks 87 - 98 Philly

Победа над Атланта у гости, одлично! Хавс конечно се врати, одлично!
Рукито Вучевич најефикасен со 15 поени, Јанг, Вилијамс и Хавс со по 14.
Иги со катастрофален шут од поле (3 од 15) ама имаше највише асистенции (10) и скокови (8).

Следни Лејкерс!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom