И јас веднаш ќе вратам со моите генерални размислувања за сегашноста и иднината на Сиксерси
1. Трејдот
За големиот трејд за Bynum нема што многу да се каже. И од сегашна гледна точка е правилна одлука. Не е спорно дека Iguodala е одличен играч, како и дека Vucevic и Harkless беа сосема солидни млади таленти. Но факт е дека за да се биде вистински кандидат за титула најчесто се потребни играчи од највисок ранг, играчи какви што има 15тина во целата NBA - играчи како Bynum. И јас не го сакам Bynum заради неговото однесување, но факт е дека кога е здрав е можеби и најдобриот центар во лигата воопшто, а за во напад нема ни конкуренција. Vucevic, Harkless и пикот кој се уште го должат на Орландо никогаш нема да бидат толку добри играчи. А со Iguodala максимумот се постигна минатата сезона и мислам дека повеќе од тоа не беше возможно.
2. Играчи
Генерално, од моменталната екипа, според мене има само 2 играчи кои вреди да се задржат долгорочно и кои можам да ги замислам во иден шампионски тим: Jrue Holiday и Thaddeus Young. И двајцата се солидни играчи, млади и потпишани на долгорочни пристојни договори. Сите други може слободно да се продадат за било што, што може да има долгорочен ефект - се надевам некој пик на драфтот. Можеби може нешто да излезе од Moultrie ќе видиме, ама не сум голем оптимист. Allen е солиден за резерва, ама тимот е далеку од тоа да бара резерви. Hawes има специфичен стил на игра, може да биде корисен, но едноставно не може да биде стартен центар - премногу е нежен и бега од било каков контакт, што и тоа како пречи во одбрана. И за крај Turner - еден од најуникатните играчи во лигата, кој сеуште не можам да сфатам каков играч ќе излезе од него. Не е до толку млад, и мислам дека треба да се продаде додека може нешто да се земи за него. Има специфична игра која може да биде корисна, но неговиот однос кон утакмиците (карање со судии и нишање на главата сам со себе наместо да се враќа во одбрана) е недозволив. Ефикасноста му е на катастрофално ниво и тоа го прави скоро неупотреблив моментално. Другите главно се слободни агенти и сигурно ќе си заминат без компензација и онака, па не вреди да се коментира. Wright ќе е добро да остане ако потпише Bynum, ама не верувам.
3. Управа
Collins за жал најверојатно ќе си оди, па ќе биде потребен нов тренер. Јас генерално го поддржував и сметам дека е одличен тренер, но се чини тој е веќе историја. Можен е и нов генерален менаџер, иако и постоечкиот DiLeo не мислам дека е лош. Новите газди засега се покажаа според мене солидно и имам доверба во нив.
4. Стил на игра
Ова е она што кај повеќето фанови на Филаделфија најмногу се расправа. Во принцип последниве години, постојано одбраната е солидна, што е одлично, но нападот е застарен и еден од најлошите во лигата. Главна причина за тоа се малкуте кошеви од paint-от и малкуте тројки, наспроти голем број на неефикасни "долги двојки". Можно е да се подобри ова со новиот тренер, ќе видиме дали било до Collins. Идејата за одличен плеј и во напад и во одбрана - Holiday, одличен центар, особено во напад - Bynum и шутери на крилата (Wright, Richardson, N.Young...) беше одлична идеја, но за жал никогаш не ја видовме. А со оглед дека колената на Bynum според неофицијални информации се во многу лоша состојба, тешко и дека било кога ќе ја видиме. Тоа е - малер...
5. Размислувања за иднината
Во принцип тимот е во многу тешка ситуација. Нема звезди, нема висок пик на драфтот, нема ни многу играчи кои вредат нешто за да бидат трејдани. Според мене најдобра опција е да се издржи уште една уште полоша сезона од оваа со само Holiday, Thad Young и десетина деца собрани од улица

. Идната сезона има големи таленти на драфтот (за разлика од овој) и одлично би им дошол еден топ 5 пик тогаш.
Еве ти ги според мене најдобрите места за детално информирање за се што се случува околу 76ерс:
1. Depressed Fan - блог кој последно време не е толку активен како лани но има многу солидни постери кои ја разбираат кошарката -
http://www.depressedfan.com/
2. Liberty Ballers - убедливо најактивен блог за 76ers, имаат 10мина кои пишуваат постојано текстови и многу голема заеница, а многу често имаат и забавна содржина врзана со екипата, особено во вакви времиња кога самиот тим е многу депресивен -
http://www.libertyballers.com/
3. RealGM - форум кој има доста активен дел посветен за 76ерс, доста стар и со многу одлични познавачи на екипата -
http://forums.realgm.com/boards/viewforum.php?f=26
4. Hoop76 - нов блог, кој е врзан со ESPN, гледам имаат сосема солидни познавања за тимот и вреди повремено да се следи, ама засега нема луѓе кои коментираат -
http://hoop76.com/
Има и други места каде може човек да се информира, но според мене овие се најдобрите, особено првите 2.
Ако има по некој интересен напис за Филаделфија било каде ќе пробам да ги постувам линковите овде, за ако има некој заинтересиран да си прочита
Хех, ептен долго излезе ова, ама јбг да се претставам