- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Власта не се откажува од скапите куполи
Неприфатливо е во економска криза да се потрошат 17 милиони евра за доградба на собраниската зграда, смета опозицијата
Пратениците се едногласни дека 17 милиони евра за доградба на собраниската зграда е голем трошок за државата. Опозициските сметаат дека парите треба да се искористат за ублажување на кризата што доаѓа, а тие од власта дека проектот е шанса компаниите да добијат работа, а пратениците подобри услови.
При распишување на конкурсот за големиот градежен зафат, со кој се предвидува подигање трет кат на собраниската зграда, три големи стаклени куполи, како и засилување на нејзината статика сите се водеа од потребата пратениците да имаат повеќе работен простор. Сега, дел од пратениците велат дека тоа било во време кога не се ни насетувала криза, па затоа повикуваат на разумност.
- Нема пратеник што не е за подобрување на условите за работа во Собранието. Но, сега во годината кога кризата се продлабочува, парите треба да се пренасочат за друга, посоодветна намена - смета пратеникот од опозицискиот СДСМ, Никола Ќуркчиев.
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски се согласува дека станува збор за голема сума, но смета дека ваков градежен зафат и не може да биде евтин. Олеснително за државата, според него, е тоа што доградбата на законодавниот дом ќе се извршува етапно, па и државата ќе плаќа на рати, односно на подолг период.
- Не станува збор за плаќање на целата сума наеднаш. Годинава за оваа цел во буџетот се предвидени 1,5 милион евра. Можеби сумата ќе се зголеми само уште за половина. Другото државата ќе го плаќа во наредните две буџетски години - објасни Вељаноски.Според него, обемните тригодишни работи во парламентот ќе бидат и можност за градежната оператива да дојде до ангажман. Што не било за потценување, особено сега кога имаат се' помалку работа.
Неговиот став го поддржува и Љубисав Иванов-Ѕинго за кого е одвишно прашањето дали да се сопре реализацијата на проектот.
- Собранието треба секогаш да се подобрува. Мора да имаме добри услови за работа и да не заборавиме дека парламентот е репрезент на државата - вели Иванов од владејачката Социјалистичка партија. За пратеничката Роза Топузовска-Каревска, големите стаклени куполи се прескапа работа. Таа жали што не ја послушале уште кога се распишувал конкурсот.
- Премногу пари се и неприфатливо е во време на економска криза да се потрошат 17 милиони евра за нешто декоративно. Сметам дека треба да се направи само надградбата со трет кат, а стаклените куполи да се исфрлат од проектот. Така сето тоа сигурно ќе чини барем двапати поевтино - вели Топузовска-Каревска од опозициската ЛДП.Таа како и пратеничката Флора Кадриу ја потсетуваат власта да не заборави дека многу луѓе ги губат работните места и дека милионите евра треба да се искористат за решавање на проблемот.Специјална собраниска комисија деновиве решава за тендерска документација што ја доставија три градежни компании за доградба и надградба на Собранието.
Извор: Дневник