17 милиони евра за доградба на собраниската зграда!

Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Власта не се откажува од скапите куполи
Неприфатливо е во економска криза да се потрошат 17 милиони евра за доградба на собраниската зграда, смета опозицијата

Пратениците се едногласни дека 17 милиони евра за доградба на собраниската зграда е голем трошок за државата. Опозициските сметаат дека парите треба да се искористат за ублажување на кризата што доаѓа, а тие од власта дека проектот е шанса компаниите да добијат работа, а пратениците подобри услови.

При распишување на конкурсот за големиот градежен зафат, со кој се предвидува подигање трет кат на собраниската зграда, три големи стаклени куполи, како и засилување на нејзината статика сите се водеа од потребата пратениците да имаат повеќе работен простор. Сега, дел од пратениците велат дека тоа било во време кога не се ни насетувала криза, па затоа повикуваат на разумност.

- Нема пратеник што не е за подобрување на условите за работа во Собранието. Но, сега во годината кога кризата се продлабочува, парите треба да се пренасочат за друга, посоодветна намена - смета пратеникот од опозицискиот СДСМ, Никола Ќуркчиев.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски се согласува дека станува збор за голема сума, но смета дека ваков градежен зафат и не може да биде евтин. Олеснително за државата, според него, е тоа што доградбата на законодавниот дом ќе се извршува етапно, па и државата ќе плаќа на рати, односно на подолг период.

- Не станува збор за плаќање на целата сума наеднаш. Годинава за оваа цел во буџетот се предвидени 1,5 милион евра. Можеби сумата ќе се зголеми само уште за половина. Другото државата ќе го плаќа во наредните две буџетски години - објасни Вељаноски.Според него, обемните тригодишни работи во парламентот ќе бидат и можност за градежната оператива да дојде до ангажман. Што не било за потценување, особено сега кога имаат се' помалку работа.

Неговиот став го поддржува и Љубисав Иванов-Ѕинго за кого е одвишно прашањето дали да се сопре реализацијата на проектот.

- Собранието треба секогаш да се подобрува. Мора да имаме добри услови за работа и да не заборавиме дека парламентот е репрезент на државата - вели Иванов од владејачката Социјалистичка партија. За пратеничката Роза Топузовска-Каревска, големите стаклени куполи се прескапа работа. Таа жали што не ја послушале уште кога се распишувал конкурсот.

- Премногу пари се и неприфатливо е во време на економска криза да се потрошат 17 милиони евра за нешто декоративно. Сметам дека треба да се направи само надградбата со трет кат, а стаклените куполи да се исфрлат од проектот. Така сето тоа сигурно ќе чини барем двапати поевтино - вели Топузовска-Каревска од опозициската ЛДП.Таа како и пратеничката Флора Кадриу ја потсетуваат власта да не заборави дека многу луѓе ги губат работните места и дека милионите евра треба да се искористат за решавање на проблемот.Специјална собраниска комисија деновиве решава за тендерска документација што ја доставија три градежни компании за доградба и надградба на Собранието.



Извор: Дневник
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Бравоооо......уште ова остана да го досредиме и после може мирно да живееме.Абе не се нормални ......жими се.Овие изгледа заборавиле дека има НАРОД во МАКЕДОНИЈА а не овци.Мизерија невидена се :tapp::tapp::tapp:Стечајците денес пред влада МОЛЕА ЗА ЛЕБ,а Гвујо ќе гради куполи.Па нормален ли е бе маме му е*ам.
 
Член од
28 јануари 2005
Мислења
2.163
Поени од реакции
18
Daj more dodeka sme na vlast da se oparime, se site kampanji na site partii do sega.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Ставревски ги сослушал стечајците и им рекол:КРИЗА Е , НЕМА ПАРИ...
А ова со куплите веројатно не е од шо сакат туку од што мора, нели читаш во какви тешки услови работеле во собранието...Жални е тие се лугето што секој ден ни сервират по некој закон, работата им е тешка и мора да имат соодветни услови за работа...
Инаку се прашувам што ке кажат гостите кога ќе ги провозеш низ Скопските кратери, низ губриштето и гнасотиата на градот кога ќе стигнат пре 17 милионските купли...???
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Ставревски ги сослушал стечајците и им рекол:КРИЗА Е , НЕМА ПАРИ...
А ова со куплите веројатно не е од шо сакат туку од што мора, нели читаш во какви тешки услови работеле во собранието...Жални е тие се лугето што секој ден ни сервират по некој закон, работата им е тешка и мора да имат соодветни услови за работа...
Инаку се прашувам што ке кажат гостите кога ќе ги провозеш низ Скопските кратери, низ губриштето и гнасотиата на градот кога ќе стигнат пре 17 милионските купли...???
И уште ако плукнеш во кратерот-улицата 50 евра казна:tapp::tapp:
 

delboy

кршач на огледала
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.358
Поени од реакции
24
Која добра глетка ќе биде со новите куполи и одспротива шаторите на стечајците
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Вие па гледате економски кризи и слични глупости, па гледате дека нашите кутри напатени претставници во парламентот немаат услови за работа! На што личи тоа нивните свилени задници да не уживаат во најдоброто што може, а зградата да не биде главна знаменитост на Скопје?
Сега да бидеме посериозни. Немам ништо против да се догради зградата, иако во основа ми е сеедно, ама 17 милиони евра е огромна сума и тотална глупост. Не само во време на криза, туку и во секое време ова е инвестиција која нема ама баш никаков резон.
 

Amnaesiac

Paranoid Android
Член од
9 декември 2008
Мислења
1.818
Поени од реакции
43
па нашиве приучени ама недоучени економисти чуле дека во ваква криза треба да се трошат пари и уште поважно да се прават тендери, оти нели во капитализмот за секоја зделка следи провизија
 

Kloshar

Kloshar
Член од
23 јануари 2009
Мислења
115
Поени од реакции
8
Абе па и вие не ви е жал..сакаат да им е удобно додека крадат и лажат за „подобра“ иднина :pos2:
 
Член од
12 септември 2008
Мислења
271
Поени од реакции
42
17 милиони евра за доградба на собраниската зграда-Rekoa od DPMNE i izgubija nekolku iljadi glasa. :tv:
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.578
Поени од реакции
2.563
До сега бев воздржан,ама стварно ја претеруваат овие,милиони милиони на споменици,згради,тениски игралишта,триста митиглупости,а луѓево немаме леб да јадиме...:tapp::tapp:
 

oBi_VaN

Is the man!
Член од
11 ноември 2007
Мислења
756
Поени од реакции
21
17 милиони евра за доградба на собраниската зграда-Rekoa od DPMNE i izgubija nekolku iljadi glasa. :tv:
Стари, само нека продужат вака, ако неќе народот сам да се освести, овие тешкиве глупандери властодржци ќе го освестат! Барем ќе имаме некаков аир од нив!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom