MIKI1
Поставувач на неодговорени прашања.
Човекот почнува да учи уште од неговото раѓање. Тој прима информации од неговата околина. Доколку прими такви информации какви што, доколку една од нив ја земе за вистина,а ќе ја земе, затоа што многу е мал, сеуште е детенце, неможе да докаже дека не е вистина, тогаш за вистина ги зема и сите тие информации. А сите тие информации, во една целина, се така направени да ако тие информации ги сфатиш како вистина, тогаш непостојат шанси, или тие се многу мали, да ја докажеш реалната вистина, да докажеш дека тоа што го мислиш всушност и не е вистина. Така да...навистина детето има право на слободен избор?! Детето тогаш сеуште не е свесно за себе да може да носи одлуки, може лесно да биде излажано..последица од ова е големиот број на христијани...
Хмм...мислам дека ова го напишав или го прочитав на форумот, ама ќе го повторам:
Вистините во религијата се вистини само за верниците, за сите останати, се лаги. Значи, никој не се родил како верник...туку верник станал по неговото раѓање, одкако му се кажале некои лаги ( нели вистините во религијата беа вистини само за верниците, за сите останати, и за детето, тие се лаги..има некоја друга логика тука?!..не )...
Што коментираш ти Мики1 на ова...?
Велам вака:
- вистините во религијата (христијанската) се вистинити за сите. Разликата е во тоа што некој ги прифаќа а некој-не.
- да, никој не се родил како верник.
- не, не му се кажале никакви лаги, освен ако верникот сака да верува во најголемиот лажго и него да го исповеда за свој бог.
Верник се станува откако поединецот ќе поверува во Бога и ќе ја увиди својата огревовена природа (ќе му се отворат духовните очи, т.е. ќе му се отвори дотогаш затворениот разум, затворен за Божјите вистини). После тоа, следува одлепување од злото и прилепување кон доброто , со што почнува неговото покајничко живеење со вера, дела и смирение.