doti4nata
Drama Queen
- Член од
- 25 септември 2005
- Мислења
- 3.390
- Поени од реакции
- 35
- Возраст
- 35
Значи, во врска, дали премолчувате одредени работи кои ви сметат или пак дирек ги кажвате?
Или ги чувате долго време во вас со надеж дека ќе се подобри ситуацијата без да кажете и дека сам/сама ќе запримети шо ве иритира и шо ви смета?
Јас многу тешко кажвам шо ми смета. Кузнеј шо си мислам, дека сам ќе види и дека ќе се попрај. Или па, нејќам да кажам оти си мислам дека на некој начин ќе го повредам..
Знам само дека не е убо да се ќути долго време, оти на крајот ќе експлодира и можи да се случи најлошото.
Вие какви сте?
Дали е ок да се потиснуват и најмалите проблеми, за на крај да станат огромни проблемишта..?
Секогаш си кажувам што ми смета и сакам да ми кажуваат што им смета кај мене. Некогаш знам да бидам онака ептен директна, некогаш преку зезање, али у принцип секогаш си кажувам што ми смета за да заедно најдеме некое решение на проблемот нАли. А кога ми кажуваат, пошто сум љутка, може прво да промрчам, али помило ми е кога знам дека нема никакви проблеми и дека ако има ќе ми ги каже, отколку цело време да си се прашувам дали нешто кај мене смета и слично.
