Јас па не можам да кажам. Се плашам дека ако му речам нешто, можи да ми се налути, и како некоја идиотка, чекам да забележи дека не е нешто во ред.
Не се прам дека е се во ред, малце сум така поинаква, и кога тој ќе ме праша, шо ти е, јас упорно му велам ништо.
Глупо е така, знам..И знам дека сама предизвикувам да напрам голема кавга, ама не можам поинаку.
Треба некој со чингел да ми ги извади зборојте, за конечно да му кажам шо не е во ред. Или па, чекам да сам да запримети, шо е тотално неубо, оти тој не гледа на гравчиња..
Не знам како да напрам за да биди поинаку. Ваљда со текот на времето ќе успеам малце од малце да се сменам.