Архангел

  • Креатор на темата Креатор на темата Natural-girl
  • Време на започнување Време на започнување
10374850_10201289966291786_5902206239439508940_n.jpg
 
Синоќа ги слушав и ми текна да видам дали има тема за Архангел на форумов. Штета ќе беше да нема.

Инаку, кога сум веќе тука, да прашам дали некој знае точно што се случува со Ристо Вртев? Од оној концерт со филхармонијата немам слушнато нешто за него. Гино и другите членови си фураат со Темпера (доста добар бенд, мада не е како Архангел, јбг). Знае некој зошто се разделија со Вртев? Се скараа или само онака решија секој по свој пат? Некаде наслушнав и дека Вртев не бил добар со здравјето... Знае некој точно што се случи во последните години?
 
Конечно концерт на Архангел!:vozbud:
Да не има некој поквалитетни верзии на песните од оние на Youtube? Сакам да собериме песни и да се направи една дигитална колекција со тагови за оние кои немаат касети и касетофони. Би бил добар производ на форумов. Што мислите?
 
И Ристо Вртев ќе е со нив нели? Пошо долго ништо не сум слушнал за него дан е повечен?

п.с. Eве нешто од мене за рефреш, се гледаме на концерт

 
Ќе биде Вртев сигурно, само најверојатно со нова постава, без Гино и компанија. Јас им бев на последниот настап на Струмица Опен Фестивал, реално се далеку од топ форма, а и во Струмица публиката слабо реагираше. Главно беа дечишта дојдени за Ален Исламовиќ кој настапуваше после нив. Овде на Таксират сигурно ќе има далеку подобра атмосфера.
 
И што е поентата на таков „Архангел“? Тоа е Вртев и компанија. Дури и тој, последниве 15 години е тотално без врска - не ги памти текстовите, делува изгубено.
@Sawyer88 Кој ги свири другите инструменти. ги знаеш?
 
@Almeida Не ги знам другите што свират сега со Ристо. А за жал имаш право и за него. Во Струмица делуваше како загубен на сцената. Далеку е ова од оној Архангел од 90-тите.
 
Се сеќавам дека бев на еден концерт на Архангел во Куршумли Ан, мислам дека беше 1996-та година. За мене беше (пред да отидам) разочарување што Мучо свиреше бас, затоа што првиот басист (да не гуглам за името сега - не му го знам името) имаше фантастични бас линии на скоро секоја песна од првите два албуми. Првиот го имам на плоча, а вториот се сеќавам излезе само како касета. Иако многу мудреци имаат кеиф да зборат како „наши групи и музичари не се ценеле овде“, за Архангел може да кажам дека имаа армија фанови уште од day 1. Концертот беше некој јунски топол ден, истури дожд, а дворот на Куршумли ан беше полн како око. Лудило од концерт, сум бил на многу во животот, тоа беше еден од подобрите.
Ристо од стално бил чуден, ама тоа што го видов понатаму од него ептен во крајност отиде. Да беше сега со Гино веројатно и јас ќе одев, а вака...
 
Не знам какви ви се очекувањата ама денес после 20 години и порано сигурно нема да е исто, енергијата на 25-30 и енергијата на 45-50 години не може да биде иста, не може да се очекува Архангел да свират исто и да бидат исто добри како пред 20 години кога свиреле компонирале имале настапи биле млади и денес кога дали на една проба пред концерт ќе се соберат, годините ги газат и тоа си е факт луѓето стареат и тоа е нормален процес.
Али лично јас сум бил и ќе одам(колку сум во можност) не секој концерт на Архангел чисто да ги испоштуем за тоа што имаат оставено како музика во која верувам дека ќе уживам доживотно и никогаш нема да ми здосади.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom