Архангел

  • Креатор на темата Креатор на темата Natural-girl
  • Време на започнување Време на започнување
гдје чемо?
891999_552389551508918_1056411710_o.jpg
 
Во југотон ли ќе се продаваат?
Продажни места:
- Југотон
- Цвекара Розе веро 2
- Камарад Рамстор
- Продажна мреза на купикартизасе
- Продажна мрежа на мктикетс
- Локални места низ Македонија
 

Ич не ми се свиѓаат вакви работи, ич. Искрено ако испадне работата вака на караници и делби поарно ич нека нема концерт, оти мислам дека јавно трачарање и препукување преку медиуми како Цеца и Јелена Карлеуша ич не доликува на група како Архангел.
 
Гледам јас сум коментирал на темава последен.

Сега вака после концертот да кажам повторно, мене ми се допадна и убаво си поминав. Но, некои работи не може да се игнорираат, прво кој беше организатор на концертот. Секоја чест на Вртев, но пропусти кај организацијата постоеа и тоа беше очигледно, но самото тоа што такви личности кои се виновни за тоталниот неквалитет што владее на мак. музичката сецена се дрзнале да организираат концерт на Архангел говори дека се решени и понатаму да прават штета на македонскта музика. За мене во иднина треба да се држат понастрана од легендарни и култни имиња како Архангел и нека си работат со своите Елвир Мекиќи и сл. срања.

Друго, распаѓањето на беднови не лоша, но неминовна појава во музиката не само кај нас туки и секаде во светот. Какви познати и неповторливи групи се распаднале. И со тоа треба да се помириме, да се помириме дека Архангел каков што сме го знаеле најверојатно ќе го нема веќе. Од друга страна без оглед кој сака да признае или не, Вртев е главниот елемент и суштина на групата и без него тешко дека може да постои Архангел. Но Архангел може да постои без остантите членови, ама со Вртев. Таа е реалноста, исто како што Џони беше душата и сржта на Азра, така е и Вртев во овој случај. Без Џони пробаа некои членови на Азра да направат некакво вознобновување, но помина мизерно тој обид, а така ќе помине и некакво продолжување на Архангел без Вртев.

Впрочем, сега имаше концерт на Архангел со Вртев, и некои викаат бил лош, слабо посетен и слично. Нека направи пак сега концерт „другиот“ Архагел без Вртев, се сомневам дека ако овој бил фијаско, другиов ќе биде десеткратно поголемо фијаско.
 
Јас само се надевам дека ќе навистина ќе излезе нешто од новиот албум што го најави Вртев на концертот. На последните два концерти Архангел свират по едно ново парче, сега Вртев спомна албум... Материјал очигледно има, но за издавање плоча треба волја, ангажман и средства, а тука нешто фали, само не знам што.
 
Остаре Рики, и се заглупе и заидиотчи. Ама и ти не си крив, како старееш, пропаѓа мозочното ткиво.
 
Moze li nekoj dami dade link da ja simnam komplet diskografijata od arhangel? Ovde ja nemam, i neznam kade da ja najdam. Ja imav simnuvano od bunar.blogspot nekogas odamna pred 7 godini, ama vekje valjda ne postoi nigde.
 
Абе , не дека Филхармонија и Вртев не беа доволно спремни , ама навистина имаше недостатоци.
Прво озвучувањето беше катастрофа , второ се усраа со времето. Мислам дека најефтините влезници беа 600 денари , а имаше толку луѓе што платија и поскапо , за што ? 33 минутен концерт ? Кога Архангел се претворија во комерцијалисти ? Ова беше една скала подолу од нивното ниво на музичари , мириса на заработка на стара слава некако... Како и да е blame it on the production , ќе си најдеме ние начин да ги оправдаме Вртевци.
Уште тие ни останаа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom