Црква во центарот на Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата concrete
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
1. Гледано од аспект на законот, изградба на црква со пари од буџетот на РМ е противуставно, во уставот стои дека Република Македонија е секуларна држава, so there you go my friends, plain and simple, имаме проблем уште од старт. Испаѓа дека владата треба да бара инвеститори или да ги даде парите од свој џеп ако сака да гради црква, буџетот не смее да го дира.

Многу е лесно да се испере целата инвестиција преку донации од најразлични фондови. Доколку е потребно.

2.Урбанистички гледано се создава непотребно натрупување на објекти и создавање на тесно грло баш пред влезот на ГТЦ каде има поголема фреквенција на луѓе, додека останатиот дел на плоштадот зјае празен и недовршен....Решението за кружна црква на ова место е изнудено, која е поентата ако веќе нешто се возобновува да не личи на старото? А ако веќе се гради ново, каква врска има дали е или не е на локацијата на стариот објект (која всушност и не е оргиналната, која е неповратно изгубена под ГТЦ)?

Се согласувам. Сепак, доколку како контра аргумент го поставиме реалното размислување дека во догледна иднина и просторот што зјае ќе биде реализиран во духот на некој ГУП :):( - тогаш останува како проблем локацијата која е предвидена за возобновување на црквата. Видете, главниот проблем овде не е поставувањето на црква и тоа е веќе исперцепирано.
Доколку се сака возобновување на светото место на старата црква, во ред би било решение во далеку помал размер од предвиденото, но сепак - станува збор за плоштад, најголем, централен плоштад во главниот град на една држава - простор во кој доколку градиш нешто со цел оставање на маркантна трага на една генерација, нештото мора да е маркантно, освен ако не е фонтана :)

Сите сме свесни дека друга е целта, што јас го оправдувам. Наречете ме архитектонски фундаменталист, сепаратист, некосмополит... Кога станува збор за задржување на емоционалната врска на мојот народ со родната грутка и исконска мајка, тогаш нема дискусија. Зошто, додека ние тренираме космополитизам, некој кој е поизвежбан од нас, трката ја носи на други нивоа, на други стадиони - па не е лошо да ја употребиме сета моќ за да го сопнеме допингуваниот тркач.

plostadgo9.jpg


Значи, за да го "личи" плоштадот и конечно да се доврши, мој предлог е:

1. Офицерски Дом (само не со проектот на Мангаровски, ве молам!)
....
....
4. Споменик на Мајка Тереза (те оној истиот од пред Домот на АРМ)
...
...

1. Професоре, ако читате, контактирајте ме по ПП, ќе ви ја кажам ИП адресата на членот, па ќе може да превземете мерки против поколенијата на пишувачот, кои поколенија -по непишаното правило дека архитект под архитект паѓа- ќе треба да предаваат цртежи во пеинт и текст искуцан во Пејџ Мејкер со фонт 11-ка кај вас, еден ден :)))) Шала на страна, мислам дека имам напати нагласено дека новите генерации не треба да се робови на духовите од минатото. Ама пак, овие духови се во некој Каспер unfinished bussines - фазон, со тоа што реално, не се воопшто пријателски, како Каспера наш.

4. Пре би прифатил бронзена статуа на Вангел Божиновски, поголема дури и од онаа на КПМ (Крсте Петко Мисирков, да не се разбереме погрешно) поставена пред "репрезентативниот" Fresh (додека сме тука, барам итна промена на името на фаст-фудот од Fresh во Фреш, чисто да се потенцира значењето на Мисирков на зададеното место) отколку, изградба на спомен куќата на скопјанката Мајка Тереза на даденото место... впрочем, противник сум на изградбата на проектот на Божиновски на било кое место во познатиот сончев систем, освен на Плутон, кој веќе нели не го ужива статусот на планета ами на сателит :pipi:


Факт е дека архитектурата секогаш му служи на курентниот естаблишмент, ама мои драги колеги, имајте барем трошка гордост за јасно и гласно да му кажете на инвеститорот кога нешто не чини.


Значи да бидеме јасни и прецизни зошто локацијата со број 6 е најидеална за Православна црква на плоштадот:
1.Главниот влез гравитира кон плоштадот,односно западната страна што пак се поистоветува со канонско-црковните норми кој мора да бидат запазени при изградба на еден ваков маркантен верски објект.
2.Близина на реката Вардар што би се вклопило во амбиенталниот дел со поглед од камениот мост а и обавувањето на некои верски обреди за МПЦ би го поедноставило со близина на водата(фрлање на крстот за Богојављение).
3.Ќе се реши проблемот со тесно грло пред ГТЦ што е и целта на оваа дискусија.

Искрено, 6-ка е и мојата бројка. Со тоа што, она што ме мачи се повраќаниците на омалдинците кои опиени од магијата на држење микрофон на караоке забавите во соседниот "Опиум", сакале нејќеле ќе оддадат своја почит на верскиот објект преку споделување на дел од својата несварена желудочна содржина врз "opus-mixtum" фасадата на Св. Константин и Елена. Еве, "иако коинциндира во доменот на деловна тајна,во оваа прилика" и јас решив да споделам со конкурентите и газдите на локалот номер шес една ваква деловна тајна, државна би рекол, директно од тајните досиеа на МВР-Ж (Министерство за внатрешни работи, сектор "желудник")


P.P.S.
Се извинувам што употребувам лични имиња во мојот пост, можеби некој ќе ме осуди за клевета..

П.С:
Јас не се извинувам што употребувам лични имиња затоа што иако знам дека архитектурата е управувана,односно им служи на властите за собирање политички поени,тоа не значи дека треба сите ние да бидеме урбанистички тероризирани од страна на група луѓе ...

Јас пцујам по сите кои ме тераат еден ден да си купам кран со повеќетонско челично ѓуле и од плоштадов да направам плодна ораница каква шо не виделе нити во најхумусните реони на јужната полутопка. Па ќе го прекрстиме во плоштад Маракана, поставуваме два гола, еден на локација број 6, друг на локација бр. 9 (Да, 9-ка ќе се створи при орањето) и се делиме на две екипи по 25 %. Играме до асимилирање на едната екипа. За време на мечот, дозволено е градење на владини објекти и спомен куќи. Само, со одобрение на судијата.

А ги знаеме нашиве судии какви се...
 
Мала корекција, Плутон сега е планетоид а не сателит.:wink:

Се слагам дека средствата може да се исперат one wаy or another, али за тоа некој друг нека му ја мисли, нашата струка од друг аспект гледа на проблемов.

Маркантен објект фали на плоштадот ама објект на таа локација ќе биде се само не маркантен.

На Мангарот дај му и IP и име и презиме, не ми значи моментално ама баш ништо во животот:baeh:. Едаш иамам наебано ради јадење бубрези за него во јавност, али се извлеков. А доколку моите деца решат еден ден да студираат архитектура, сигурно нема да биде во институција каде предава гореспоменатиот "господин" (ионака ко што разбрав наскоро ќе си од од Архитектонски факултет-Скопје).

Што се тиче офицерски дом, погрешно се изразив можда, баш со то што го осудувам проектот на Мангарот (кој и не е целосно него, него и на дотичен студент, на јадниот сигурно душата му ја извадил) сакав да кажам дека сум против традиционалистичкото гледање на работите. Да се изразам во духот на Пајвански и неговата трансмодерна, подобро би било тој објект да претставува (транс)модерна транскрипција на стариот објект отколку буквално возобновен објект, или како што е во случајов ни ваму ни таму.

Спомен куќа на Мајка Тереза дефинитивно не, ама што фали да се постави споменик со скромни димензии и една плакета каде ќе стои писание дека тука и била куќата? Мое мислење е дека за нешто поголемо од споменик на таа локација и нема.

Се извинив од причини што тоа ми беше прв пост на форумов, не знаев како стојат правилата, дали смеам или не да наведувам лични имиња и сл. Ако е дозволено, ондак само кажете, моето извинување во тој случај го повлекувам, ионака беше изречено кон форумот а не поединците кои ги наведов.

А сега за локациите. Видете, 6-ката би бил и мој избор, поради сите причини искажани погоре, се слагам со се што рековте, 3-ката ја понудив само како алтернатива, пред се поради тоа што имотот не е спорен како во случај со 6-ката. Трампата што ја предложи ABC е најбезболно решение, само кај нас некако тешко се изведуваат трампи, надоместување поради рушење и сл.

Лично, сметам дека секоја од другите локации е подобра од понудената 4, каде и да се постави објект на црква, тој нема да биде ниту маркантен ниту репрезентативен, туку само вметната како своевидна пломба во тој простор.

Е сега ја да ви одадам уште една тајна околу Вардар и подземните води (иако нема врска со темава), тука подземната вода се наоѓа на кота -9.00 +-1 метар да речеме. Овие информации ги имам од прва рака, конкретно, фирмата во која работам изведува сега еден објект поред Вардар само нешто подоле, гореспоменатата кота е од последните сондирања. Надзор на објектот е човек кој има веќе изведено неколку објекти поред Вардар, во разговор со него дознав дека никогаш не се појавила вода на тие локации над -7.50. Што се тиче поплави, тие се калкулиран ризик, затоа ќе се внимава при изведбата и ќе се земе во обзир можноста за варирање на нивот на водата.

Генерално, како архитекти гледам дека сме на иста страна, сакам да чујам и јас мислење на некој колега кој ќе ми го оправда овој проект на владата.:nenene:
 
Сепак близината на Вардар итоа како влијае негативно врз бизнис објект на локација број 6 што за црквата не е релевантно затоа што покрај другото може да се подигне на едно посолидно плато од 0.6 до 1.2 метри кое би се совладувале со уредно поставени нагибни рампи,со што би се постигнало зајакнување на основата од сеизмолошка страна како и би се осигурале од евентуални поплави.Друга е работата што во непосредна близина на црквата би можело да се изработи една просторна конзолна платформа над Вардар од каде би се фрлал крстот за Богојавление (Водици) а во другото време би служло за панорамски поглед на реката и одржување хорско пеење од страна на црковниот хор кој би настапувал за одредени големи христијански празници на отворено.Сето ова се деловни тајни кој доколку би се усвоила оваа замислена трампа јас би ги применил во идејното решение иако знам дека нема да ми биде усвоно од познати непотистички причини.:)
 
Друга е работата што во непосредна близина на црквата би можело да се изработи една просторна конзолна платформа над Вардар од каде би се фрлал крстот за Богојавление (Водици) а во другото време би служло за панорамски поглед на реката и одржување хорско пеење од страна на црковниот хор кој би настапувал за одредени големи христијански празници на отворено.


Сето ова се деловни тајни кој доколку би се усвоила оваа замислена трампа јас би ги применил во идејното решение иако знам дека нема да ми биде усвоно од познати непотистички причини.:)


Ко Груевски си , кога зборува за ветото од Грција како едина причина за невлегување во Нато :)

Прво, Вардар е ист и за многукатниците во склоп на ГТЦ, а и за андерграунд делот на ГТЦ :) Второ, деловните ти тајни за хорско пеење над Вардар нема да бидат одбиени поради непотистички причини чоек... :) Него, неаме толку флексибилни хорови.
 
Сепак е друго да градиш на негативна кота само 20-30 метри од Вардар,а друго е да градиш со негативна нивелација на 200-300 метри подалеку од речно корито,ова го кажувам од искуство не "од ракав".Од друга страна јас како противник на Гвујовата непотистичка политика,што се замарам па им ги отворам очите на некои негови брачеди.Нека си градат каде што сакаат секако не се интересирам повеќе за Скопје,каде е повеќе од сигурно дека нема да добијам ни еден тендер,особено затоа што нема да конкурирам,барем додека е оваа власт тековна и меродавна за тендери.:)
 
Црква на плоштад - Лејтест њуз:

Уставниот суд и референдумот - последна шанса за спас на плоштадот


ПРОДОЛЖУВА САГАТА ОКОЛУ ЦРКВАТА ВО ЦЕНТАРОТСкопскиот градоначалник Трифун Костовски ќе поднесе претставка до Уставниот суд за да се утврди законитоста на измените во Деталниот урбанистички план за Малиот ринг, што ги усвои Советот на Општина Центар. Тој исто така најавува и дека ќе распише референдум на кој скопјани ќе треба да се изјаснат дали ги прифаќаат предлозите до плоштадот да се градат црква, фонтани во Вардар, педесетина споменици и други објекти во строгиот центар.

86_1_6_1.jpg


Советот на Општина Центар на последната седница ги усвои измените и дополнувањата на Деталниот урбанистички план за Малиот ринг, со што е надмината и последната пречка да се реализира идејата на Владата за изградба на црква меѓу Стоковната куќа „Сити галери” и ресторанот „Дал Мет Фу”. Со овој план се предвидуваат низа објекти во центарот на градот со кои, според мислења на експертите, тој целосно ќе се задуши од новите објекти. Исто така, црквата се предвидува да се гради врз предвидената траса на подземната сообраќајница што треба да поминува под плоштадот.

Со измените на Деталниот урбанистички план се предвидуваат и повеќе други објекти околу плоштадот и во строгиот центар. Така, ќе се прави зграда за Архивот меѓу објектот на Комерцијална банка и кејот на Вардар, како и два портала на улицата Македонија, на крстосниците со улиците Димитрија Чуповски и Даме Груев. Меѓу предвидениот Мост на цвеќето и Градскиот трговски центар се планира да се изгради уште еден пешачки мост. Со планот се потврдува и изградбата на хотел и обновата на Офицерскиот дом меѓу плоштадот и зградата на Телекомот, како и два деловни објекта. Максималната височина на сите згради ќе биде 29 метри, вклучувајќи ја и црквата, освен нејзината камбанарија, која ќе може да биде висока до 50 метри и ќе зафаќа површина од 1.534 квадратни метри. Во коритото на реката Вардар, во близина на Камениот мост, пак, ќе се градат две фонтани, кои е замислено да работат на принцип на бунари и да ја прочистуваат водата, а на улица Македонија, на потегот од крстосницата со улицата Димитрие Чуповски до крснтосницата со улицата Даме Груев, ќе се градат порти. Со измените чии автори се проектантите и планерите од “ИН-ПУМА“ е предвидено да се постават големи фонтани со скулптури на плоштадот Македонија и на неизградениот плоштад Карпошово востание од левата страна на Вардар.

Пред Комерцијална банка и пред МНТ има уште по една нова маркичка каде што треба да се изградат објекти за јавни институции - Архив на Македонија и Археолошки музеј, со максимална височина од 29 метри. Новина е и тоа што од двете страни на мостот “Гоце Делчев“ се планирани по два споменка, како и голем број места за скулптури и споменици по должината на кејот на Вардар од десната страна.
За да се изградат објектите кои се планирани со новите маркички, треба да се подготви архитектонско- урбанистички проект, а за да се постават спомениците и фонтаните, задолжително да се распише јавен конкурс.

Партиципативното тело за урбанизам што го формираше градот даде негативно мислење за овој план, поради неусогласеноста со Генералниот урбанистички план и поради пренатрупаноста на центарот со нови објекти.
Советниците од СДСМ беа против измените, токму поради нивното несогласување со Генералниот урбанистички план.
- Односот меѓу овие планови е како меѓу Уставот и законите. Не смее да има закон што е спротивен на Уставот, што е исто и во овој случај. Затоа јас не можам да го поддржам планот. Тој треба подетално да се разгледа затоа што и од градот беа децидни дека постои големо несовпаѓање меѓу двата плана - истакна советничката Нада Зермановска од СДСМ.

Иванчо Вучевски од НСДП, пак, рече дека на јавната анкета повеќето граѓани искажале негативен став за изградбата на црквата среде плоштадот, па затоа се двоумел дали да гласа “за“.
На тоа Владимир Бахчовановски од ВМРОДПМНЕ му одговори дека на јавната анкета била потпишана општинската организација на СДСМ.
- Погледнете го списокот и ќе ги видите имињата на целите семејства на Радмила Шеќеринска и на Андреј Жерновски - додаде Бахчовановски. И градоначалникот Трифун Костовски е решен да направи се што може за да ја спречи изградбата на тој објект.
- Градоначалникот смета дека со овие измени се кршат темелните вредности на уставниот поредок, затоа што тие се донесени и покрај тоа што градот не даде позитивно мислење за нив, ги прекршуваат одредбите од Генералниот урбанистич ки план и со нив Општина Центар ги надминува нејзините надлежности - истакнаа од неговиот кабинет.

Градските служби побараа и од советниците на последната седница да расправаат за овој Детален урбанистички план и да донесат заклучок, но претседателката на Советот на Скопје, Ирена Мишева не го дозволи тоа, истакнувајќи дека не се надлежни и дека тоа е работа на Општина Центар.
Сепак, општинарите од Центар воопшто не се исплашени од овие најави на Костовски, затоа што, како што велат, неколку години наназад нивните детални урбанистич ки планови ги разгледувал Уставниот суд, но ниту еден не бил оспорен.
На Меѓународниот конкурс Министерството за култура додели само трета награда, за идејното решение на архитектите Искра Атанасова и Владимир Лековски. На конкурсот пристигнаа вкупно 17 трудови, од кои осум домашни и девет странски. Освен ре- шението што ја доби третата награда, откупен е и трудот на архитектите Игор Котларовски и Александар Дејковски. Инаку, со конкурсот беше предвидено да се додели прва награда од 400.000 денари, втора од 250.000 денари и третата, единствената што и навистина беше доделена, изнесуваш е 150.000 денари. Црквата ќе може да биде висока до 29 метри, како и сите објекти во строгиот центар на градот, а камбанаријата, според канонските правила, дури до 50 метри.
Т.Г.

Извор: Порта 3 , бр.86.
.
 
Подобро е оној ЧИРОТ што е пред зградата на ЕСМ, отколку црква?!

„Европјанинот“ Трифун, како да не бил никогаш во европа...

68232-30-domu-lauk-nite.jpg


2210230412_81de11fd5b_b.jpg
 
Пост без врска. Колку да ја врати и оваа тема, да се прочитаме, препрочитаме, да се потсетиме.
 
Најсмешни ми се овие изјави секаде во светот има црква на главниот плоштад, или каков е тој плоштад без црква. :pos: Плоштадите ширум Европа (ајде нека не биде светот) се направени стотици години наназад, а во тоа време црква било она што денес е во Скопје е кладилница, објект без кој не може да се замисли функционирањето на еден град.

Но, Скопје има поинаква структура, и ние можеме да бладаме колку сакаме и да фантазираме дека сме блиску до Виена и Прага, но вистината е поинаква и од неа нема да не оддели никаква власт, ниту пари и моќ. Можеме да се чаталиме на скопските вратари бидејќи полицијата е зад нас, но против времето ни Ајнштајн не може а против земјотресите ни Соломон.

Затоа, ако веќе толку имаат луѓето желба за цркви, со огромно задоволство ќе им понудам да прошетаат по тетовските и гостиварските села каде сеуште има македонско население да им изградат, а на скопјани ќе им понудам доволно локации во населбите каде нема цркви... Аеродром, Кисела Вода, Карпош, Чаир (најстариот дел на градот, освен турска чаршија, во урбаниот дел не се сеќавам дека има)... :smir:
 
Најсмешни ми се овие изјави секаде во светот има црква на главниот плоштад, или каков е тој плоштад без црква. :pos: Плоштадите ширум Европа (ајде нека не биде светот) се направени стотици години наназад, а во тоа време црква било она што денес е во Скопје е кладилница, објект без кој не може да се замисли функционирањето на еден град.

Но, Скопје има поинаква структура, и ние можеме да бладаме колку сакаме и да фантазираме дека сме блиску до Виена и Прага, но вистината е поинаква и од неа нема да не оддели никаква власт, ниту пари и моќ. Можеме да се чаталиме на скопските вратари бидејќи полицијата е зад нас, но против времето ни Ајнштајн не може а против земјотресите ни Соломон.

Затоа, ако веќе толку имаат луѓето желба за цркви, со огромно задоволство ќе им понудам да прошетаат по тетовските и гостиварските села каде сеуште има македонско население да им изградат, а на скопјани ќе им понудам доволно локации во населбите каде нема цркви... Аеродром, Кисела Вода, Карпош, Чаир (најстариот дел на градот, освен турска чаршија, во урбаниот дел не се сеќавам дека има)... :smir:

Има во Чаир, и тоа баш во НАЈстариот дел од Чаир, на 200-300 метри од Јахја Пашина џамија. Св. Ѓорѓија се вика.
Исто така има и црква во Скопје Север. За накај Бутел надоле, Железара не знам, би те лажел.
 
Има во Чаир, и тоа баш во НАЈстариот дел од Чаир, на 200-300 метри од Јахја Пашина џамија. Св. Ѓорѓија се вика.
Исто така има и црква во Скопје Север. За накај Бутел надоле, Железара не знам, би те лажел.

Е баш на тој тријаголник мислев, Скопје север - Железара - Јаја Паша, кај што не знам дека има. Оние цркви околу Турска чаршија ми се далеку од просоторот кој го замислив, ама лошо го пренесов на форум. А тоа ќе се сложиш е огромна територија.
 
Е баш на тој тријаголник мислев, Скопје север - Железара - Јаја Паша, кај што не знам дека има. Оние цркви околу Турска чаршија ми се далеку од просоторот кој го замислив, ама лошо го пренесов на форум. А тоа ќе се сложиш е огромна територија.

Карпош 1, 2, 3, 4, тафталиџе 1 и 2, немаат црква, најблиските се или кај богословниот факултет, или во долно нерези.
 
Превземено од build.mk

Topic: Предлог: алтернатива за црквата на плоштад
Сведоци сме колку упорно ни се вбризгува у памет со сила дека на Македонија и е битно да добие црква на плоштадот, меќутоа цело време тоа е инспирирано од политички мотив. Но евидентен факт е дека колку и да се сека да се вклопи тоа во градскиот плоштад Македонија тоа не е изводливо. Или како што кажа денес грчев неколку работи на тв, прво "Локацијата едноставно не може да биде попогрешна", а исто така доколку се инсистира на верски плоштад тогаш црквата треба да има централна перспектива а на градскиот плоштад тоа нема да го дибие. Еве јас сега ќе дадам еден предлог. Прво предлогов е во интерес на градскиот плоштад кој ќе го задржи концептот и нема да се нарушио отвореноста према гтц и према источниот дел кој на некој начин е порта на плоштадот. Од друга страна ќе ја задоволи политичката потреба Скопје да добиело верски плоштад, а воедно и нема да се унесреќи улогата на соборна како централен храм односно предлогов ја става во игра и соборна. Финасиската контрукција на мојот предлог далеку се разликува од финасиската конструкција на владиниот предлог но мислам дека мојот предлог ги задоволува сите апетити и страсти! Од друга страна предлогов дава можност дополнително да се денивелира коридорот под плоштад што се наметна како потреба после изградбата на тифани, односно нема да има потреба од оној велеслалом кој сега е цартан во дуп-от.

Еве го предлогот. Се работи за комплетно денивелирање на целата раскрница кај соборна, односно формирање на лебдечки плоштад кој како централен објект во перспектива ќе ја има соборна, а воедно и влезот на соборна ќе биде свртен директно према плоштадот а не косо како што е случај на плоштад. Централноста на соборно дополнитлено ја наглсувам со косте краеви на подплоштадните правци односно на некој начин покажуваат и насочуваат поглед кон соборна. Сега малку ги имам утнато должините на патните правци 2 и 3 до тука се мисли на иста должина, сепак ова е само скица.

pred-1.jpg



---

Еве вака може е подобро! сакав да му дадам некој контекст како дел од круг, ама воедно по пат (додека ја цртав жутава линија) ми текна и сонодот да го обележам у контекст на дрквата иако е тешко да се уигра во платово ама ипак милсма дека и да се нпарваи нешто овде тогаш мора дефинитвно да се надмине онаа висинска разлика меѓу соборна и мпц и онаа ограда што е тамо. Не го да се вратам на платато. сдакав кругов да го нарцтам радијално од фонтаната, ама со оглед дека фонатната не е фиксна тогаш може и еветнуално нема да биде проблем да се направи нова фонтана централна, а не ова корито!

А инаку интересно може да дојдат тука и дерловниот простор на сите други три ќоша (засега 2), па така многу брзо може да се отворат и ресторани и кафиќи и други содржини и сувенири и слично. Баем јас мислам дека ваков плоштад може многу да биде поинтересен него градскиот кога станува збор за викендашко шетање или слично токму поиради поголема можност за нудеење угостителки објекти! Скопјани едно ептен мало фонтанче имаат во чарпија па тепачка е да се седне во него, а замислете што би било доколку тука има централна фонтана.

pred2-1.jpg


Со цел поголема симетричност може синодот воопшто и да не се опфати туку едноставно само црквата. Така центраот на кругот ќе може да се постави било каде на дијагонатала црква-фонтана-даље према корнер. Ваков коцепт ќе ја изедначи должината на краците према буњаковец и према нип. Да не цртам ме сваќате на што мислам!

Башка размислете, ќе добиеме на некој начин плоштад со четири дефакто тераси, а здравје боже едната тераса ќе има поглед директно у тунел односно ќе се добие на некој начин тунел-небо-тунел односно кога ќе се патува од буњаковец према нбрм, тогаш ќе треба да влезете во тунел, на кратко да видите небо и пак да влезете у тунел!



http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=604
 
^ Ако добро разбирам... :toe: Ма ништо не разбирам, што е муабетов, да се бутне црквата, или да се претвори целиот дел во плоштад па да нема улици... многу ми е конфузно... :jaj:
 
^ Ако добро разбирам... :toe: Ма ништо не разбирам, што е муабетов, да се бутне црквата, или да се претвори целиот дел во плоштад па да нема улици... многу ми е конфузно... :jaj:

Подземни сообраќајници. Сегашните сообраќајници да бидат плоштад. Жолтата линија на улиците е местото каде ќе идат под земја.

Сеа разбираш? :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom