Првенствено, повеќето од членовите кои изразиле мислење овде, не е битно дали е за или против, ко што можев да приметам, го имаат изразено од погрешни причини (со исклучпк на ABC и уште некои други). Па не ја личи, па атеисти vs верници, муслимани vs христијани, па фабрики vs цркви, политика, вросисповед, анус, доминус, мајко моја што е наредно? Овде имаме 2 основни проблема:
1. Гледано од аспект на законот, изградба на црква со пари од буџетот на РМ е противуставно, во уставот стои дека Република Македонија е секуларна држава, so there you go my friends, plain and simple, имаме проблем уште од старт. Испаѓа дека владата треба да бара инвеститори или да ги даде парите од свој џеп ако сака да гради црква, буџетот не смее да го дира.
2. Вториот проблем е урбанистичко-архитектонски, за кој ќе глаголам малку повеќе. Како архитекта не можам да се сложам со изградбата на црква на локацијата бр. 4 и тоа од повеќе причини.
Урбанистички гледано се создава непотребно натрупување на објекти и создавање на тесно грло баш пред влезот на ГТЦ каде има поголема фреквенција на луѓе, додека останатиот дел на плоштадот зјае празен и недовршен. Веќе овој простор изгуби на квалитет со изградба на Лумикс (да тоа е името на објектот-чир пред ЕСМ), поради што некои професори изгубија многу во моите очи додека студирав и неповратно си го нарушија својот кредибилитет (на пр. Грчев, Коробар, Хаџи-Пуља и тн.).
Го имам видено планот на старата црква "Св. Константин и Елена", на локацијава апсолутно нема место за објект од тој размер. Решението за кружна црква на ова место е изнудено, која е поентата ако веќе нешто се возобновува да не личи на старото? А ако веќе се гради ново, каква врска има дали е или не е на локацијата на стариот објект (која всушност и не е оргиналната, која е неповратно изгубена под ГТЦ)?
Ако веќе се оди на изградба на црква на плоштад има место за неа на други локации, како 6 и 3. Локација 3 иако има проблем со влезот, би била и поадекватана и од 6, бидејќи нуди можност за поголема дворна површина а колку што сум запознаен земјиштето не е спорно. Канонот и не е толку страчно нешто, црквата би можела да го дообликува плоштадот и со својот апсидален дел.
Во тој случај целото крило од таа страна би требало да биде еклектично, пред се да се надоврзе на триото Офицерски дом-Црква-Ристиќева палата, но да повторам вакви претумбации се непотребни. ГУП за Малиот Ринг постои, и не треба да се менува, туку да се почитува, а не вака секој прави како му чини. Но можеби веќе премногу измени се направени па ГУП личи на Франкештај и време е за нов.
На плоштадот му фалат некојлу објекти, означени на сликата од порано али ај пак да ја ставиме.
Значи, за да го "личи" плоштадот и конечно да се доврши, мој предлог е:
1. Офицерски Дом (само не со проектот на Мангаровски, ве молам!)
2. Градски хотел, театар, градска куќа или друг репрезентативен објект.
3. Црква (или друг објект не е битно)
4. Споменик на Мајка Тереза (те оној истиот од пред Домот на АРМ)
5. Не би ставал објект таму, ако веќе мора, катна гаража за таа подземната улица поред кеј да има смисла, иако е нон сенс, паркинг постои и под ГТЦ.
6. Административен објект.
7. Фонтана.
8. Споменици (као у доба краљевине

)
Ова лупам на брзака, не ме фаќајте за гуша одма. Иначе за тие што не се запознаени, постои едно феноменално решение за овој дел, закопано во архивата на проф д-р Виктор Пајвански, изработена од него и од Мишко Ралев (ако добро се сеќавам), ако некого го интересира нека си контактира со гореспоменатиот професор па да види.
Но, џабе се сите паметни планови и идеи, кога на крај ко што само си кажа Грчев, планот за црквата ќе се прави во некое темно собиче за на крај да остане како лузна од сифилистична рана после силувањето на градот, за што имаме безброј примери, Лумикс, Крстот на Водно, Влајко (последниве две се дела на "генијалниoт" архитект Жан Стефановски), Мостот на цвеќето и тн.
Факт е дека архитектурата секогаш му служи на курентниот естаблишмент, ама мои драги колеги, имајте барем трошка гордост за јасно и гласно да му кажете на инвеститорот кога нешто не чини.
P.S.
Доколку некој се реши да ме обвини како љубител на фабрики, за атеизам и ширење антирелигиозна пропаганда, однапред да кажам, да атеист сум, но имам проктирано црква во мојата кариера која е во изградба, така да "црква" за мене е само уште еден објект, кој секако се трудам максимално професионално да го изработам. И верувајте МПЦ е добар инвеститор.:wink::pop: И се слагам дека цркавата си има посебна естетика, нека се градат па макар само имале естетска вредност.
P.P.S.
Се извинувам што употребувам лични имиња во мојот пост, можеби некој ќе ме осуди за клевета, но сакам јавно да зборувам за одредени луѓе кога истите непрофесионално се однесуваат и едно кажуваат а друго прават. Доколку се испостави дека моите клевети се неоправдани, ќе ми биде особено драго јавно да се извинам и да ги изедам сопствените зборови.