Барате некој закон?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Закон за тоа за секс на јавно место ако може?
Е не може уште за тоа да направат посебен закон :pos:.
Има тоа во Кривичниот закон, повеќе членови за половата слобода и моралот:

- Задоволување на полови страсти пред друг- ти всушност го бараш ова
Член 190
(1)Тој што пред друг врши полово дејствие на јавно место, ќе се казни со
парична казна или со затвор до една година.
(2)Тој што пред дете врши полово дејствие или што ќе наведе дете пред
него или пред друг да врши такво дејствие, ќе се казни со парична казна
или со затвор до три години.

- Подведување и овозможување полови дејствија
Член 192
(1)Тој што ќе подведе на полови дејствија малолетно лице, ќе се казни со
затвор од три месеци до пет години.
(2) Тој што ќе овозможи вршење полови дејствија со малолетно лице, ќе се
казни со затвор од три месеци до три години.
 
Барате некој закон?

Ме интересира каде можам да го најдам законопт или уредбата за професионални болести што ја пропишува министерот за труд и социјала (потребен е за пожарникарите).
 
Луѓе дали се сеќавате едно време кога премиерот излезе на пресконференција и кажа едни препораки од полицајците кои треба да ги применуваат во непосреден контакт со грашаните (пр: да ве поздрават со Добар ден ...да го користат зборот Ве молам и сл. ) МЕ ИНТЕРЕСИРА дали тие препораки имаат своја пишана форма?
ИЛи пак беа само кажани тогаш??

Ако имаат ПИШАНА ОФИЦИЈАЛНА ФОРМА дали ќе можите да помогнете да ги најдам?
 
Тоа во правилата на службата, интерен акт на МВР
 
Тоа во правилата на службата, интерен акт на МВР
Нашата полиција има други правила на службата, прво ќе те поздрави со пендракот а после ќе ти каже добар ден.
Половина од полицајците немаат општа култура а камо ли на културен начин да решат некоја расправија или тепачка на улица.
 
Ако може некој законот за малолетници во локали после 24 часот? колкава е казната ? или само покана за на суд ке ми пристигне?
 
некој да м идаде линк од законот за возење после 23 часот?
 
некој да м идаде линк од законот за возење после 23 часот?
Оди на http://www.pravo.org.mk/ , и побарај го најновиот закон за безбедност на сообракајот на патиштата.Ми се чини дека членот што го бараш е под број 96.
 
Ми треба најновиот закон за државни службеници со последните измени сега што ги направија
 
Јас сакам да знам колку закони има во нашето правосудство и дали има нешто(било што) за кое не постои закон?
 
Јас сакам да знам колку закони има во нашето правосудство и дали има нешто(било што) за кое не постои закон?
Ако идеме по таа логика, нема закон за љубов и нема закон за слободно мастурбурање :).
Наведи ти некој пример, за што мислиш дека нема закон и ќе ти одговориме :pipi:
 
Тој членот каде ако продавачот не ти даде фискална сметка , не си обврзан да ја плаќаш сметката.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom