150 евра плата ли е?

Плата од 150 евра доволна ли е за нормален живот?


  • Вкупно гласачи
    169

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Сметам дека треба да се зголемат ама тогаш наместо 3 вработени ќе работи еден ме сфативте нели.

Нема колку работа толку плата
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Батали просечна плата во Македонија (2ХХХХ МКД), тоа е за администрација.....
Во текстилките сеуште не е воведена таа минимум плата од 8 и нешто ијади. Државата им даде година две да се прилагодат.
***
ЈБГ......една година работам за тие пари (смешните 150 евра), и интересно е колку луѓе во Прилеп сакаат да ги земаат тие пари, да бидат вработени и да земаат.
Па види во право си, за тој што зема 0(компир)ден. плата, за него и тие 150 евра се премија, а инаку договорениот минималец со закон изнесува 8050 ден. но чекај прво да се прилагодат фирмиве и газдиве, па за едно ХХ год. ќе биде и тоа, ако биде !
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Па види во право си, за тој што зема 0(компир)ден. плата, за него и тие 150 евра се премија, а инаку договорениот минималец со закон изнесува 8050 ден. но чекај прво да се прилагодат фирмиве и газдиве, па за едно ХХ год. ќе биде и тоа, ако биде !
Газдата има зацртано овај месец да даде 100.000 денари за плати.Е сега, доколку законски го натераат да дава плата од 8.000 по работник, тој ќе отпушти толку работници колку што треба за да остане во рамките на дозволениот буџет од 100.000 денари и другите ќе ги натера да работат и за отпуштените.
Осмели се!
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Газдата има зацртано овај месец да даде 100.000 денари за плати.Е сега, доколку законски го натераат да дава плата од 8.000 по работник, тој ќе отпушти толку работници колку што треба за да остане во рамките на дозволениот буџет од 100.000 денари и другите ќе ги натера да работат и за отпуштените.
Осмели се!
ЈБГ секаде е иста песна, ако платите се зголемат, тогаш ќе има отпуштање на некои работници .............. што пониски плати повеќе вработеност, што повисоки плати помала вработеност во фирмата(било која) ............. после еден ќе треба да работи за двајца или за тројца ........... ЈБГ ........ и секако ОСМЕЛИ СЕ ..... отвори сопствен бизнис ......... кампања на Вл.на.Реп.МКД :tapp::icon_lol::drk:
 

Necrophilia

Find Prettys Womans from your city for night
Член од
13 август 2006
Мислења
7.633
Поени од реакции
140
Taман се за да не умреш, а сепак да се мачиш. Како и да е, може дополнително хонорарно да работиш - немојте да мислите дека на сите им е розево.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.651
Поени од реакции
35.237
Груевски, Обама и Саркози разговараат за платите.
Саркози вели - ‘‘ Во Франција платата е 4000 евра, 2000 евра им се за живот, со останатите 2000 не знаеме што прават.‘‘
Обама вели - ‘‘Во Америка платата е 6000 долари, за живот им требаат 3000 долари, останатите 3000 долари незнаеме што им прават‘‘
Груевски вели - ‘‘Во Македонија платата е 150 евра, за живот им требаат 500 евра останатите 350 евра од кај ги наоѓаат ние немаме појма‘‘:свиркам:

Он:
Се прашувам само дали пратениците, владата, би се согласиле 1 година да земаат плата од 150 евра, па да видат самите дали се доволни тие пари за достоен живот.
Уметност е преживување со 150 евра плата.




 
A

Antigona

Гостин
150 евра плата ли е?


Луѓе (политичари), зарем не ви е срам?
150 евра плата ли е?
Зарем не знаете подобро да ја менаџирате и да ја организирате државата?

Најде кој да прашаш. Они не ги разбираат парите -сакаш државата да ти ја организираат. Затоа само леб и салама како Тошо ке јадеме.

 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.612
Поени од реакции
2.132
Плата 150 евра?

Ма немој, не кажувај вицови...

2/3 кирија, 1/3 сметки...

Во нормална држава за овие дваесетина години ќе имаше пет шест револуции и стотици политичари линчувани на бандера, јавно...

Нека него дупат народот, подобро ќе биде, ако не ја бидува нека кажат, луѓе Македонија е сиромашна земја и нема да има пристојна плата во наредните 40 - 50 години овдека, кој сака пасошот во раце и нека се снајдува надвор иако се сомневам дека Македонија ќе опстои уште 50 години во оваа форма или дека македонскиот пасош ќе вреди повеќе тогаш

Ама додека има овци само фризури разни ќе им прават...
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
До дека Македонија извезува производи со ниска додадена вредност (пример лон производството во текстило) не очекувајте во тие гранки да има нешто драмитично зголемување на платите. Да бидеме реални се удираме во гради дека текстилот е еден од најизвезуваните македонски рпоизводи а таму просекот е оклу 150 евра некој да работи. Треба да се менува структурата на компании во Македонија да не читаме странски инвеститор отоври фарика за текстил или во превод истрански инвеститор отвори нова цедилница каде што ке работите по 10 саати на ден 6 дена во недела за 150 евра а на него ќарот ќе му остане. Во текстилната индустрија може и за 100до 150 евра да бидат повисоки платите но услов е да прават сопствени марки а не лон производство. Кај нас над 90%од текстилот е лон производство. Ние како држава не можеме како наша конкурентска предност да ја истакнуваме ефтината работна сила, зошто Индија и Кина ќе не прегазат на тоа поле ни треба да се насочиме кон квалитетни производи со додадена вредност само тоа може да не извлече како економија а и да ги подогне палтите на пристојно ниво се друго е шупливо во празна и за крај пример како сличен проблем се реши во Велика Британија . Во Велика Британија во времето на Маргарет тачер она ја уништи цела челична индустрија зошто имаше големи трошоци а малку додадена вредност. Разликата мегу политичар и државник е што првиот гледа до следните избори а вториот за следните 100 години.
 
Член од
27 јуни 2011
Мислења
225
Поени од реакции
42
150 evra plata e ama za vo afrika tie sekako jadat od prirodata sho ce nacekaat imaat prosecna godishna starost od 39 god
 
Член од
6 февруари 2009
Мислења
496
Поени од реакции
462
може да доаѓаат европејциве кај нас на курсеви по преживување во рецесија!
барем у нешто сме најбољи;)
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.854
Ние Македонците сме многу чуден народ кукаме 20 години дека немаме пари а ул, Македонија, Ленинова после дебар мало неможеш место да фатиш ретки се тие што лето не идат минимум во Грција на одмор секоја година. после секоја година се фрлаат по мин 300 евра за нов мобилен. се купуваат коли без разлика дали се нови или поволни се, итн инт , очигледно тоа со 150 евра плата не се купува све тоа претходно наведено. Е сега не може никој да ме убеди дека некој е квалиетен кадар итн а дека зема 150 евра, тоа се приказни (кога мислам на квалитетни кадри не мислам на кадри со партиска книшка и вработени во фирма кај маме и тате) кај нас сакаат директно од факс одма директори да станат по мин 1000 евра да земаат а практично искуство 0 имаат ене може така. Секој те плаќа за тоа колку вредност придонесуваш за твојата компанија а не колку време дремеш во канцеларија ама кај додека го сфатат тоа побрзо може да очекуваме да влеземе во Еу и нато.
Aбе и во Болниците не можеш место да фатиш, ама не сме сите болни.
И во гробиштата не мојш плац да најдиш па не се сите умрени. Ме свати сега што сакам да кажам??
Летниот период нормално Македонците одат во Грција на одмор.
Колку тоа луѓе од 2 милиони што ги имаме во државава одат на одмори во Грција? 2% од населението нека се. Има ли смисла заради само 2% од тие што одат во Грција да ги сметаме другите 98% дека одат?

Коли се купуваат. А знаеш ли колку илјадници семејства во Македонија воопшто немаат кола? (И тоа од македонска националност).
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Aбе и во Болниците не можеш место да фатиш, ама не сме сите болни.
И во гробиштата не мојш плац да најдиш па не се сите умрени. Ме свати сега што сакам да кажам??
Летниот период нормално Македонците одат во Грција на одмор.
Колку тоа луѓе од 2 милиони што ги имаме во државава одат на одмори во Грција? 2% од населението нека се. Има ли смисла заради само 2% од тие што одат во Грција да ги сметаме другите 98% дека одат?

Коли се купуваат. А знаеш ли колку илјадници семејства во Македонија воопшто немаат кола? (И тоа од македонска националност).
2% од 2 000 000 луѓе е 40 000 луѓе сакаш да кажеш дека само 40 000 луге идат во странство на одмор ,кога само за празници деситици илјади коли одат кон солун а стотици автобуси идат кон солун патем од 50 луѓе што познаваш сакаш да ми кажеш дека само еден од нив иде во одмор во странство. Да ја провериме твојата тоерија од 2%
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
темава си ја вртите на заебанција повеќето од вас зата што претпоставувам или имате добри плати (200+евра) или пак сеупште се на факултет/средно па ви изгледа како курташак играње.

ако ви е стварно до заебанција - еве кажете јас ке ви дадам 150 евра во месецот да видам како ке се снајдете. има луѓе што живеат со фамилија со овие пари. ај да не земам 4 члено семејство ке земам 2 пример млад брачен пар - што ке направите попрво со тие 9 000 денара? ги ставам најосновните работи за живот тука - значи сметка за струја и за вода (без овие 2 неможете никако се друго е миновно ) + месечна прехрана. ај вие кажете ми како ке искочите на крај со овие пари за 2ца + има ред други работи кои не ги спомнав а сакале несакале МОРА да ги дадете.
--- надополнето: 29 април 2012 во 23:56 ---
Aбе и во Болниците не можеш место да фатиш, ама не сме сите болни.
И во гробиштата не мојш плац да најдиш па не се сите умрени. Ме свати сега што сакам да кажам??
Летниот период нормално Македонците одат во Грција на одмор.
Колку тоа луѓе од 2 милиони што ги имаме во државава одат на одмори во Грција? 2% од населението нека се. Има ли смисла заради само 2% од тие што одат во Грција да ги сметаме другите 98% дека одат?

Коли се купуваат. А знаеш ли колку илјадници семејства во Македонија воопшто немаат кола? (И тоа од македонска националност).

прво. незнам дали е НОРМАЛНО македонците ( како сиромашен народ зборам ) да одат во грција каде што престојуваат во тро поскапи хотели па вакви коктели пиеле па незнам ваму се шетале таму.... да не продолжувам за ова ке напишам реферат.

2% - погоре ти објасни дечкото колку се 2% од 2 000 000 луѓе а и некако математикава ама ИЧ не ти држи вода. само да те потсетам - според ОФИЦИЈАЛНА статистика во македонија имаш 30% невработеност. - другите не живеат како богови нормално ама немој да мислиш дека се во некоја СУПЕР финансиска состојба.

кажуваш колку илјадници македонци немаат кола - а претходно кажуваш дека 98% од народот живее онака ОК... - што мислиш зашто немаат кола тие другите? зашто неможат да соберат пари едно мочано југо од 200 евра да земат? ако порано колата била луксуз верувај денеска колата е дефинитивно ПОТРЕБА.
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
83
Поени од реакции
46
Зошто се значајни интелектуалците? Тие треба да се оние кои ќе се најгласни со својот критицизам и скептицизам, бидејќи оваа сегашна состојба кај нас е резултат на дводецениско молчење и затварање очи. Дури и најдобрата влада треба да е предмет на критика, како не би се пасивизирала и заминала во погрешна насока.
--- надополнето: 30 април 2012 во 00:23 ---
Кај нас според трошоците за живот моментални треба да е минимална плата од 500 евра за да живее човек достоинствено. Проблемот е во неспособните влади кој досега ги имавме и кој никако не пронајдоа начин да овозможат услови за работа (дали од административни забрани, дали закоравен судски систем без завршници, дали од присилни такси и давачки, од крадење без осет и задолжување,итн). Најголемиот проблем лежи во народот кој е пасивен посматрач на се околу него.
Ние имаме мртво стопанство, ние немаме капитал да обновуваме зошто сите минати години сме во минус. Стопанството е на колена неколку години, тоа нема сили да апсорбира нови кадри, а и тие што ги зема гледа да ги стави на најмали трошоци. Не за џабе имаме 40% невработеност.
--- надополнето: 30 април 2012 во 00:28 ---
Инаку да бидеме реални со овие смешни пари(150е) не се преживува ниту сам, а камо ли па да имаш жена и дете/деца, а притоа да немаш поддршка од никого !
Смешни работи се овие, од една страна се труби дека просечна нето плата во МКД е 21 илјада денари, а во реалноста платите се испод овој просек, но секако тој просек го крепат парламентарците, министрите, директорите, градоначалниците и.т.н. кои земаат повеќе од 50/60 илјадарки на месец ! :tapp:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom