15 години СМС

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.581
Поени од реакции
8.582
Веб-сајт
www.flickr.com
Мобилната индустрија оваа година го прославува 15-тиот роденден на Short Message Service Centre (SMSC) системот попознат како СМС. Имено, компанијата Acision во далечната 1992 година го претстави првиот SMSC систем кој истата година за прв пат како услуга го понуди Telenor-еден од водечките мобилни оператори во Европа.


Во 1992 година, базичниот SMSC (верзија 1.0) имал капацитет од само 10 пораки во секунда кој се зголемил на 500 пораки во секунда дури во 1999 година, за кога се смета дека СМС пораките стануваат еден од најпопуларните сервиси во мобилната телефонија.

Кога се согледала огромната популарност на СМС пораките и потребата од поголеми капацитети, Acision на пазарот ја представил наредната генерација SMSC системи кои биле базирани на IP архитектура и се користат до ден денес. Капацитетот на денешните SMSC системи изнесува 16.000 пораки во секунда со можност за развој до неограничено ниво.


Интересно е да се спомне дека и покрај огромниот развој на мобилната телефонија и постојаното лансирање нови услуги и можности, како на пример ММС-мултимедија пораките кои се очекуваше дека ќе ги заменат СМС пораките, тие ни од далеку не го достигнаа успехот и популарноста на “обичните“ текстуални пораки. Ова само го потврдува фактот дека понекогаш едноставноста е “повеќе“. СМС пораките и понатаму остануваат една од најпопуларните услуги која покрај телефонијата е најголем извор на профит за мобилните оператори.


Пионерот Acision денес е лидер на СМС пазарот, а неговите системи се одговорни за повеќе од половина од целокупниот СМС сообраќај во светот.

Извор
 
......и мислам дека е редно време СМС да отиде у пензија.....
 
15 години Ес-Де-Ес?:nesvest: WTF ааааа Ес-Ем-Есссссс...:pos:

Епа стварно закон работа, многу ги користам супер се. Кратко и јасно SMS рулЗ
 
Гулабите ојдоа в пензија пошто остареа, СМС нема никогаш да остари.
веруј. ќе биде демоде некогаш да пракаш пораки од 160 карактери.

Порано смс проаките беа со 75 карактери и чинеше 30 денари една порака, мислам на 1997/98/99, со до 2000 година кога искочи припејд тарифата и ги намалија на 15 денари, видоа дека многу деца почнаа да користат мобилни и ги намалија на денешната стандардна 5 денари по порака. Едно време имаше доста добри акции од космофон - безплатни смс за викенди, се растуравме од пракање - дури понекогаш и ни досаѓаше. Како и да е се од технологијава си има свои 5 минути кои некогаш мора да си отидат. ММЅ пораките се од 1000 карактери а моментално цената им е 15 денари. Да така ако пишувате некој подолг текст - поисплатливо би ви било ммѕ да пратите одколку смс... што значи наследник на смс е ммѕ-от. После тоа имаме звучни пораки и кога ке пристигне третата генерација (ако некогаш пристигне) ке имаме и видео пораки :)

гад блесс ЅМЅ - да не беа пораките сигурно немаше да имам толку мувачици и девојки до сега :):pos2: :drk:
 
Порано смс проаките беа со 75 карактери и чинеше 30 денари една порака, мислам на 1997/98/99, со до 2000 година кога искочи припејд тарифата и ги намалија на 15 денари,
Грешка си. Во тоа време беа бесплатни, бидејќи ретко кој ги користеше (многумина знаеа само да свртат број и толку). Но, после добија на популарност и почнаа да ги наплаќаат.
 
Па Флопито и ВХС ојдоа в пензија. Винилот не се дава (сеуште постојат Ди Џеи кои вртат винилки). А за СМС па ајде коа ќе остариме ќе дознаеме.

гад блесс ЅМЅ - да не беа пораките сигурно немаше да имам толку мувачици и девојки до сега :):pos2: :drk:
:pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos:
 
Грешка си. Во тоа време беа бесплатни, бидејќи ретко кој ги користеше (многумина знаеа само да свртат број и толку). Но, после добија на популарност и почнаа да ги наплаќаат.
не бе сигурен сум дека 30 денари порака беше, и тоа мислам прв телефон со смс подршка што го имав беше 628и 30 денари кошташе една порака, затоа никој не ги пракаше. Поефтино бепе муабет да напрајш.
 
Кога излегоа, бидејќи не ги користеа беа бесплатни. Во право е Мистичен.
 
:pos: значи затоа биле бесплатни дека никој не ги користел, во тој случај од каде знаете дека биле бесплатни кога никој не ги користел? :pos:
 
Znajs kako viket??? Simple is always better.
 
на првиот телефон имав вкупно 1500 ојдовни и дојдовни sms..
 
ok, темава не е за тоа наменета. Но ме интересира што телефон било тоа?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom