Жалосно е што вакви монструми успеваат да се извлечат со помали казни од тоа колку заслужуваат да изгнијат во затвор, најмногу поради тоа што се вадат на психичкиот момент.
Доволно е психијатар да сведочи и да даде мислење дека овие луѓе, педофиливе, се пред се болни, и на некој начин и самите педофили успеваат со тоа да ги направат жртви на сопственото пореметување, нели, кое ете неможат да го контролираат. Педофилијата е дијагностицирана како болест, и очигледно е дека на таа карта се вадат при судење, а за жал, психијатриве немаат абер од кај да почнат да ги лекуваат овие пореметени ликови, но важно знаат да им ја дадат дијагнозата и потврдат, и после на суд користејќи го тоа, да се извлечат со помали казни.
По мене, проблемот е во докторите, они треба или да најдат начин да го лечат ова пореметување, а ако незнаат што да им прават, тогаш да не ја користат нивната демек болест за да ги оправдаат, туку да се нагласи дека се и те како свесни за тоа што го прават, и дека тој нагон може да се контролира. Самото судство во случаите со педофилија неможе многу-многу што да направи, ако прво не се измени целиот однос кон нив, прво од оние под чија одговорност и подпаѓаат, психијатрите нели.