Јулијански или Грегоријански календар?

  • Креатор на темата Креатор на темата vone
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Локација
Тука негде наоколу
БИЗНИСОТ, ЦРКВАТА И ДРЖАВАТА ЌЕ БИРААТ

Јулијански или Грегоријански календар?!

E52C5D33E442AE42ABC922A84020F81D.jpg
Поглаварот на Македонската православна црква, г.г. Стефан остава простор да се разговара за промена на календарот. Иако неговиот личен став е дека на христијанството му е потребен единствен, веројатно трет календар, сепак тој вчера начелно го прифати предлогот на бизнис заедницата за ова прашање да се отвори поширока дебата. Секоја година пред Божик, во јавноста се поставува прашањето дали Македонија треба да го прифати новиот Грегоријански календар и да ги усогласи празниците заедно со европските држави. Ако досега тоа главно го поставуваа медумите и поединци, овој пат тоа пршање доби официјален предлог. Сојузот на Стопански комори побара заедно со Владата и црквата да седнат и да најдат начини како да се реши ова прашање.
Архиепископот г.г. Стефан вели дека пред 30 години ова прашање било разгледувано на црковните тела, но надвладеал ставот дека МПЦ треба да остане да ги слави празниците според стариот Јулијански календар.
- Прашањето од бизнис заедницата е интересно прашање заради бизнис релациите со западниот свет. Инаку, календарот не е догматско прашање, бидејќи православните цркви денес се поделени по ова прашање, некои слават по Јулијанскиот, а други по Грегоријанскиот календар. Веројатно ова прашање ќе дојде на дневен ред на Светиот архиерејски синод, но кога јас би се прашал, би посакал заеднички календар за сите хријански цркви, вели архиепископт г.г. Стефан, нагласувајќи дека е добро за ова прашање да се дискутира.
Претседателот на Сојузот на стопански комори, завчера на премиерот Никола Груевски му соопшти дека бизнис елитата има потреба од услогласување на празниците по единствен календар.
- Македонија ги слави христијанските празници во исто време само со уште неколку држави, кои се надвор од Европската унија и се надевам дека за ова ќе разговараме со Владата и Црквата, вели Венко Глигоров, претседател на Сојузот на стопански комори.
Во Владата пак велат дека сите предлози добиени од Сојузот на стопански комори ќе ги разгледаат, но за календарот велат дека е црковно прашање во кое главниот збор ќе го има црквата.
Македонија заедно со Русија, Србија, и дел од Грција и Света Гора, го практикуваат Јулијанскиот календар. Останатите православни цркви, меѓу кои од пред десетина години е и Бугарската православна црква, празнуваат по Грегоријанскиот календар. Историските искуства покажаа дека речиси во сите држави каде се изврши промена на календарот се појавија нови црковни расколи. Класичен пример е Грција.
Науката без теологијата е саката!

Православниот богословски факултет "Св. Климент Охридски" вчера прослави 30 години од своето постоење. Во овие три децении од клупите на овој факултет излегоа најголемиот број кадри кои ја градеа независноста и афтокефалноста на Македонската православна црква. Деканот, проф. д-р Ратомир Грозданоски, вели дека Богословскиот факултет одиграл заначајна улога во нестабилните времиња на Македонската црква. Дури седуммина од актуелните членови на САС на МПЦ, дипломирале на овој факултет. Факултетот својата иднина ја гледа во воведувањето на верското образование, но и во конечното интегрирање во составот на државниот универзитет "Св. Кирил и Методиј".
- Теологијата мора да биде составен дел од Универзитетот, затоа што науката и теологијата се заемно поврзани. Теологијата без науката е слепа, а науката без теологијата е саката, вели проф, д-р Ратомир Грозданоски, декан на Богословскиот факултет.


Па сега и ние малку да се изјасниме по ова прашање

По мене и црквата треба да го прифати Грегоријанскиот календар бидејки разликата помеѓу нив нема верска основа, туку чисто астрономска, односно со Грегоријанскиот календар е исправена грешката која настанала со вековите во Јулианскиот календар.
 
Па може и ние како цел свет не е уопште никаков проблем. Кога тоа функционира во Бугарија и Грција зашто не и кај нас. Сега скоро беше и прашањето за обединување на источната и западната црква, а ова еден чекор кон таа цел. Значи ја сум за.
 
Веќе кога официјален календар во државата е Грегоријански, не знам што тргаат инает да биде по Јулијански календар.

Мене ме иритира изјавата на тој како се вика владиката, дека македонскиот народ не го сака 25.12? Кој вика тоа? 90% од луѓето според мене сакаат да биде на 25.12! Така е правилно. Ние не славиме Нова Година на 14.1 па да биде Божик на 7.1!
 
Веќе кога официјален календар во државата е Грегоријански, не знам што тргаат инает да биде по Јулијански календар.

Мене ме иритира изјавата на тој како се вика владиката, дека македонскиот народ не го сака 25.12? Кој вика тоа? 90% од луѓето според мене сакаат да биде на 25.12! Така е правилно. Ние не славиме Нова Година на 14.1 па да биде Божик на 7.1!

Toчно. Се знае дека Нова година треба да биде после Божиќ, а кај нас е обратно... Тоа е грешката и треба да се исправи(па нели сакаме во Европа:smir: )
 
Јас сум за Грегоријанскиот, тоа го сакам уште од мала. МИ одговара, да бидам во тек со цел свет! Мислам дека тој период од годината ОСОБЕНО Бадниковата вечер сите си се по дома и се обединуваат и барем за момент луѓето не мислат на своите проблеми, целосно се посветуваат на религијата и Бога, а тоа е позитива. Си ги полниме батериите, па кога сите го прават тоа на 24, шират позитивна енергија, зошто да не го правиме тоа и ние? Едноставно, уште поголемо задоволсто, да се биде дел од целата таа позитива.
не гледам причина зошто да не го прифатиме предлогот? и така, Н.година славиме по грегоријански, а бадник по Јулијански, па ако веќе нешто мениме, нека биде согласно целиот христијански народ.
 
Нема особено значение - дали е коледа на 25 декември или е на 7 jануари, дали е Трифон Зарезан на 2 февруари или на 14 февруари, все пиене пада :-)

А и вижте ги руснаците, започват от 24 декември свршват на 7 jануари. А некои продалжават и оште

[media]http://youtube.com/watch?v=SkEIV1vXBAQ[/media]
 
Еве зашто не треба да се смени календарот. Ако го смени Русија (како центар на православието), тогаш и ние да го смениме. Само, мислам дека тоа нема да случи. Така што, останувам за тој календар што е сега.
 
Страмота каков грегоријански календар да можиме и државата би ја продале за пари. Што има врска кога е божик за католиците и за остатокот од светот ние сме си Македонија и за нас божик е на 7,01
и друго не ме интересира нека одат у пм и европа и остатокот од светот
 
Страмота каков грегоријански календар да можиме и државата би ја продале за пари. Што има врска кога е божик за католиците и за остатокот од светот ние сме си Македонија и за нас божик е на 7,01
и друго не ме интересира нека одат у пм и европа и остатокот од светот
се согласувам :aplauz:
 
kalendarot e ist т.е ако се израмнат календарите грегоријанскиот и јулианскиот, пр. католички божик е на 25.12 по овој календар а по стар - т.е календарот по кој ја славиме стара нова година 14.01 нашиот божик е на 25.12 по старо а на 7.01 по ново (сегашно). ЈАС СУМ ЗА. ништо ама ништо не губиме само ќе се израмнат календарите.
 
До пред некое време бев изразито за јулијанскиот календар, но сега кога северниот сосед ни прави спор со црквата за инат на нив сум за грегоријанскиот календар.
 
Јас не се согласувам да се промени, треба да си остане 7-ми јануари, како што било од дамнини.

Она што сакам да ги прашам оние кои ова го иницираат постојано е зошто само Божиќ сакаат да го променат?
Зошто на пример не сакаат да го променат и Велигден?
Или зошто не побарале да се промени 24-ти Мај, 2-ри август или 8-ми септември? И тие се наши празници кои не се поклопуваат со остатокот од светот, нели? Дали треба и тие да ги смениме и да прифатиме нечии туѓи прослави на национални денови, со оправдување од типот "па и другите држави исто така не работат на тој ден"? Некој можеби ќе каже дека овие денови не може да се аплицираат, бидејќи се државно-историски празници. Но, оставете го тоа настрана, друго ми е муабетот.

Аргументот на поборниците за оваа промена е дека на 25-ти декември поголемиот дел од светот не работи, па поради тоа, бидејќи не може да се тера многу бизнис и ние треба исто така да одмориме. За сметка на тоа, 7-ми јануари ќе биде работен и така ќе можеме да одговориме на барањата на бизнисот, односно полесно ќе кореспондираме со останатите.

Моето прашање е ако може да одмараме на национални (погоре спомнати) празници и тоа да не влијае на нашето деловното работење со остатокот од светот, тогаш што толку ќе се изгуби или колкави загуби бизнисот ќе доживее, доколку одмараме и на 7-ми јануари? Еден ден е во прашање, а еден ден ништо нема на промени.

На пр., земето го следново чисто како една паралела.... ако не се случуваат никакви турбуленции во бизнисот кога го прославуваме 2-ри август, бидејќи нели бизнисот стои и на тој ден, зошто мислат дека би било трагично ако го прославуваме 7-ми јануари? Што толку ќе се промени во работењето, за да треба тој ден да го укинеме?

Кина на пример, земја со skyrocketing развој, и која има бизнис клима, обрт и динамика далеку поголема од нашата, не го слави Божиќ како празник и најнормално си работат. Плус тоа, Кина е 1/6 од светската популација. И како таква сила и таа сигурно си има свои државни празници, кога бизнисот запира во однос на остатокот од светот, па нема никакви проблеми. Зошто се мисли дека ние би имале и тоа баш на 7-ми јануари?

Не сакам да се смени, тој ден е репрезент на нашата духовност и треба да си го чуваме и славиме на истиот датум како што отсекогаш сме го славеле. Нема потреба да се прават промени, особено не за прослави кои имаат најдолга историја на славење (ако погледнеме во однос на др. државни празници).

Ако веќе толку многу сакаат да ги усогласат со Европа, еве еден предлог. Нека го воведат 25-декември како неработен и нека го земат 1-ви мај како замена. Бива? :) Итака е социјалистички празник до коска и нема никаква поврзаност со македонска религиозна или национална историја.

п.с. 8-ми март не ми го чачкајте, тој не би го жртвувала, сепак, бисерка сум. :pipi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom