Граматички правила и правопис

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин$
  • Време на започнување Време на започнување
ЕВгеника, ЕВтаназија, херменЕВтика, пнЕВматичен, рЕВматичен, пнЕВмонија, ЕВропа, нЕВрон, терапЕВт, фамацЕВт... ами оти Амадеус, нуклеус и реума? А да, и Морфеус (онојга од Матрикс) Треба АмадЕВс, нуклЕВс, рЕВма, и МорфЕВс! Ферски е и конзистентно.
 
прашање до упатените:
дали во правопис може да се употреби НИ’ (со надреден знак)?
да објаснам, ....... нам ни рекоа тоа и тоа .......... или нам НИ’ рекоа тоа и тоа
знам дека НИ се употребува за негација, односно НИ секира, НИ нож може да го исече. тука ми е се’ јасно.
 
прашање до упатените:
дали во правопис може да се употреби НИ’ (со надреден знак)?
да објаснам, ....... нам ни рекоа тоа и тоа .......... или нам НИ’ рекоа тоа и тоа
знам дека НИ се употребува за негација, односно НИ секира, НИ нож може да го исече. тука ми е се’ јасно.

Не, не е усвоено такво правило, нема надреден знак кај НИ.
 
Не, не е усвоено такво правило, нема надреден знак кај НИ.
и јас така мислам, али со еден член се дискутира, па би било фино ако може да ставиш линк или било што, а го поткрепува ова што го велиш
 
и јас така мислам, али со еден член се дискутира, па би било фино ако може да ставиш линк или било што, а го поткрепува ова што го велиш

Линк.

Честопати, зборувачите кои недоволно ги научиле јазичните правила, прават грешки во обидот да не згрешат. Така, се среќаваат и други заменски форми со надреден знак.

Пример:

Нѝ треба вашата поддршка.

Вчера ѝм се јавив за да ги поканам на состанок.

Секако, ова е погрешно.
 
фала, али ова нема да го убеди човекот. ми треба нешто официјално

Официјален документ за правилната употреба на надредните знаци на интернет не знам колку може да се најде.

@Тапетарот Петар мислам дека би можел да помогне. :)
 
ок, ќе го почекам и него, ...... упорен е човекот :pos: дека се ставало надреден знак на НИ
 
Според правописот, надреден (дијакритички) знак се става само над кратките заменски форми нè (нас нè прашаа) и ѝ (нејзе ѝ реков) . Еве коментар за други употреби на нареден знак кои не се пропишани според правописот.

„Честопати, зборувачите кои недоволно ги научиле јазичните правила, прават грешки во обидот да не згрешат. Така, се среќаваат и други заменски форми со надреден знак.

Пример:
Нѝ треба вашата поддршка.
Вчера ѝм се јавив за да ги поканам на состанок.

Секако, ова е погрешно.“

Едит: Вокерка веќе го цитираше ова. Декшаајте за повторувањето.

Е сега, може да се спори дека би било сесема конзистентно нѝ да се пишува со надреден знак, токму како што членот на „Кајгана“ го употребувал. Причината е едноставна: да се избегне двозначноста на ни/нѝ

На пр, Ни лук јал, ни лук мирисал. (тука ни е негативна партикула), со

Нѝ рекоа дека ќе врнело. (кратка заменска форма)

Резимирано, нѝ е нестандардна употреба која не е пропишана со правиописните правила.

Тука може да се симне македонскиот правопис, кој сака официјална верзија.

Кој сака да се замара понатаму околу ова, еве материјал за размислување:
Македонскиот правопис не е докрај конзистентен и примеров со нѝ укажува на тоа. Во постот погоре постирав и пример за транслитерација на ЕВ во некои заемки, а има и проблем со транслитерација на лични имиња. На пр. оти пишуваме Џон Вејн а Марк Твен, а не Твејн? Има и други примери на неконсизтентност при асилимилација (едначење по звучност).

Значи, има доста материјал за ревизија на правописот. Таквата ревизија е класичен глотополитички акт -- некоја институција прогласува ревидиран правопис. Од друга страна, ниеден човечки јазичен систем не е докрај логичен ниту симетричен, ниту пак постои правопис на било кој јазик со 100% конзистентност.
 
Пишувајќи еден пост на друга тема, се замислив.
Како се пишува правилно зборот „подфорум“?
Со „д“ или со „т“?

Мене повеќе ме влече кон првото, ама се замислив дали треба да има едначење по звучност, како на пример: потфат и потфрли.
 
Пишувајќи еден пост на друга тема, се замислив.
Како се пишува правилно зборот „подфорум“?
Со „д“ или со „т“?

Мене повеќе ме влече кон првото, ама се замислив дали треба да има едначење по звучност, како на пример: потфат и потфрли.

Убо си опитвиш, моме Бисеро. Да ти одговорам веднаш: „подфорум“ е стандардниот правопис. То шо те влечит е фонолошконо правило. Значит, во изговорот имат едначење кајшо „д-“то се обезвучвит во „т“ -- па секојпат се изговарат: „потфорум“. То е зато шо во вакви консонантски комбинации се дешават регресивна асимилација -- иницијалнион безвучен консоснант од основана го обезвучвит звучнион финален консонант на префиксон. Е сега ќе речиш, „Убо ре, ами оти не се пишит „подфат“ и „подфрли“? Ево зошто: „потфат“ и „потфрли“ се лексикализирани форми (морфо-фонолошки петрифицирани) кајшо префикснана морфема „под“ е инкорпорирана и морфолошки и фонетски и зато се пишит и се изговарат „пот“. Во „подфорум“ то не е случај -- мофролошката структура си стојт. Беља работа. Знам, на чоек шо се думат какодапишит објасвењево ич не му вршит работа. Како после чоек да не се напијат?! Значит, нашана ортографија не е 100% фонетска. Кој велит дека е фонетска, мамит. Не постојт ниедна совршено фонетска ортографија во ниеден јазик. Постоет појќе или помалу фонетски ортографии. Нашава (во однос на францускана) е убер фонетска. Францускана е морфолошка -- зато кутрине Французи редет по 3-4 букви за само еден глас, шо ќе речит за бадијала. Енглескана ортографија е за никаде, такуѓере. Ги немале Кирил и Методиј и то им се имат катастрофално одразено.
 
ПЕЧАТАЧ наместо ПРИНТЕР, ПРИТИСКАЊЕ наместо КЛИКАЊЕ, СТРАНИЦА наместо САЈТ.
 
ПЕЧАТАЧ наместо ПРИНТЕР, ПРИТИСКАЊЕ наместо КЛИКАЊЕ, СТРАНИЦА наместо САЈТ.


Технички, страница и сајт не е едно исто, исто како што web page не е исто со web site.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom