Според правописот, надреден (дијакритички) знак се става само над кратките заменски форми
нè (
нас нè прашаа) и
ѝ (нејзе ѝ реков) . Еве
коментар за други употреби на нареден знак кои не се пропишани според правописот.
„Честопати, зборувачите кои недоволно ги научиле јазичните правила, прават грешки во обидот да не згрешат. Така, се среќаваат и други заменски форми со надреден знак.
Пример:
Нѝ треба вашата поддршка.
Вчера ѝм се јавив за да ги поканам на состанок.
Секако, ова е погрешно.“
Едит: Вокерка веќе го цитираше ова. Декшаајте за повторувањето.
Е сега, може да се спори дека би било сесема конзистентно
нѝ да се пишува со надреден знак, токму како што членот на „Кајгана“ го употребувал. Причината е едноставна: да се избегне двозначноста на ни/нѝ
На пр,
Ни лук јал, ни лук мирисал. (тука
ни е негативна партикула), со
Нѝ рекоа дека ќе врнело. (кратка заменска форма)
Резимирано,
нѝ е нестандардна употреба која не е пропишана со правиописните правила.
Тука може да се симне македонскиот правопис, кој сака официјална верзија.
Кој сака да се замара понатаму околу ова, еве материјал за размислување:
Македонскиот правопис не е докрај конзистентен и примеров со
нѝ укажува на тоа. Во постот погоре постирав и пример за транслитерација на ЕВ во некои заемки, а има и проблем со транслитерација на лични имиња. На пр. оти пишуваме Џон Вејн а Марк Твен, а не Твејн? Има и други примери на неконсизтентност при асилимилација (едначење по звучност).
Значи, има доста материјал за ревизија на правописот. Таквата ревизија е класичен глотополитички акт -- некоја институција прогласува ревидиран правопис. Од друга страна, ниеден човечки јазичен систем не е докрај логичен ниту симетричен, ниту пак постои правопис на било кој јазик со 100% конзистентност.