Граматички правила и правопис

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин$
  • Време на започнување Време на започнување
А нели “Пишувај како што изговараш, читај како што е напишано“ е правилото на Македонскиот литературен јазик дадено од Крсте Петков-Мисирков?

Крсте Петков Мисирков како основоположник на македонскиот јазик од 1903 веројатно не го земал во предвид фактот дека јазикот како таков ќе еволуира низ годините додека да ја добие својата стандардна форма која денес ја знаеме.
Не сите зборови се читаат како што се пишуваат, правилото за звучност не секогаш се поклопува со правилото за правопис.
 
Матрејал- наместо МА-ТЕ-РИ-ЈАЛ :nesvest:
 
Интелегенција или Интелигенција? Јас мислам дека е со е (прв случај) затоа што доаѓа од латинскиот збор intellectus а не intellectis. Планирам да ја прашам професорката македонски јазик но дотогаш секој одговор е добредојден.
 
Интелигенција е мислам :)

--- надополнето ---

Т.е мислам дека и двете се правилни само се користат различно :toe:
 
Во правописниот речник стои-интелигенција.

И, бидејќи погоре на страната видов своевремен бисер од Аут Бој "А нели “Пишувај како што изговараш, читај како што е напишано“ е правилото на Македонскиот литературен јазик дадено од Крсте Петков-Мисирков?" јас ќе направам мала корекција (за жал години подоцна и во форумско отсуство на гореспоменатиот) дека "оргиналот" звучи вака: „пиши као што говориш, а читај као што је написано“, како принцип кој при својата работа на реформата на кирилицата и работата на граматиката на српскиот јазик го применил Вук Стефановиќ-Караџиќ.

Исто така: "...Залагањето за создавање на македонски литературен јазик датира уште од почетокот на XIX век, со појавата на Просветителите. Тие се застапувале за употреба на македонски народен јазик, на кој и ги пишувале своите книги и текстови, а првите книги се со религиска содржина за да ја приближат верата до народот. Од големо значење се залагањата на Јоаким Крчовски, Кирил Пејчиновиќ, и Теодосиј Синаитски, а посебно се истакнуваат Ѓорѓија Пулевски и Крсте Петков Мисирков, кој во својата книга „За македонцките работи“ одвојува статија во која ги изјавува своите ставови за начинот на формирање на македонски литературен јазик. На Првото заседание на АСНОМ, 2 август 1944, е донесен решение за воведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава. Комисијата за азбука и правопис своите ставови ги формулирала во Резолуција, донесена на 3 мај, а усвоена на 5 мај 1945 година. Заслугата на Блаже Конески за кодификацијата на македонскиот литературен јазик е во тоа што создал „Граматика на македонскиот литературен јазик“, „Речник на македонскиот литературен јазик“, како и „Правопис на македонскиот литературен јазик“, подготвен заедно со Крум Тошев, кој е озаконет на 7 јуни 1945.
Низ историјата и низ својот развој, македонскиот јазик користел неколку писма за пишување. Така, македонскиот јазик користел повеќе писма меѓу кои: старомакедонската азбука, глаголицата, црковнословенската кирилица, илинденската азбука и преродбеничката азбука. Денес македонскиот јазик користи македонска азбука, односно кирилична азбука приспособена на македонскиот фонетички и фонолошки систем. Македонската азбука е базирана на реформите и азбуката на Крсте Петков Мисирков...."

...И така ја барав малце, ама нигде не ја најдоФ врската на Мисирков со “Пишувај како што изговараш, читај како што е напишано“. Напротив, ја најдов врската на Караџиќ, "...Основна вредност Писменице је било њено радикално упрошћавање азбуке и правописа. Вук је у њој применио Аделунгов принцип: „пиши као што говориш, а читај као што је написано“..."

И ондак то...
 
Разлика е во тоа што вторите два збора не постојат. :toe:

Објасни повеќе зошто не постојат.
Јас би рекол дека постојат, но можеби не се заведени во Правописниот речник.
Пази има разлика меѓу вонземно, вонземско и вонземјанско. Вонземјанско значи има врска нешто со Вонземјани. Вонземско исто така. Вонземно не е чуден збор, но можеби не постои. А и да не постои, во пракса би значел нешто што нема врска со планетата Земја.

--- надополнето ---

Молам некој да ми објасни како МОЖЕ ДА УПРАВУВАМ СО ДРЖАВАТА, ВЛАДЕАМ СО НАРОДОТ, РАКОВОДАМ СО ИНСТИТУТОТ и сл.

За мене како роден во Бугарија тоа ми е некако нелогично. Јас ја управувам државата или управувам заедно со неа или јас го раководам институтот или раководам заедно со институтот?

Да не да е нешто од српското УПРАВЉАТИ ДРЖАВОМ?

Ништо не е нелогично. Се работи за колокации. Така зборуваме ние, а тоа што се поклопуваат конструкциите и во други словенски и несловенски јазици тоа е друга работа. Сигурно нема да викаме Управувам на државата или владеам на народот. Ете тоа звучи чудно.

Или пак на пример: што би рекле кога би рекле: СЕ ПЛАШАМ ПРЕД ДОЖД. Вака се збори на германски. Или имам СТРАВ ПРЕД, наместо ИМАМ СТРАВ ОД.
Исто така: БОЛЕН Е НА (се вика на германски буквално), а кај нас (БОЛЕН е ОД) ако имаш други, прашај

Српските колокации не секогаш се исти со нашите. Се плаши од нешто точно, во српски може генитив без препозиција. Бојити се чега... Ете тоа е разликата.

поздрав
од сикиди

--- надополнето ---

Правописни грешки што ми бодат очи има мал милион, пр. заВзема место зазема е смешно исто како и оПкружува наместо окружува

Не е штосот во тоа што е поубаво, но во случајов си во право: според македонскиот правопис негацијата се пишува одделно од глаголот СЕКОГАШ!, без исклучок.

зборовите „зазема, презема„ се пишувале по стариот правопис на Кепески, ми се чини со в: превзема, завзема. Но, денес не е случај. Не би рекол дека е огромна грешка, бидејќи вака учеле дека се пишува постарите генерации, а дека в постоело во вземати покажува и бугарскиот збор взема...

--- надополнето ---

Еј, малце кумановски сквернавења. Во некои од околните наСЕЛби, има двосеК и тросеК :nesvest:
Секако, мислам на двосеД и тросеД.

Ааа, не е убаво вака да се зборува. Кумановскиот дијалект или јазик е едно богатство за нас. Тој има свој систем кој се разликува и од српскиот и тоа треба да се почитува. Да се зборува кумановски не значи да се зборува нешто неубаво (Јас сум скопјанец, да не мислите дека сум субјективен).
 
Едно питање поради коа стално доаѓа до неспоразум меѓу двете странки. Како е правилно во Македонскиот јазик да се пишува прво презимето па името или прво името па презимето? Пр. Петковски Петко или Петко Петсковски... ??
 
Мислам дека нема некое одредено правило, ама во документи претежно иде името, па татково/мајчино име, па презиме...
 
Мислам дека нема некое одредено правило, ама во документи претежно иде името, па татково/мајчино име, па презиме...

Добро да во сите документи е така, но се' мислам дека професорката у средно еднаш рече дека идело прво презимето па потоа името, али не сум сигурен... :D
 
Интелигенција е мислам :)

--- надополнето ---

Т.е мислам дека и двете се правилни само се користат различно :toe:

Интелигенција е, денес професорката по психологија баш напомена декае интелигенција а не интелегенција. Кажа дека тоа било така бидејќи водел потекло од некој англиски збор чинам...
 
Едно питање поради коа стално доаѓа до неспоразум меѓу двете странки. Како е правилно во Македонскиот јазик да се пишува прво презимето па името или прво името па презимето? Пр. Петковски Петко или Петко Петсковски... ??

Име па презиме.
Ако е презиме па име треба да дојде запирка по презимето.

На пр. Петковски, Петко.
 
Име па презиме.
Ако е презиме па име треба да дојде запирка по презимето.

На пр. Петковски, Петко.

И јас мислам дека оди име-презиме: Петко Петковски. Ако Петко треба да го запишеме на некој список со подредување по азбучен ред, тогаш би бил Петковски Петко. Веројатно тука би добил и запирка, како што кажа ти, Вокерка, но јас тоа не можам да го најдам :toe:
 
Добро да во сите документи е така, но се' мислам дека професорката у средно еднаш рече дека идело прво презимето па потоа името, али не сум сигурен... :D

Тоа е зашо професорката ти е бугарка или има бугарско влијание. Бугарите пишуваат презиме па име. Нашето правило е Име па Презиме.

А за Интелигенција, нема шо да нагаѓате, зборот е со И измеѓу, крај на муабетот.

sikidiki, држи вода твоето...
 
И јас мислам дека оди име-презиме: Петко Петковски. Ако Петко треба да го запишеме на некој список со подредување по азбучен ред, тогаш би бил Петковски Петко. Веројатно тука би добил и запирка, како што кажа ти, Вокерка, но јас тоа не можам да го најдам :toe:

Тоа ми беше првото предавање на факултет по предмет Правопис и правоговор, така што верувам дека може да се најде во тие учебници. Правилото е прилагодено така заради странските имиња кај кои не можеш да знаеш што е име, а што презиме. На пример Мајкл Џексон, Мајкл би можело да се најде и во улога на презиме како во примерот Џорџ Мајкл, затоа има потреба од редослед име, па презиме. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom