Граматички правила и правопис

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин$
  • Време на започнување Време на започнување
незнам дали некој го напиша ова до сега ама има една грешка која ме иритира: да се има ВО предвид наместо да се има предвид.Тоа е исто како да речеш се чекаме во пред зграда.

Зошто "незнам"? Тоа никако не можам да го сфатам.
"Не знам" нели е поубаво и поправилно? :pipi:
 
Молам некој да ми објасни како МОЖЕ ДА УПРАВУВАМ СО ДРЖАВАТА, ВЛАДЕАМ СО НАРОДОТ, РАКОВОДАМ СО ИНСТИТУТОТ и сл.

За мене како роден во Бугарија тоа ми е некако нелогично. Јас ја управувам државата или управувам заедно со неа или јас го раководам институтот или раководам заедно со институтот?

Да не да е нешто од српското УПРАВЉАТИ ДРЖАВОМ?
 
Правописни грешки што ми бодат очи има мал милион, пр. заВзема место зазема е смешно исто како и оПкружува наместо окружува

Зошто "незнам"? Тоа никако не можам да го сфатам.
"Не знам" нели е поубаво и поправилно? :pipi:
Не е штосот во тоа што е поубаво, но во случајов си во право: според македонскиот правопис негацијата се пишува одделно од глаголот СЕКОГАШ!, без исклучок.
 
Мислам дека се се` должи на недоволната информираност, најверојатно. Или пак одредени поединци не ја разбираат структурата на граматиката на македонскиот јазик, а можеби и само сакаат да се истакнат ама тоа го прават погрешно.
Инаку "т" на крајот на некој збор најчесто се додава во западно-македонските наречја. Можеби пак се кажува кажуваат така зборовите за да исмејат некого, навистина не знам.
За "сваќа" и "сфаќа" најверојатно се должи на изедначувањето на согласките по звучност.
Сепак вакви грешки ми се неприфатливи.


"Се` се должи"... На првото СЕ е акцентот, затоа што тоа СЕ означува количина :smir:
 
Ме нервира зборот мењам кој го користат почесто скопјани, наместо литературното менувам.
 
Јас најпојке се смеам кога ке вели некој сТрамота :pos:или пак сТрање :pos: или пак сТредно :pos: :pos: многу смешно ми е

Најпојке :pos:. Или е највеќе или појке-повеќе. Нема Најпојке-најповеќе:pos:

Молам некој да ми објасни како МОЖЕ ДА УПРАВУВАМ СО ДРЖАВАТА, ВЛАДЕАМ СО НАРОДОТ, РАКОВОДАМ СО ИНСТИТУТОТ и сл.

За мене како роден во Бугарија тоа ми е некако нелогично. Јас ја управувам државата или управувам заедно со неа или јас го раководам институтот или раководам заедно со институтот?

Да не да е нешто од српското УПРАВЉАТИ ДРЖАВОМ?

Да не е........
 
Данските имиња кои завршуваат на dt, кај нас како се пишуваат правилно?Само со т, или дт?
 
Данските имиња кои завршуваат на dt, кај нас како се пишуваат правилно?Само со т, или дт?

Пошо данците се германски народи тогаш транскрипцијата би требала вака да иде...
Пример...Kasper Hvidt=Каспер Хвит, значи само т...
 
Предчас или претчас? Како е правилно?
 
Од она што јас го имам научено, при сврзување, доаѓа до омекнување на буквите.
Па така да, мислам дека е претчас:smir:


Мислам дека Предчас е правилно, а со изговорот се слуша како 'т'
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom