4=Ч, 6=Ш.... WTF?
Мислам дека секој од вас кој на било кој начин комуницира со останатите преку интернет форуми, мсн, мирц, смс пораки итн. се сретнал (за жал) со овој новонастанат феномен. Значи, Ч и 4 имаат ист прв глас (а некои се правдаат и дека ете, им биле слични како знаци

) , 6 и Ш имаат еднаков прв глас (a дали се слични, не би сакал да коментирам

), па некој "мудрец" си помислил:" Хеј,па зошто да не се обидеме со нешто ново?". Класични примери: poz4e, 4aos, 6to pravi6?.... Значи, ај што идејата е просто воодушевувачка(NOT)
, туку и се вметнуваат во латинични зборови, а означуваат кирилични букви

. Ако веќе е така, барем да ја истераме работава до крај, па да се сменат сите букви што е можно. Еве предлог:
Н=0
E=1
Д=2
Т=3
Ч=4
П=5
Ш=6
С=7
О=8
ДД=9 - две Д бидејќи веќе една имаме за 2
И опа, измисливме нова азбука, и оваа дури ни Грци, ни Срби, ни Бугари нема да се осмелат да ни ја присвојат.


Ваше мислење за овој тренд, го сметате за интересна промена, или најпростата работа што сте ја виделе (Count me in

)...