ВЕТЕНО-СТОРЕНО: Џонсон Мети инвестира 150 милиони евра во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата влатко
  • Време на започнување Време на започнување
Па сигурно тоа олеснување на странците нема да им трае за век и векова, сигурно е со одреден период. Со одреден период ли е или?

Е сега, ебеш му матер, ако ги каниме да инвестираат мора да фрлиме јадица, на јадицата мора да има мамец, мамецот чини, ама може да ти донесе риба.

На гола јадица ни жаби не гризаат.

Супер објаснето, за и морониве да можат да го разберат.
Демек претходно седесето без олеснувања сотепаја во инвеститори носење, па и овие можат исто.
И ај размислете пошироко, пример дека и некоја домашна фирма ке фати тезга за соработка со странциве.
 
Грешиш Мистик, ние гриземе. Македонците. На јадиците од странците, на кои ни лајно нема, камоли пристоен мамец.
 
Грешиш Мистик, ние гриземе. Македонците. На јадиците од странците, на кои ни лајно нема, камоли пристоен мамец.
Можеби гриземе на оние европските и натовските полни со лајна, ама во случајов ние кенкаме да дојдат и да инвестираат, ние фрламе јадица.
 
Па избегнуваш да одговориш на прашањето:-дали ти за инвеститор во Македонија гледаш фирма на која давачките за вработените и ги плаќа државата?Mислиш ли дека и во земјата од каде потекнува таа фирма државата им ги плаќа давачките на вработените а газдите си го приграбуваат профитот во своја лична корист,дури и без да плаќаат давачки за тоа?Размисли,не мора да брзаш и одговори на прашањата со што ќе ја согледаш вистината дали тоа е навистина инвестиција или чиста кражба од Македонскиот народ.
Инаку споредби со било кого мене не ме тангираат јас само ја кажувам реалноста на овој форум без да бидам заслепен од власта која ни пика "Трн во око" велеќи дека е "раска".

абц, каде живееш ти во сингапур или македонија?
ќора инвестиција немаше во македонија задниве 10 години, и сега по твоја желба треба сите компании без никакви привилегии да инвестираат овде кај нас? зошто бар не си бар минимум објективен и да признаеш дека тоа така не оди.

тоа што некој овде кажа - 150 милиони биле малку - кажа и остана жив! ама галиба е тешко ранет :)

еве да видиме како се инвесраше во македонија, последниве неколку години.
2000г - 190 милиони
2001г - 493 милиони (од кои околу 320 отпаѓаат на телекомот) што ќе рече без него околу 170 милиони американци
2002г - 83 милиони
2003г - 84 м.
2004г - 126 м.
2005г - 80 м.
2006г - 280 м. (од кои 225 милиони отпаѓаат на продажбата на ЕСМ) со што доаѓаме до рекордни 55 милиони директни странски инвестиции на годишно ниво

во двата случаи (2001 и 2006) ги исклучив продажбите на телеком и есм, бидејќи и не можат да се сметаат за некаков успех продажба продажба на државни компании, најмалку како инвестиција

и сега наеднаш, 150 милиони директна странска пара вложена во македонија од само една компанија да ти биле малку, додака на друг му сметаат условите под кои странците решиле да инвестираат! реков.. небаре државава ни се вика сингапур.

колку само за споредба, "никаквата" романија во 2006 привлекла 9 милијарди, додека во 2005 6,3 милијарди долари

150 милиони евра може оваа влада (ако сака) да одвои од својот буџет за една година и да ги насочи кон стопанството,
ете така. поточно за земјоделието
тоа е направено
зголемени се буџетските сретства за поддршка на земјоделието, така што до 2010 треба да достигнат 100 милиони на годишно ниво.
дупло добро!

но бидејќи некако мора да се омаловажи оваа инвестиција, подзаборавивме малку што се случи пред некој месец со земјоделците
 
Па сигурно тоа олеснување на странците нема да им трае за век и векова, сигурно е со одреден период. Со одреден период ли е или?

Е сега, ебеш му матер, ако ги каниме да инвестираат мора да фрлиме јадица, на јадицата мора да има мамец, мамецот чини, ама може да ти донесе риба.

На гола јадица ни жаби не гризаат.

Да бе,точно е дека никој не се фаќа за гола јадица,ама никој рибар не оди на риби само за да фати едно рибче.Па сега секој инвеститор ќе си бара сличен или ист "мамец" за својата инвестиција.Колку е тој одреден период треба да се види,или како и за референцата од 1 месец се претвора во 20 години?Некои рибари ги фрлаат кострежите оти имале многу коски.

Супер објаснето, за и морониве да можат да го разберат.
Демек претходно седесето без олеснувања сотепаја во инвеститори носење, па и овие можат исто.
И ај размислете пошироко, пример дека и некоја домашна фирма ке фати тезга за соработка со странциве.

Седесето беа катастрофа и ја уништуваа Македонската економија,па сега треба ли да ги оставиме Вемерото да ја направат состојбата таа економија никогаш повеќе да не мрдне од 300 вработувања со помош на вакви моронски отстапки кој ќе мора да важат и за сите други инвеститори зошто во спротивно ни се иба мамата.

Грешиш Мистик, ние гриземе. Македонците. На јадиците од странците, на кои ни лајно нема, камоли пристоен мамец.

Има бе,"пирани" кој ќе не изедат ама внатрешно,доколку продолжат со вакви моронски услови како уцени за да "инвестираат" кај нас.Абе и дебил од некоја психијатриска клиника да беше ќе сфатеше што значи таква привилегија на вработените да им ги плаќала државата давачките.
Можеби ова се вработени-инвалиди па дај ќе кофинансираме за некоја странска компанија да заработувала поголем профит.
 
Абе и дебил од некоја психијатриска клиника да беше ќе сфатеше што значи таква привилегија на вработените да им ги плаќала државата давачките.
Дебили од психијатриска болница, а и мали деца сфаќаат дека во услови кога никој ни за жива глава нејќе да дојде и да инвестира треба да се создадат подобри услови.

Ти како би ги создал? Што би им понудил? Можеби наместо вакви олеснувања за нивните вработени би им понудил по еден саат гага кантер страјк кај тебе у нет кафето додека се на пауза, како мерка за зголемување на продуктивноста? :)

Не, сериозно, еве - ти си главниот кој ја крои националната програма за привлекување на странски нвестиции. Што ќе им понудиш на инвеститорите?
 
Абе народе сфатете дека овој преседан од инвестиција,иако беззначаен може да предизвика бура од импликации во Македонската економија.Секој би побарал еднаков третман кон сопствените инвестициони планови,што би значело дека државата доколку сака инвестиции ќе мора секому да му ги плаќа давачките за вработените,инаку зошто некој би инвестирал во држава каде владата не им дава исти услови и третман на сите потенцијални инвеститори.Па тоа е главниот проблем а не дали некој вложил 1 евро или 1 милјарда евра во сопствена фабрика за сопствен профит.Па овде државата е коинвеститор или ќе го дели профитот со Џонсон Мети?Не бе другарчиња,не,овде државата само ја отвора Пандорината кутија и ги брка другите домашни или странски потенцијални инвеститори доколку не им обезбеди ист третман.
 
Само да ве известам дека субвенционирање на капитални инвестиции кои отвараат нови работни места има и во ЕУ. И таму се бунат луѓе дека не е во ред итн. но се прават такви работи. Дури има пример републики (провинции) во иста држава да си подметнуваат помеѓу себе која ге го приволи инвеститорот баш во нивната провинција да ја отвори фабриката. Тие фирми добиваат земјиште практично за без пари а и ред други погодности кои не секогаш се транспарентни, осносно скоро секогаш се прават во четири очи. Се разбира, збориме за фабрики кои носат 1000 или повеќе работни места.

Ова само да појаснам да нема некој илузија дека само кај нас во МК тоа се прави.
 
Дебили од психијатриска болница, а и мали деца сфаќаат дека во услови кога никој ни за жива глава нејќе да дојде и да инвестира треба да се создадат подобри услови.

Ти како би ги создал? Што би им понудил? Можеби наместо вакви олеснувања за нивните вработени би им понудил по еден саат гага кантер страјк кај тебе у нет кафето додека се на пауза, како мерка за зголемување на продуктивноста? :)

Не, сериозно, еве - ти си главниот кој ја крои националната програма за привлекување на странски нвестиции. Што ќе им понудиш на инвеститорите?

Па се друго освен да прифатам ваква уцена која е блентава уште со самата помисла.Да се разбереме дека со начинот на кој се договорила оваа инвестиција се засега директно кон целата Македонска економија и се саботира секоја понатамошна помисла дека Македонија е озбилна инвестициона дестинација,доколку не обезбедува ист третман кон секој што има план да инвестира во неа.Кој е тој Џонсон Мети што има поголеми заслуги од една Скопска или Прилепска пивара на пример?
Абе вие луѓе нормални ли сте или намерно се правите слепи за вакви суштински неправедни работи,па јас не можам да поверувам дека толку сте заслепени од власта што не согледувате реални последици од вакви решенија.
 
Да се разбереме никој нема да дојде да инвестира за здравје во Македонија
.Сите си го бараат својот есап ама нашата поволност е што ке има работни места.Епа мора со нешто да ги привлечеме особено вакви големи инвестиции.
 
Да се разбереме никој нема да дојде да инвестира за здравје во Македонија
.Сите си го бараат својот есап ама нашата поволност е што ке има работни места.Епа мора со нешто да ги привлечеме особено вакви големи инвестиции.


Голема инвестиција од 300 вработени на кој државата им ги плаќа давачките,е одлична само за сопствениците на таа инвестиција која за 400 000 невработени е чиста 0(нула).
 
29 ноември, 2007
Никола Груевски: Бордот на компанијата „Џонсон Мети“ донесе конечна одлука за инвестирање во технолошко-развојната зона „Бунарџик“ во Македонија. Станува збор за инвестиција вредна околу 100 милиони фунти (140 до 150 милиони евра).
30 ноември, 2007
Британската компанија Џонсон Мети соопшти дека во Македонија ќе гради фабрика вредна 34 милиони фунти.

29 ноември, 2007
Никола Груевски: Инвестицијата ќе донесе над 500 нови работни места.
29 ноември, 2007
Зоран Ставрески: Со инвестицијата на британската компанија „Џонсон Мети“ ќе бидат отворени 600 работни места.
30 ноември, 2007
За потребите на фабриката, Џонсон Мети ќе отвори повеќе од 300 работни места.
 
ABC , ako zabelezuvas se pomalku jadam burek ovde...prvo cekam ........... vo April li bese??? da go vidam GOOOLEMIOT SUT na NATO, pa posle bomo videli.
Ovde.. nikoj batka ne te svaka, site se toa decinja koi uste od mama i tato dzeparlak zemaat ( cest na nekolkumina. :)..) ili studenti na koi uste eden smotan Savevski im e reper :)...malku koj ima sopstven biznis i gi cuvstvuva vistinskite PROBLEMI.....
.............400.000 iljadi nevraboteni...toa NERESLIV PROBLEM za MKD.
Ke mora da disovira ..nema drugo....najprosta matematika.....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom