Ја гледав емисијата. Ми дојде мило што е Тоше ставен во групата харизматични луѓе со Броз, Папата Јован Павле и Хрватскиот премиер.
Не ми дојде мило што испадна дека сме максимално неречити - како народ. Мене ми е српскиот јазик, во некоја рака мајчин јазик и природно ми е кога некој ќе ми се обрати на српски или хрватски да му одговорам на српско-хрватски. Меѓутоа не би се осмелила, за таква прилика, пред медиуми, да си дозволам да се фокусирам на падежите наместо на содржината на тоа што ќе го кажам.
Од друга страна пак, насловот на прилогот, кој се состоеше од единствени два македонски збора беше погрешен (Те сакамо, наместо Те сакаме), што ќе рече професионалните новинари не се погрижиле да го излекторираат.