Македонците на Latinica

  • Креатор на темата Креатор на темата Montes
  • Време на започнување Време на започнување
Па затоа со средно не се прима,попаметни се овие со основно.:)
 
Јас мислам дека ако си во Македонија и доаѓа странска телевизија како обичен граѓанин да те интервјуира или еднставно праша едно прашање, тогаш ако одлично го владееш јазикот на кој првично ти се обраќа екипата тогаш да одговориш на нивниот јазик, а воколку си малку приучен или од што си слушал го знаеш јазикот тогаш нема потреба сам да се резилиш пред камера покажуваќи колку не го познаваш странскиот јазик и едноставно одговори си на Македонски.
Поп владеење јазик подразбирам дека човекот е способен не само да го разбира јазикот како во вербална така и во писмена форма туку ид а го користи активно како вербално така и писмено.
 
И јас сум против тоа што се зборуваше на србско-хрватски,требае да си зборуваат на македонски.Знаете дека во хрватска на некој ако му речеш “ЗДРАВО“ че ти се пули настрана и нема да ти возврати?Тоа за нив било србски комунистички поздрав,требало „БОГ“,а и за многу такви зборови си имаат свои,немаат дури ни странцизми,па камоли да ти зборуваат македонски.
 
Ja gledva cela emisija i stvarno mislam deka napravivne golema blamaza kako e samo mozno da si go potcenime jazikot pa zato ke ne vikaat bugari,srbi i kurton narod a makedonci nema e nema.
 
Јас мислам дека ако си во Македонија и доаѓа странска телевизија како обичен граѓанин да те интервјуира или еднставно праша едно прашање, тогаш ако одлично го владееш јазикот на кој првично ти се обраќа екипата тогаш да одговориш на нивниот јазик.
Баци, немајчин јазик, колку и да мислиш дека одлично да го познаваш, си е немајчин јазик.
Поентата беше што сите толку си ги кочеа мислите (или бар јас така сакам да мислам) што резултатот беше катастрофален во однос на содржината. Темата на прилогот беше харизмата на Тоше - ако воопшто им била кажана на соговорниците. Од тоа што го одговорија, не можеше да се долови величината на неговата аура.
 
Такви сме си и тоа е не не пушта тоа време во кое сме заглавени,еве баш денес видов коли низ Скопје со знамиња Титови леви сили како слават некој празник мафтаат петокраки и слики од Тито би им препорачал да отворат календар да видат дека сме 2007 и дека тоа време е одамна завршено.
Од друга страна па и треба да се сфати дека ние сме преплавени од тој Српско Хрвартски јазик песни филмови телевизии полека се учи јас што не сум учел со школо знам Српски а тие од нашиот јазик го имаа Тоше кој им пееш на нивни јазик.
Дали требало да зборат луѓето Хрватски-НЕ нема потреба кога дошле тука ке се прилагодат лесно без ти да правиш грматички грешки и да ти смее свет.
Еве пример од Српски gone-bad
Србија-седи наш со некои Срби и прави галама пред зграда искача жена од прозор и вика 'Тише тамо звачу полицију''--''Звај ги мори да ти ебам мамата'':bilokojzbot::bilokojzbot:
 
Србија-седи наш со некои Срби и прави галама пред зграда искача жена од прозор и вика 'Тише тамо звачу полицију''--''Звај ги мори да ти ебам мамата'':bilokojzbot::bilokojzbot:
:pos2: Глупо е да се смеам, ама не можам да ја истерам од глава глупоста на Трифун - Ја сам желео да што више људи буду присутни на његово “упокојење“. Бог да чува.
 
Епа секогаш е така, и Тоше Проески, нека почива во мир, кога гостуваше во српските и хрватските емисии, во најголем дел зборуваше српско-хрватски! Тоа едноставно така е кај нас, мислиме дека ако зборуваме македонски, никој нема да не разбере па да си “олесниме“, кршиме туѓ јазик.

Алал им вера на странците што знаат добро да зборуваат македонски, навистина е тежок јазик за нив, причина плус што е на сосема друго писмо!
 
:pos2: Глупо е да се смеам, ама не можам да ја истерам од глава глупоста на Трифун - Ја сам желео да што више људи буду присутни на његово “упокојење“. Бог да чува.

токму и тоа ми беше поентата во мојот прв пост. Се прави демек го знае јазикот а треска зелени и сите изгледаат наеднаш ко добро познатиот пато и на нему сличните.
Па добро бре јас знам дека погреб на српски треба да звучи нешто како сахрањивање
 
:pos2: Глупо е да се смеам, ама не можам да ја истерам од глава глупоста на Трифун - Ја сам желео да што више људи буду присутни на његово “упокојење“. Бог да чува.

токму и тоа ми беше поентата во мојот прв пост. Се прави демек го знае јазикот а треска зелени и сите изгледаат наеднаш ко добро познатиот пато и на нему сличните.
Па добро бре јас знам дека погреб на српски треба да звучи нешто како сахрањивање

Епа тоа е крајна поента на темава звучат смешно кога ке пробаат нешто што не им иде од причина што не ми е јасна зошто би зборел Српски кога и така ке ме разберат или ке преведат...Јуносталгијата изгледа не не остава..
Иначе Будва непендек од мое маало доаѓа жена и прашува ''Где је супермаркет''..''.Не знам ни сам од дакле'!!!
Утакмица МЗТ со некои Срби на времето иде наш кај семкарот ''јел може два фишеа семенака и кесицу пуканака.''
Дали ние имаме некое чуство на подреденост и покрај тоа што поминаа 17 години не знам ама ова е глупо и смешно
 
Јас сум хрват и стварно не ми е разбирливо зашто македонците зборуваат српски или хрватски,а не обратно.Па ако ние можеме да си фураме на нашки зашто не и вие.А и плус македонците мислат дека знаат српски или хрватски али уствари покрај тоа што разбираат сите македонци многу лошо зборуваат.Падежите испомешани, мешање на ијекавица и екавица,вметнување македонски зборови,боље збори македонски него ли да се резилиш така.
 
И јас сум против тоа што се зборуваше на србско-хрватски,требае да си зборуваат на македонски.Знаете дека во хрватска на некој ако му речеш “ЗДРАВО“ че ти се пули настрана и нема да ти возврати?Тоа за нив било србски комунистички поздрав,требало „БОГ“,а и за многу такви зборови си имаат свои,немаат дури ни странцизми,па камоли да ти зборуваат македонски.

Требит боК шефе,или он тебе ќе ти каже бок ти на него Бог ти помого :pos2: Остај хрватите денес фураат енглецизми незнаеш на кој јазик да им се обратиш.
 
Познавање и служење со латиница,еднакво како и со кирилица само може да биде предност и знак за поголема едукација на лицето што ги познава обете писма,ни и знае истите да ги користи во разни прилики и неприлики.Можат да се засрамат само оние кој не ја знаат кирилицата,и да се чувствуваат инфериорни во однос на другите кој ги знаат и обете писма подеднакво.Непријателот полесно ќе го совладаш доколку само ти го знаеш неговиот јазик и писмо,ама тој не го знае.Всушност на истата карта одиграл многупати и Александар Македонски во своите походи за интеграција на тогашниот познат и признат цивилизиран свет.:toe:
 
„Ние сме многу паметна нација, полиглоти сме сите“ !!! :vozbud:
Затоа луѓето сеуште ме прашуваат кој јазик го зборуваме ние во Македонија , бугарскиот или српскиот ??? :toe:
Сто и кусур години од Мисирков, и ние сеуште не можеме да си го промовираме нашиот јазик , па причамо!!! Што тие не зборуваат кога доаѓаат во Македонија ?
Кажете и вие едно ХВАЛА или нешто на нивниот јазик , во знак на ПОЧИТ, ама не се глупирајте вака бе!!! Ц Ц Ц , до кога ?
 
Абе дечки зборајте си на мајчин јазик бе - на македонски! Зш тие не зборат на македонски за да можиме ние да ги разбериме, туку ние треба да збораме на нивниот јазик за тие да не разберат? Хах! Нема смисла! Како ќе си постелиш така ќе си легниш... Убо си постеливме... Сркај си сеа муце! :tapp:
 

Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...
Back
На врв Bottom