Каде бевте синоќа и дали се одлепивте или нафуравте лошо?:-)

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување
На покер ама домашен :vozbud: аууу заразно немој да сте пробале
 
Ова оф топик ама морам. Знае ли некој каде е ресторанот Македонска куќа во парк? Дали е во малото паркче до источна трибина? Би требало да му дојде покрај кеј како што гледав на Google earth.
 
Ова оф топик ама морам. Знае ли некој каде е ресторанот Македонска куќа во парк? Дали е во малото паркче до источна трибина? Би требало да му дојде покрај кеј како што гледав на Google earth.
Поранешна Опатија :cug:
 
Под стреа, меѓу две канализации шо течеа ненормално. Just imagine. -.-
 
Се дигнавме од тука една 4 члена екипа и испаливме во Баракуда на роденден на една школска :vozbud:. Интересно друштво се најде таму .. Расположението беше на завидно ниво (ние уствари и бевме најрасположените таму:icon_lol:), си се напивме убаво и ја направивме атмосферата на роденденот. Но немаше да биде тоа-тоа, ако не беше таму нашиот Влатко Илиевски, кого прв пат го слушам во живо и можам да кажам дека дечкото направи 5ка расположение и атмосфера, тие ЕКС ЈУ хитовите ептен ги погоди. Биде, што биде таму, си се вративме фино лепо назад, и вечерта продужува во Селект :icon_bigg. Па и таму нагазивме на жива свирка, Дуле & Коки пак беа таму и идемо даље:ojea:. Ајде и таму џумбуси, пијачки, ова-она .. И си се прибравме по дождливото време околу 4-30.

Екстра помин за едно петочно излегување. :wink:
 
Бев до ФМ прво на малолетничка журка, после на Бени во Ла Кафе кај што ми ја погоди песната со самото мое доаѓање (Save tonight) и на крај до 6 сабајле завршив во Ентернет на 5 саати гејмање на мојот нов јузер отворен таму аххахаха
 
На ергенска вечер :vozbud: првин кафана па Картел,па после у Мементо па некако се довлечкавме дома...одлична вечер со многу смеење и :cug:
 
Црна овца најт беше за мене синоќа .. Можев комотно да добијам признание за најтрезвена особа синоќа во Републикава (јбг тоа ти е, последници од петокот :toe::icon_roll). Си го/ги ладеа со мене сите шо ме знаат, па дури и келнерот во Либра, мислеше дека го зафркавам кога си нарачав сок :jaj:. Првин се потсмифкаше, а потоа почна да се смее, мислејќи дека со зафркавам .. 5 мин. се убедувавме дека е озбилна нарачката :nesum:. Инаку имаше (за жал) рокада во поглед на музичкиот состов синоќа во Либра, двајца нови дечки беа, кои според репертоарот што го свиреа, направија ептен пијандурска атмосфера во која јас поради горенаведениве причини не се вклопив, уопште. Од таму на поминување низ 19, па правец Селект. Таму си продолжив со сокчињата, а единствено позитивно нешто, покрај муабетите и смеењето што падна во Либра, што е уствари и неизбежно, беа двајцата момци што пуштаа музика во Селект. Ме бендиса сетчето и тој вокал хаусот што го фуреа, барем додека бев јас таму, оценка од мене, солидно четворче. Си земавме јадење кога се враќавме и кучи на спавање .. Тотално контрастна вечер, од онаа во петокот. :toe:
 
Аууу домашна атмосфера/пијанка цела вечер. Кај другарка, па кај другар, па пивце, винце, па музиче, па играње, па смеење. Мх, одлична вечер!
 
Саем, скоакње цело време, па после у бурекџилница, во раните утрински часови.
Се на се, не беше лошо :)
 

Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...
Back
На врв Bottom