Каде бевте синоќа и дали се одлепивте или нафуравте лошо?:-)

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување
Како и вообичаено прво во парк на загревање пред главното пиење, и од тука на рок свирка (иако не слушам многу рок интересно беше). Супер си поминав...
А сабајле прва работа што направив, испив 1 литар ладна вода :)
 
На Пиволенд...освен дечките што свиреа на почетокот и плескавицата неможам ништо посебно да издвојам :toe:
 
Славев роденден дома кај мене и се превртев... Ни сам не знам колку испив... Требаше после да идам на Пиволенд, ама каков пиволенд бе... Малку ми фалеше да завршам на токсикологија :pos2:
 
Мноооогу тапа вечер вчера.
Онака, ужас.

И не знам дали е до мене или Пиволенд, али вечер, и поред ЕКВ tribute band, не идам таму.

Доволно фурање у бедови за викендов.
 
На отворање на МОТ и беше изненадувачки (а ретко се изненадувам) добро. Добро скоцкана претстава што кулминираше со актерите како дел од претставата да извадат свинско печење, шампањ и виски и да се симнат да ја почастат публиката. И ги испеаа Дотако сам дно живота, Ја те пјесмом зовем а најзен момент беше кога една од актерките што комотно можам да ја наречам Балканската Никол Кидман со црна коса (да, толку беше убава) се симна од сцена и на метро од мене ја испеа Шта че ми живот без тебе драги, што во тој момент ми беше помило отколку и самата дива Силвана Арменулич да воскресне и да ми ја испее. А јас се осеќав ко оној со брковите на спотот подолу. После бев на Пиволенд и се избалансирав со Трибјут ту ЕКВ. Се видов со баајаги народ и арно беше.

 
На жива свирка .. Убава атмосфера се направи, расположени друштва, по некои пијани ваму-таму, па и женски се нафатија да пеат хитови од Цеца и Брена подоцна .. И така, фино беше. :icon_lol:

Oва беше хит на вечерта

И ова .... :)
 
Синоќа бе на пеачка панаѓур е у комшиите у Неготино и се направив тиква тиквосана :vozbud: незнам ни како си дојдиме господ не чувал ногу јако поминаме одлепив на Аца Лукас :pos2: ке са убијам еј :tapp: али смешно беше,интересантно одамна не су поминал таква фешта :baeh::uvo:
 
Во кафана “Јана“, па во “Илинден“. Ууу добра вечер, жими ја. Алкохол во крв малце повеќе, ама весело ми беше тоа е битно. :icon_lol:
 
Во кафана “Јана“, па во “Илинден“. Ууу добра вечер, жими ја. Алкохол во крв малце повеќе, ама весело ми беше тоа е битно. :icon_lol:

Признај дека жалиш што не` напушти. :music5:

Јас во Јана такоџере. Редакциско добредојде за Фантом во големиот град. Одлична вечер, заебанции за извоз :icon_lol:
 
Признај дека жалиш што не` напушти. :music5:

Јас во Јана такоџере. Редакциско добредојде за Фантом во големиот град. Одлична вечер, заебанции за извоз :icon_lol:
Мислам дека видов дел од вас додека седев во бела. Иначе јас вчера на кафе па на пиенка во гаража спроти јана кафаната хахаха
 
Мммм синоќешното излегување би го ставил на прво место во последниве 2 месеци, екстра помин со уште поекстра луѓе околу мене. Од 9 до кај 10-30 бев на концерт на Слаткар во Културниот Дом. Капа доле за ХИП-ХОП Револуционерот, страшна изведба синоќа, полн со енергија, пееше, рипаше, скокаше, нон-стоп во покрет на сцената .. Едноставно ја запали и не ја седна публиката во ПРЕполниот Дом на Културата, каде имаше продадено повеќе влезници, од колку што има места за седење :nesum::jaj: , али тоа е ТОП настан со ТОП луѓе (ние иначе иако отидовме доста касно си најдовме згодни места :icon_lol: ). И откако се изнаслушавме и наситивме, едно добри саат ипол на страшни рими, гована јадење и плескање у фаца на сите хејтери и напалени малолетнички, одма летнавме на роденденска прослава во една ситна кафана, исполнета и окупирана само од присутните на роденденот. Упаѓаме со еден другар внатре со 5 опремени цигани и сите на нозе, по столови, по маси, летаат пијачки, фрнчат чаши и флаши СИТЕ ЗДИВИЈА :vozbud: .... Мераци, мераци ваков ќеЈф ми се немаше оддамна направено ..


Со ова отвори Марко, прв а ако не и НАЈмомент синоќа :party3:

.. А подоцна ОВА пак како го изведоа циганите, м м м ..... :cug::cug:
 
прво во град натаму-наваму се шетавме па после тоа у гранд на пена парти и таму беше супер...иако бев сам во тоа базенот како сираче, ама барем супер беше....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom