• Војник •
БОРБА ТЕ ЧЕКА!
- Член од
- 6 април 2011
- Мислења
- 457
- Поени од реакции
- 1.256
Масакрот кај Вејце ќе ни биде вечен пример за храброста на Македонецот, но за жал и пример за тоа како Македонецот страда од своите изроди, како и секогаш во историјата. Исто така, за жал, масакрот денес е заборавен. Ден денес масакрот кај Вејце не е расветлен, политичарите намерно го избегнуваат овој црн ден во поновата историја на Македонија. Овие осум херои ден денес го немаат заслуженото место во македонската историја. Ништо не се знае за нив. Затоа јас решив да ја отворам темата со цел да се дознае барем малце за нивните дела кој не смеат никогаш да бидат заборавени.
Да се потсетиме: Масакрот кај Вејце е најкрвав и најбрутален масакар во поновата историја на Р. Македонија. Масакрот се случи на 28 април 2001 година откако од заседа и ѕверски беа убиени, а потоа масакрирани и живи запалени осуммина специјалци и полицајци припадници на специјалните единици „Волци“ и на „Посебната единица на СВР Битола“. Покрај осуммина убиени, имаше и шестмина повредени. По оружениот напад кој траел дваесеттина минути, врз мртвите тела е направен грозоморен масакр, а тројца сè уште со знаци на живот биле живи запалени. Терористите го започнале масакрирањето на нивните тела со брутално кршење на черепите со кундаците од пушките. Веднаш по осумкратното убиство, очевидци кои присуствувале на увидот потврдија дека специјалците биле ѕверски касапени и мачени со ножеви, а потоа живи запалени и целосно изгорени.
Сите ние ќе бевме помирни ако би загинале во директна борба со непријателот. Но, најмногу боли тоа што сите беа убиени во заседа, на подмолен и кукавички начин. Државата ги заборави, а на нивните гробови плачат само најблиските. Ги амнестираа злосторниците и наместо зад решетки ги сместија во собраниските фотелји. За разлика од нив, семејствата на загинатите сè уште талкаат по институциите на системот, барајќи ја правдата и вистината зошто им погинаа децата. Македонската јавност не смее да ги заборави.
Уште повеќе боли што патролата била предадена за пари од Игор Манојлевски, тогашен началник на Секторот за полиција на СВР Тетово. За него велат дека, наводно, единствено знаел каде, во каква формација и во кое време ќе се движи комбинираната патрола за Вејце. За продадената информација бил награ ден со околу 700.000 швајцарски франци, а терористите кој го извришиле масакрот добиле парична награда од милион евра.
Масакорт кај Вејце неможе ниту да се заборави, ниту да се прости. Вечна ви слава

Последно уредено: