Дијалекти

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemiseverue
  • Време на започнување Време на започнување
““““Во дворот на стариот чичко Диме секогаш постоеше куќичка која служеше за се`. Трошна и збрчкана во ѕидовите и во неа можеше човек да најде буквално од глувчиња до делови за локомотива.
Најпрвин почина неговата госпоѓа, а потоа и тој самиот падна во тешка агонија и страдаше од болести кои си доаѓаа една по друга како пијалоци на шанк во саботна вечер. Не издржа кутриот, си замина и тој а сите маки и клевети ги остави на неговиот син, оној неранимајко и расипикуќа кој не дава ни пет пари за тоа што се случи со неговите родители.
Сега сме сами, без соседи... како да живееме во некоја земја сами и оддалечени од светот. ““““
Кичевски:

Во дворот на стариот чичко Диме секогаш постојше куќарка која служеше за се‘. Трошна и збрчкана во ѕидојте и во неа мојше чоек да најде буквално од глувци до делој за локомотива. Прво умре негојта госпоѓа, а после и тој самиот падна во тешка агонија и страдаше од болести кои идеа една по друга ко пијачки на шанк во сабота навечер (по можност во Стефано). Не издржа кутриот, си замина и тој и сите маки и клевети ги остај на негојот син, онај неранимајко и ибепаликуќа кој не дават ни пет пари за то што се случи со негојте родители.
Сега сме сами, без соседи... ко да живејме во некоја земја сами и оддалечени од светот.
 
Ама не можам да разберам како може толку да сте... :uvo:

Џабе ли постирам нов текст, зошто не го пишувате последниот, не ви се допаѓа? :toe: Напишете барем дека не ви се допаѓа.
Еве го уште еднаш:
Ова е приказна за еден возрасен човек, еден од оние кои пораснаа во заблуда за човештвото мислејќи дека тоа е единствената вистина која постои на светот.
Типично, демнење на црешата на соседот, девојка од другата страна на Вардар, дечиња слатки како мед, пензија колку за живот и внучиња кои се препелкаат во снегот. Ниту за миг не помисли дека на своите педесет и девет години ќе доживее откровение за кое вреди да се бори уште половина век, но ниту Бог помисли, па набргу го натера да потклекне под притисокот. Ова е приказна за човекот кој се бореше до самиот крај...
 
Ја бујрум...

Ето изволте... Делчевски (барем треба да е)

Тава' е при'казка за еде'н така по во'зрасен чов'ек, еде'н од ти'ја шо порасна'а у за'блуда за човештвото мислејки дека тава' е еди'нствената и'стина која' посто'и на свето'.
Типично, демнење на цре'шната на комшијата, женска од онаа страна на Вардар, деца слатки кат мед, пензија коку за живот и внучета шо се трка'лаат по снего. Ни за момент не помисли' на неговите пеесе и девет години ке доживе'е ?открвение? за кое вреди да се бори ош полови'н век, ама ни Бога помисли', па на'брже го накара да поткле'кне под при'тисоко. Тава е приказна за човеко шо се бореше до самиe крај

' -место на акцентот
 
Ја бујрум...

Ова е приказна за еден возрасен човек, еден од оние кои пораснаа во заблуда за човештвото мислејќи дека тоа е единствената вистина која постои на светот.
Типично, демнење на црешата на соседот, девојка од другата страна на Вардар, дечиња слатки како мед, пензија колку за живот и внучиња кои се препелкаат во снегот. Ниту за миг не помисли дека на своите педесет и девет години ќе доживее откровение за кое вреди да се бори уште половина век, но ниту Бог помисли, па набргу го натера да потклекне под притисокот. Ова е приказна за човекот кој се бореше до самиот крај...

Ова е приказна за еден возрасен чоек, еден од оние шо пораснаја во заблуда за чоештвото мислејќи дека то е единствената вистина шо постои на свето.
Типично, демнење на черешната на комшијата, чупе од другата страна на Вардаро, дечиња слатки ко мед, пензија колку за живот и внучиња шо се прпелкат во снего.Ниту за еден момент не помисли оти на своите пеесдевет години ќе доживеј oткритие за кое вреди да се бори уште полоина век,ама нити Госпо помисли,па брзо го натера да потклекни под притисоко.Ова е приказна за чоеко шо се бореше до самио крај.

Акцентирањето е нормално третосложно.
 
Ова е приказна за еден возрастен чоек, еден од оние шо пораснае во заблуда за чоештвото мислејќи дека тоа е единствената вистина шо постои во светот.
Типично, капење на черешната на комшијата, деојче од другата страна на Вардар, дечиња слатки ко мед, пензија колку за живот и внучиња шо се тркалет во снегот. Ниту за еден момент не помисли оти на своите пеесдевет години ќе доживеат oткритие за кое вреди да се бори уше полојна век, ама ниту на Господ му втекна, па брзо го натера да потклекни под притисокот.Ова е приказна за чоекот шо се бореше до самиот крај.
Дебарски дијалект, знам рече професорот уште доволно не истражен, заедно со реканскиот. Но дијалект на умирање, младите не го користат доволно во неговото вистинско светло, со голем број турцизми. Секое село, си има различен дијалект во Дебарско. Се надевам дека нема да изумре овој дијалект.
Акцентирањето си е на место.
 
Б'лгарски "диалект":
a112.gif

Това е приказка за един в'зрастен човек, един от онези,които пораснаха в заблуда за човечеството,мислејки че това е единствената истина,којато с'штествува на света.
 
Ова е приказна за еден возрасен човек, еден од оние кои пораснаа во заблуда за човештвото мислејќи дека тоа е единствената вистина која постои на светот.
Типично, демнење на црешата на соседот, девојка од другата страна на Вардар, дечиња слатки како мед, пензија колку за живот и внучиња кои се препелкаат во снегот. Ниту за миг не помисли дека на своите педесет и девет години ќе доживее откровение за кое вреди да се бори уште половина век, но ниту Бог помисли, па набргу го натера да потклекне под притисокот. Ова е приказна за човекот кој се бореше до самиот крај...
Ова е приказна за еден возрасен чоек, еден од оние кои пораснаа во заблуда за чоештвото мислејќи дека то е единствената вистина која постојт во светот. Типично, посматрање на црешната на комшијата, девојка од другата страна на Вардар, дечиња слатки ко мед, пензија колку за живот и внучиња кои се прпелкаат во снегот. Ниту за момент не помисли дека со својте педесет и девет години ќе доживејт откровение за кое вреди да се бори уште полојна век, но ниту Бог помисли, па набрго го натера да потклекне под притисокот. Ова е приказна за чојкот кој се бореше до самиот крај...

-Кичевски
 
Ова е приказна за еден возрасен човек, еден од оние кои пораснаа во заблуда за човештвото мислејќи дека тоа е единствената вистина која постои на светот.
Типично, демнење на црешата на соседот, девојка од другата страна на Вардар, дечиња слатки како мед, пензија колку за живот и внучиња кои се препелкаат во снегот. Ниту за миг не помисли дека на своите педесет и девет години ќе доживее откровение за кое вреди да се бори уште половина век, но ниту Бог помисли, па набргу го натера да потклекне под притисокот. Ова е приказна за човекот кој се бореше до самиот крај...

На Кавадаречки: :)

Воа е прикаска за еден стар човек, еден од тиа шо пораснаа у заблуда мислејќи дека човештвото е единствената вистина шо постое на светот.
Ногу нормално, посматрање на црешата на комшијата, девојка од другата страна на Вардар, дечиња слатки ѓоа (:) ) мед, пензија колку за живот и внучиња шо це препелкат у снегот. Ни за секунда не помисли дека на негови пејсет и девет години че доживее причина шо вреде да се бори уше половина век, ама ни Бог помисли, па набргу го натера да потклекне под притисокот. Воа е прикаска за човекот шо се бореше до самиот крај...

Онака.. не е интересно доловено, ама отприлика тоа е.
 
Тетовски

Ова е приказна за еден стар чуек,еден од онја што пораснаја у заблуда, за чуештвото мислејќи дека тоа е едина вистина коа постои на светов.
Типично демнење на црешњата на комшијата, дејка од другата страна на Вардар,деца слатки ка мед, пензија кољку за жиот и внучиња шо се п'рпељаа у снегот. Ни за момент не помисли дека на својте педесе и девет године ќе доживи откровение за кое вреди да се бори уште полојна век, ама ни Бог не помисли, па бргу го натера да падне на притисокот.Ова е приказна за чуекот кој се бореше до крај...

Не е баш хард-кор тетовски, ама се потрудив колку можев :toe:

Виктор дај нов текст наскоро :smir:
 
Ова е приказна за еден возрасен чоек (чојк), еден од оние кои пораснаа во заблуда за чоештвото мислејќи дека то е единствената вистина која постојт во светот. Типично, посматрање на црешната на комшијата, девојка (може и така, ама најхардкор кичевски ќе биде дејка) од другата страна на Вардар, дечиња слатки ко мед, пензија колку за живот и внучиња кои се прпелкаат во снегот. Ниту за момент не помисли дека со својте педесет и девет (педесдевет) години ќе доживејт откровение за кое вреди (вредит) да се бори (борит) уште полојна век, но ниту Бог помисли, па набрго го натера да потклекне (потклекнет) под притисокот. Ова е приказна за чојкот кој се бореше до самиот крај...

-Кичевски

Корекции со црвено. Од солидно искуство со кичевскиот, би било вака, барем јас тие зборови ги користам. (можеби зборам покичевски од роден кичевчанец :raz: :))
 
Кумановски:

Овој е приказна за еднога постарога(може и возраснога) човека,едн од онија што пораснава у заблуду за човештво мислејќи дека тој е едина истина која постои на свет. Типично,посматрање на црешњу на комшију, девојка од другу страну на Вардар, деца слатки како мед, пензија колко за живот и унуци што се препељкав у снег. У ниедн момент не помисли дека на свои пеесет и девет године ќе доживи откровение за кое вреди да се бори јоште пола век, ама ни Бог не помисли, па брго га натера да потклекне под притисак. Овој е приказна за еднога човека кој се бори до сам крај...
 
На Кавадаречки: :)

Воа е прикаска за еден стар човек, еден од тиа шо пораснаа у заблуда мислејќи дека човештвото е единствената вистина шо постое на светот.
Ногу нормално, посматрање на црешата на комшијата, девојка отаде Вардар, дечиња слатки ѓоа (:) ) мед, пензија колку за живот и внучиња шо це препелкат у снегот. Ни за секунда не помисли дека на негови пејсет и девет години че доживее причина шо вреде да се бори уше половина век, ама ни Бог помисли, па набргу го натера да потклекне под притисокот. Воа е прикаска за човекот шо се бореше до самиот крај...

Корекција: отаде :vozbud:
 
Струмички :)

Тваа прикаска за еен возрасен човек, еден од тии шо пораснаа у заблуда за човештвото мислејќи оти тва е единствента вистина шо постоо на свето. Типично демнене на цреешта на комшиита, момичка од другата страна на Вардар, децичка слатки как мед, пензија колко за живот и внучина шо се тркаљат у снего. Ни за кратко не помисли оти на неговите пејсе и девет години ќе доживее откровение за коо вреде да се боре оште полвин век, ама ни Господ не помисли, па скоро ќе го накара да подлегне под притисоко. Тва е прикаска за човеко шо се бори до самио крај...
 
Ова е приказна за еден возрасен човек, еден од оние кои пораснаа во заблуда за човештвото мислејќи дека тоа е единствената вистина која постои на светот.
Типично, демнење на црешата на соседот, девојка од другата страна на Вардар, дечиња слатки како мед, пензија колку за живот и внучиња кои се препелкаат во снегот. Ниту за миг не помисли дека на своите педесет и девет години ќе доживее откровение за кое вреди да се бори уште половина век, но ниту Бог помисли, па набргу го натера да потклекне под притисокот. Ова е приказна за човекот кој се бореше до самиот крај...

Ај да пробам на прилепски:

Да ти кажам за еден чоек, од оние шо ги лажеја од мали, шо мислеа дека само чоеко бил вистинит на светов.
Ене го, ја демни црешана на комшијата, си фатил некоја дури отаде Вардарон, дечина златни, пензијата колку да се помини арна, внучината од снегон не му излегоја. Абе, ни на крај памет не му беше оти на пеездевет години нешто че го натера да се бори уште пеесе години, а богами ни Госпо на то не сметаше, па за брзо-брзо го натера да си легни на брашното. Ти кажувам за онај шо се бореше до крај...
 
Ова е приказна за еден возрасен човек, еден од оние кои пораснаа во заблуда за човештвото мислејќи дека тоа е единствената вистина која постои на светот.
Типично, демнење на црешата на соседот, девојка од другата страна на Вардар, дечиња слатки како мед, пензија колку за живот и внучиња кои се препелкаат во снегот. Ниту за миг не помисли дека на своите педесет и девет години ќе доживее откровение за кое вреди да се бори уште половина век, но ниту Бог помисли, па набргу го натера да потклекне под притисокот. Ова е приказна за човекот кој се бореше до самиот крај...

светиниколски:
Овоа е прикаска за едн стар човек, едн од онија шо пораснале у бабини девитини за човеците шо мислат дека тоа е едина вистина шо постое на свето.
И како по адет: ѕверење у црешата на комшијата, девојка од другата страна на Вардар, деца слатки као мед, пензија колку за живот и унуци шо се препелкат у снего. Ни едншка не помисли дека на неговите пеесе и девет години ќе дознае нешто толку ногу битно за кое шо ќе вреде да се боре уше пола век, али ни Господ не помисли, па одма га натера да потклекне под притисоко. Овоа е прикаска за човеко шо се бореше до крај...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom