Дијалекти

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemiseverue
  • Време на започнување Време на започнување
Од трн на глог... така помисли горделивиот странец кој во нашиот град дојде како големец, како наконтено копиле полно пари спремен да ги потроши сите за целовечерна забава во некој од сиромашните анови. Се чувствуваше мизерно, а низ главата му минуваа само мисли колку е јаден, очаен, и спремен да го облие со крв секој што ќе се осмели да биде фин со него. Типичен пијан англичанец, спремен да загине за каузата која и онака не е негова.
 
Ајмо на ориТски.

Од трн на глог... така помисли горделивион туриста (сите странци за ориѓани се туристи) кој во градоф дојде ко големец, ко наконтено кАпиле полно пари спремен да ги спичкат сине на целовечерна журка на некое од запустенине кафанчина. Се осеќаше мизерно, а низ глана му поминвеја мисли колку е јаден, очаен и спремен до го облиет со крф секој шо ќе пробат да е фин со него. Типичен земен енглес, спремен да погинит за причина која и така и така не е негоа.
 
На кумановски дијалект...

Од трн на глог... такој помисли поноснијат странац кој у наш град дојде како големац, како уображен копиљ пун сас паре спреман да ги потроши свите за целовечерну забаву у некоју од сиромашните кафане. Осеќаше се мизерно, а низ главу му проваѓасва само мисле колко е јадан, очајан и спреман да га облие сас крв свак што ќе се осмели да биде фин сас њега. Типичан пијан енглез, спреман да загине за разлог кој и онакој не е његов.
 
Од трн на глог... така помисли горделивиот странец кој во нашиот град дојде како големец, како наконтено копиле полно пари спремен да ги потроши сите за целовечерна забава во некој од сиромашните анови. Се чувствуваше мизерно, а низ главата му минуваа само мисли колку е јаден, очаен, и спремен да го облие со крв секој што ќе се осмели да биде фин со него. Типичен пијан англичанец, спремен да загине за каузата која и онака не е негова.

Преспански - (Горно преспански)
От трн на глоуг.... така си рече јабанџијата кренат на чалам кој во нашијот грат дојде ко богаташ, ко наконтено копиле поуно пари спреман да и потрошит (да и врлит) сите за да лумпуват цела нош во некој от сиромашките аној. С' осешташе њубо, а низ гла му врвја саде мисли коуку е напоунат со јадој, очаен, и спрем'н да го облијат со крф секој кој шо ќе пробат да е арен со него. (Типично нема) Баш пијан енглез, сторен ниет да зајгинит за идејата која и така не е негоо.
 
Од трн на глог... така помисли горделивиот странец кој во нашиот град дојде како големец, како наконтено копиле полно пари спремен да ги потроши сите за целовечерна забава во некој од сиромашните анови. Се чувствуваше мизерно, а низ главата му минуваа само мисли колку е јаден, очаен, и спремен да го облие со крв секој што ќе се осмели да биде фин со него. Типичен пијан англичанец, спремен да загине за каузата која и онака не е негова.

Беровски

Од трн на глог... Така си се замислуваше гордие странец шчо дојде у наше град като чорбаџиа, като дигнано копЕле пно пари готово да ги потроши се за да пие цела нош у некое сиромашно кафене. Усишчаше се мизерно а низ главата му се маа мисли колку е нервозен, жален и готов да го отече сос крв секој шчо че проба да е арен сос него. Прав пиан енглез готов да умре за работа шчо и така не е негова...
 
Од трн на глог... така помисли горделивиот странец кој во нашиот град дојде како големец, како наконтено копиле полно пари спремен да ги потроши сите за целовечерна забава во некој од сиромашните анови. Се чувствуваше мизерно, а низ главата му минуваа само мисли колку е јаден, очаен, и спремен да го облие со крв секој што ќе се осмели да биде фин со него. Типичен пијан англичанец, спремен да загине за каузата која и онака не е негова.

Има ли бре скопјани овде?

Од коњ на магаре... тоа му пројде низ глаа на дигнатиот странец кој шо кај нас у град дое као буџован, као пицнат копиљ пун пари спремен да скурца све уз целовечерна журка у некоја сељачка биртија. Се осеќаше заебано, а кроз глаа му проаѓаа мисли колку е заебан, поебан и спремен да го здрви од маање до крв секој шо ќе проба да биде океј со него. Прав ќутукосан енглез, спремен да погине за нешо шо и онака не е негово.

п.с. Се извинувам за оригиналниот текст кој очиглегдно е далеку од литературен. :kesa: Ветувам ќе се потрудам повеќе следниот пат.
 
Струмичко-радовски т.е. БЕЖАНСКИ

Од трн на глог... така помисли горделивиот странец кој во нашиот град дојде како големец, како наконтено копиле полно пари спремен да ги потроши сите за целовечерна забава во некој од сиромашните анови. Се чувствуваше мизерно, а низ главата му минуваа само мисли колку е јаден, очаен, и спремен да го облие со крв секој што ќе се осмели да биде фин со него. Типичен пијан англичанец, спремен да загине за каузата која и онака не е негова.

Струмичко-радовски т.е. бежански

Ут лошо полошо...т`ка си пумислИ гурделИвио стрАниц шо дујдЕ у нАшијо град куту гулем чувек, дуздИсино магаре п`лно су пари гутОф да ги изтроше сите з идна веч`р у некоа скапина кафана. С чуствувише куту пусерин, а у главата му са мотаа филмуве колкој изнирвирин, диприсирин и гутоф да утепе скуј шо ки пробе да му л`ске. Типичин англичанец гутоф да умре и за тава шо и ич не го заниме .:gorda:
 
Од трн на глог... така помисли горделивиот странец кој во нашиот град дојде како големец, како наконтено копиле полно пари спремен да ги потроши сите за целовечерна забава во некој од сиромашните анови. Се чувствуваше мизерно, а низ главата му минуваа само мисли колку е јаден, очаен, и спремен да го облие со крв секој што ќе се осмели да биде фин со него. Типичен пијан англичанец, спремен да загине за каузата која и онака не е негова.

Ајде чисто Струмички:)

Уд лошо полошо..тка' помисли' горделИ'вио странец шо дојде' у на'шио град как голе'м чове'к, как надузди'сано мага'ре пу'но су пари гуто'ф сите да ги прее*а за да лумпу'ва цела вечер у некоо' се'лска кафа'на. Му беше мизе'рно, а низ глаa'вата му се мо'таа фи'лмове колкоо' за ни'где, изнерви'рн и гото'ф да гу уби'ии тај шо ќе му оде по ќе'ефо. Ти'пичен пијан англича'нец гото'ф да се уби'и за нешто шо не ни го интерсире' ич.
 
Гевгелиски дијалект

Акцентот е на големите букви(само на зборови кои се акцентираат различно од правилото за правоговорното акцентирање на македонскиот јазик)
Уд лошо полошо... ткА си помислИ дигнатиут странец шу ву нашиут град дојдЕ кути гулЕм човЕк, кути аздисано ѓубре п'лно сус пари готаф да ги истрОше сите за една ебана забава уф некуј уд селАчишките кафАни. Са чувствуавше кути ѓубре,а низ глаавта му са мотаа филмчИња колко е јадан, очаен, и готаф да гу бапне низ џам секој шо ќе са убИде да са однесаве арно сус него. Обичан пиан англичанец, спреман да са утЕпе за рабОта која не е негава.
 
Од трн на глог... така помисли горделивиот странец кој во нашиот град дојде како големец, како наконтено копиле полно пари спремен да ги потроши сите за целовечерна забава во некој од сиромашните анови. Се чувствуваше мизерно, а низ главата му минуваа само мисли колку е јаден, очаен, и спремен да го облие со крв секој што ќе се осмели да биде фин со него. Типичен пијан англичанец, спремен да загине за каузата која и онака не е негова.
Штипски:
От трн на глог...така помисли горделивио странец шо у нашио град дојде како големец,како напрчено копиле пуно пари готов да ги преебе за една вечер забава у некоја од крчмите(бугарски кафани). Почуствуваа се мизерно,а низ главата му минуваа само мисли колку е јаден,очаен, и готов да го облие со крф секој шо ке се осмеле да биде фин со него. Типична англичанска пијандура,готов да загине за причина шо и онака не е негова :)
 
Од трн на глог... така помисли горделивиот странец кој во нашиот град дојде како големец, како наконтено копиле полно пари спремен да ги потроши сите за целовечерна забава во некој од сиромашните анови. Се чувствуваше мизерно, а низ главата му минуваа само мисли колку е јаден, очаен, и спремен да го облие со крв секој што ќе се осмели да биде фин со него. Типичен пијан англичанец, спремен да загине за каузата која и онака не е негова.

Oд нешчо на нишчо... така си рече надуенион турист кој во нашиов град дојде ко некој ага, ко накинџурено копиле полно со пари спремно да ги потрошит сите за целовечерен џумбус во некое од скапанине кафанчиња. Се осешчаше за нигде, а низ глата му поминвеја само мисли колку е спљујан, за греој и спремен да го чуљосат со крв секој шо ќе пробат да е фин со него. Типичен камчосан англичанец, спремен да загинит за каузата која итака не е негова.

Охридски дијалект, се разбира.
 
Од трн на глог... така помисли горделивиот странец кој во нашиот град дојде како големец, како наконтено копиле полно пари спремен да ги потроши сите за целовечерна забава во некој од сиромашните анови. Се чувствуваше мизерно, а низ главата му минуваа само мисли колку е јаден, очаен, и спремен да го облие со крв секој што ќе се осмели да биде фин со него. Типичен пијан англичанец, спремен да загине за каузата која и онака не е негова.

Ај да пробам на прилепско тро... (онаму каде има долна црта, тоа се акцентските целости)

Од_трн на-глог ... така мислеше странецо шо во градов наш дојде ко демек големец, ко неко_копиле наконтено, полно пари, и то да видиш, спремен сите д’и потроши за една вечер по забаталенине кафанчина. Абе мизерно се осејчаше чоекон, а низ глата се му се моткаше колку колку е јаден, колку е очаен, абе спремен ти бил да го крвојса секој шо че проба да го заитка. Шо да ти речам, едно типично англиско пијаничиште, готов живот да дај за каузата шо и онака не е негоо.
 
Благодарам Кате :)

““““Во дворот на стариот чичко Диме секогаш постоеше куќичка која служеше за се`. Трошна и збрчкана во ѕидовите и во неа можеше човек да најде буквално од глувчиња до делови за локомотива.
Најпрвин почина неговата госпоѓа, а потоа и тој самиот падна во тешка агонија и страдаше од болести кои си доаѓаа една по друга како пијалоци на шанк во саботна вечер. Не издржа кутриот, си замина и тој а сите маки и клевети ги остави на неговиот син, оној неранимајко и расипикуќа кој не дава ни пет пари за тоа што се случи со неговите родители.
Сега сме сами, без соседи... како да живееме во некоја земја сами и оддалечени од светот. ““““

Може да се пробаме со текстот под наводниците? :)
 
Во дворот на стариот чичко Диме секогаш постоеше куќичка која служеше за се`. Трошна и збрчкана во ѕидовите и во неа можеше човек да најде буквално од глувчиња до делови за локомотива.
Најпрвин почина неговата госпоѓа, а потоа и тој самиот падна во тешка агонија и страдаше од болести кои си доаѓаа една по друга како пијалоци на шанк во саботна вечер. Не издржа кутриот, си замина и тој а сите маки и клевети ги остави на неговиот син, оној неранимајко и расипикуќа кој не дава ни пет пари за тоа што се случи со неговите родители.
Сега сме сами, без соседи... како да живееме во некоја земја сами и оддалечени од светот.

Прилепски:

Во дворо на старио чичко Диме секош постоеше кујчичка која служеше за се.Трошна и збрчкана во ѕидојте и во незе можеше чоек да најди буквално од флувчиња до делој за локомотива.
Најпров почина неговата госпојџа, а после и тој самио падна во тешка агонија и страдаше од болестои кои со надоајџаа една по друга како пијалоци на шанк во саботна вечер.Не издржа кутрио, си замина и тој а сите маки и клевети ги остај на неговио син, онај неранимајко и расипикујча кој не дава ни пет пари за то шо се случи со негојте родители.
Сега се сами, без комши...како да живејме во некоја земја сами и оддалечени од свето.

Толку:)
 
Благодарам Кате :)

““““Во дворот на стариот чичко Диме секогаш постоеше куќичка која служеше за се`. Трошна и збрчкана во ѕидовите и во неа можеше човек да најде буквално од глувчиња до делови за локомотива.
Најпрвин почина неговата госпоѓа, а потоа и тој самиот падна во тешка агонија и страдаше од болести кои си доаѓаа една по друга како пијалоци на шанк во саботна вечер. Не издржа кутриот, си замина и тој а сите маки и клевети ги остави на неговиот син, оној неранимајко и расипикуќа кој не дава ни пет пари за тоа што се случи со неговите родители.
Сега сме сами, без соседи... како да живееме во некоја земја сами и оддалечени од светот. ““““
Може да се пробаме со текстот под наводниците? :)

Krivopalanecki:

U dvorot na stariot cicko Dime, sekad imase(postoese)kukicka sto sluzese za sve. Raspadnena i zguzvana u zidovite i u nea mozese cove'k da najde bukvalno od pogancinja do delovi za lokomotiva. Najprvo umr'e negovata zena(gospoga), a posle i on sam padna u teska agonija i patese od bolesi sto si doodesea edna po druga kako pijacki na sank u subotna vecer. Ne izdrz'a sirotiot, zamin'a si i on a site muki i kleveti ostavi gi na negoviot sin, onaj bagabont i rasipoku'knik sto ne dava ni pet pari za toj sto se desi so negovite roditeli.
S'k sme sami, bez komsii...kako da ziveeme u nekoja zemja sami i oddaleceni od svetot.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom