Студии и работа истовремено. Можно ли е?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Ех сеа полно работно време...
Кај нас со така тро потешко, а во странство пошто нели на саат работат, изводливо е.
 
Тешко изводливо е,и вонреден и работа,се зависи од тоа колку си посветен на работата и на факултетот.Мене не ми успеа.Факултетот оди малку потешко во тој случај.Колку и да вложиш напори не е возможно секоја сесија да бидеш присутен на испити,а башка што имав лудница предавања што не сакав да ги испуштам.Ако одиме на принцип преживување и мотото-битно е само да димпломираш,така се успева.
 
Две добра во исто време никогаш не оделе заедно па така и ова,но зависи од факултетот техничкиве факултети не даваат можност за да се студира вонредно зашто вежбите се од големо значење 3 минуси и нема потпис,нема потпис нема полагање,плус со новиот КТС и редовноста на предавање се бара,нон стоп домашни,така да можноста за да заработиш некој денар се сведува на минимум т.е на 0


Нема врска еве јас студирам како редовен студент на ЕУРМ и работам во државна фирма(додуша сега сум на боледување до 30.а после ќе си земам 70%)
 
еве јас ке зборувам од мое лично искуство значи бев во Македонија на Економски факултет таму сите знаеме дека имаме за учење преку глава а малку сесии значи се што треба да се положи е на колоквиум а колоквиуми имаш на секои месец дена знаци реално и да уциш и да полагаш не е возможно,сеа преку Економски факултет дојдов во Холандија преку рамзмена на студенти за да дипломирам овде знаци имам една година за слушање и плус шест месеци пракса,мегутоа јас си го плакам школкуваљето и месецните трошоци затоа сто моите од дома неможат да го издрзат тоа...но овде ситуацијата е сосема спротавна од Македонија овде имаш време и да разботиш и да учиш ... тоа во Македонија го нема за жал не е ниту возмозно ....поздрав до сите кои имаат желба да студираат во странство нека не се плашат за финансиските сретства се е подруго и поразлично од Македонија...само напред:uvo:
 
Па можно е ама треба многу напор и откажувања.Ако си вонреден студент ќе оди полесно работата,ама да си редовен студент и полн работен однос мислам дека е скоро невозможно.
 
Возможно е ама многу тешко.Јас студирав и работев истовремено лани и можам да кажам дека не е толку физички колку што е психички неиздржливо.Ама се зависи и од факултетот и нормално работата.
 
Ако си редовен студент,тешко некако.Ко што има денови кога си од 8 до 20 на факултет...нема шанси.Па и да не си по цел ден на факултет,од таму на работа,ќе дојдеш дома,во кревет.И секој ден истото,а каде се испитите и колоквиумите.Кај и да е психички ќе те истошти.
 
факлутет + freelancer да , но привите две години факултет+ работа никако
па не ли треба да ги завршиш домашните

Кога си млад парите се послатки од образовањето затоа ако можеш да студираш со тие средства што ти ги дават од дома никако не почнувај со работа
 
Во Македонија покрај високообразовниот (не)систем пречка е и пазарот на труд (го нема) а и тој што го има сака само да искористи .... некој да му работи за беспари ... па за тоа не е пожелна варианта иако познавам примери кој се успешни во кариерата и во студиите... јас на пример одам секој ден на факс и одам на работа пошто сум сам тука и морам сам да се издржавам никој македонец нема по 1000 евра секој месец да плаќа за детето да се школува настрана така да ... ако видите зорт и ке учите и ќе работите па макар и не сте спиеле.... (на почетокот и тоа ми се случуваше)
 
Да мислам дека е јасна темата.

Дали практични е можно истовремено да се работи и да се тераат студии?

Зборуваме за платена работа со полно работно време.

Какво е вашето искуство?

На општествените да, на техничките не . Само во случај да си вонреден студент

Ако си вонреден да, меѓутоа некои од факултетите (претежно техничките) немаат вонредни студии, три минуси на вежби и губиш право на потпис.

Порано или подоцна ќе мора да одбереш помеѓу факултетот и работата.

Токму така мора да си постојано на факс да ги одработиш вежбите

И не само тоа.

Додека на некои факултети и да изгубиш право на потпис можеш легално да си го платиш (си постои цена во тарифникот на факултетот, некоја симболична цена беше), на други факултети не постои ни тоа. Значи, у старт ако одлучиш да работиш, мора да направиш и избор помеѓу работа и факс.

Не знам за другите ама на електро можеш исто така да си платиш потпис ако не можеш да земеш од професор но тоа е само за да можеш да го завериш и запишеш семестарот а не можеш да полагаш бидејќи го немаш потписот така да нема работа истовремено мора на факс

Ако си редовен студент,тешко некако.Ко што има денови кога си од 8 до 20 на факултет...нема шанси.Па и да не си по цел ден на факултет,од таму на работа,ќе дојдеш дома,во кревет.И секој ден истото,а каде се испитите и колоквиумите.Кај и да е психички ќе те истошти.

Ова општествените не го знаат што е тоа од 8 до 20 мене ми се чудат како на електро одам навечер 18,19 часот.
Со новиот ЕКТС можеш да запишеш и еден два предмети па да немаш многу предавања и вежби на кои треба да идеш па да пробаш да работиш незнам колку ти е исплатливо со 1-2 предмети по семестар да запишуваш
 
Pa smetam deka e mozno no nemozam da tvrdam so sigurnost zasto jas studiram i nekogas ne postignuvam na vreme so ucenje iako nisto ne rabotam pa zamisli i da rabotam.Smetam toa e svarno naporna rabota no neli ako se saka se se mozi
 
Како прво зависи што учиш. И второ-дали си вонреден или редовен студент.Јас на мојот факултет немам време да се одморам а не пак и за работа да мислам.Има време и за тоа...:smir:
 
Зависи од факултетот, и зависи од тоа што го работите.

Лично искуство. Се запишав на информатика во Битола (на техничкиот) како редовен и така се водам до ден денес, претходно имав паузирано многу од графички (исто Битола) па пошто испуштив конци, отидов некое време во Скопје да поработам (работев Веб дизајн и развој).

Кога се вратив од Скопје, се запишав на информатика и пола година бев редовен и на предавања и колоквиуми и многу лесно ми одеше, се виде и по оценките (сите десетки). Ме запамтија професорите. После почнав да работам програмер цело работно време за странска компанија (оутсорс) и работам до денес, и паралелно се запишувам како редовен студент (ми рекоа да не се запишувам вонреден за џабе, оти нема голема разлика). Не замараат со потписи, така да не е многу битно дали одиш на предавања или не, ама јас имам големо предзнаење за тоа што го учиме (многу студенти мака мачат со предмети од програмирање, мене ми одат лесно ко салата и ракија :) ).

И згора на се, имам своја фирма која покрај работата со странците, многу ми се наоѓа со работата за наши компании (домашен пазар) (ова одзема додатно време од работното).

Единствено мака мачам со предмети кои немаат врска со информатика (ги има машала) и се таму заради егзистенција на професорите. Заради таквите, видов малце мака (немање време за учење), иначе до сега ќе го завршев факултетот.

- Генерално не ми е тешко затоа што со моето предзнаење не ми треба време за учење (за предметите од информатика).

- Тешко ми е што мора секогаш да барам слободни саати (кои после ги одработувам) за да одам на факултет (тоа е главен проблем мислам), подобро ќе беше ако за вонредните студенти професорите остануваа и попладне (ама ете и редовен и вонреден, професорот мораш во ходник да го ловиш, ако имаш среќа ќе го начекаш).

Значи, за мене оваа комбинација (студии и работа) е можна (или што би рекле МитБастерс "CONFIRMED")
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom