Зависи од факултетот, и зависи од тоа што го работите.
Лично искуство. Се запишав на информатика во Битола (на техничкиот) како редовен и така се водам до ден денес, претходно имав паузирано многу од графички (исто Битола) па пошто испуштив конци, отидов некое време во Скопје да поработам (работев Веб дизајн и развој).
Кога се вратив од Скопје, се запишав на информатика и пола година бев редовен и на предавања и колоквиуми и многу лесно ми одеше, се виде и по оценките (сите десетки). Ме запамтија професорите. После почнав да работам програмер цело работно време за странска компанија (оутсорс) и работам до денес, и паралелно се запишувам како редовен студент (ми рекоа да не се запишувам вонреден за џабе, оти нема голема разлика). Не замараат со потписи, така да не е многу битно дали одиш на предавања или не, ама јас имам големо предзнаење за тоа што го учиме (многу студенти мака мачат со предмети од програмирање, мене ми одат лесно ко салата и ракија
).
И згора на се, имам своја фирма која покрај работата со странците, многу ми се наоѓа со работата за наши компании (домашен пазар) (ова одзема додатно време од работното).
Единствено мака мачам со предмети кои немаат врска со информатика (ги има машала) и се таму заради егзистенција на професорите. Заради таквите, видов малце мака (немање време за учење), иначе до сега ќе го завршев факултетот.
- Генерално не ми е тешко затоа што со моето предзнаење не ми треба време за учење (за предметите од информатика).
- Тешко ми е што мора секогаш да барам слободни саати (кои после ги одработувам) за да одам на факултет (тоа е главен проблем мислам), подобро ќе беше ако за вонредните студенти професорите остануваа и попладне (ама ете и редовен и вонреден, професорот мораш во ходник да го ловиш, ако имаш среќа ќе го начекаш).
Значи, за мене оваа комбинација (студии и работа) е можна (или што би рекле МитБастерс "CONFIRMED")