S
staycalm
Гостин
13 причини зошто е книга од 2007 година, напишана од Џеј Ашер. По оваа книга е снимена и серијата 13 причини зошто, што излезе на Нетфликс на 31 март 2017.
За што се работи? Клеј Џенсен, срамежлив средношколец, по враќање од училиште наоѓа мистериозна кутија пред врата. Содржи 7 касети кои ги снимала Хана Бејкер, соученичка која што неодамна се самоубила. Во секоја касета се објаснува една причина зошто таа одлучила да се убие. Касетите се пратени на повеќе луѓе пред да му бидат доставени на Клеј. Секоја приказна е посветена на една личност која што на Хана и дала причина за самоубиството. Правилото кое што Хана го задала е преслушај, а потоа предај ги касетите на следната личност на листата. Во спротивно, снимките ќе бидат објавени јавно. Клеј е многу зачуден зошто би бил тој дел од причините за самоубиство на девојкатата која што од секогаш му се допаѓала, но никогаш не успеал да ја запознае како што треба, па затоа почнува да ги слуша истите и се соочува со судбината на Хана Бејкер.
Одлична серија што го разработува еден од најголемите проблеми во училиштата, bullying и што се' може да предизвика тоа. Има оценка 8.6 на imdb, според мене заслужено.
Иако имаше неколку нелогични работи, серијата е мноогу добра. Првата сезона заврши, и според книгата приказната е завршена, но крајот остави многу прашања неодговорени и најавија 2ра сезона заради големата заинтересираност од гледачите. Доколку не сакате тинејџерски приказни, не е за вас, бидејќи буквално се работи за раскажување на случки од тинејџерството и средно школо
Плус глумата е одлична. Посебно тоа глумење што мајката на Хана го изведе кога ја виде Хана мртва, врв.
Вреди да се погледне, доколку ви е интересна првата епизода веднаш ќе се навлечете на другите.