13 години Рамковен договор, колку Албанците го почитуваат договоренот

Павле_Од_Тарсус

Апологет
Член од
23 септември 2015
Мислења
57
Поени од реакции
21
Imam edna idea, ama toa e mnogu luda idea, znaci nesto sto stvarno mislam deka ne mozite da si go pretstavite.
ZOSTO NE GO PRAVIME TOA STO NI GO OVOZMOZUVA ZAKONOT, I NE POCNIME EDNOSTAVNO DA SI GO POBARAME TOA ST OE NASE ?!?!?!?!?!
Znaci protestiravme za positni raboti, kako na primer, drzavniot ispit. Vo ovaj slucaj ke ni trebat samo dovolno lujge so kolektivna-nacionalna svest za da zapocnime da se organizirame i da smenime nesto.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.406
Поени од реакции
4.881
до кај е идеата за IQ тест пред зачленување во форумов?
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.710
Поени од реакции
26.231
до кај е идеата за IQ тест пред зачленување во форумов?
Прво нека се спроведе тестирање IQ пред поставување на претседател на партија, па после ќе се спроведе во другите сегменти.
 

Silvio

Strength And Honor
Член од
21 јануари 2009
Мислења
311
Поени од реакции
167
Политички наметнат договор врз Македонија, кој договор сега се користи за политички цели од домашните политички Внатрешно македонски револуционерни одреди и од претходните сегашни опозиционери.
Често одам низ западна Македонија и искрено секое поминување низ тој предел кој толку многу го сакам, ми претставува вознемирување и болка кога ги гледам сите тие мегаломански знамиња на Албанија во сред Македонија, патокази, знаци на албански јазик, споменици на УЧК на сите страни.. и си викам дали јас уште се наоѓам во Македонија, онаа моја земја која ми е единствена татковина.Само географски се наоѓам, никако повеќе.
Ме интересира дали нашите патриоти и државници во Владата и Собранието кога идат натака воопшто ги гледаат овие работи и како се чувствуваат? Како се чувствуваат кога ке помислат дека семејствата на загинатите и осакатените во војната од 2001 постојано поминуваат низ тие предели и душата им плаче зошто нивните деца загинале попусто за политички идеали а не за татковината како што го правеле тоа вистинските патриоти во минатото?
Кој во светов би дозволил терористи кои со оружје тероризираа домашно население, масакрираа, палеа села, уништија безброј животи, да влезат во Влада и Собрание во одела и да ја договараат нашата иднина и иднината на нашите деца? Зар тоа е пораката? Убивај за да влезеш во Собрание и да примаш ненормално високи државни примања?

Се срамам од мојата држава зошто ова и го направи на мојата татковина.​
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.825
Поени од реакции
80.356
Ќе видиме. Мада било да е предавников на власт, било да е соросидон, не ни се пише арно, би нѐ шитнале за будизашто.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.758
Поени од реакции
30.422
^^
Напредок Берик, напредок! (y)
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.080
Поени од реакции
6.701
вообичаено пред избори мора да заиграат на картата на национализмот,после избори си тераат бизнисите откако ќе се наместат во фотељите

е сеа и имаат шанса да сторат нешто повеќе за националната кауза пошто запад го љуља грујо некако да падни од власта,али колку и нив ќе им дозволат повеќе да сторат - ќе видиме.........во секој случај тешко на народот,државата тешко дека ќе се стабилизира економски и безбедносно следните 20тина години минимум
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
вообичаено пред избори мора да заиграат на картата на национализмот,после избори си тераат бизнисите откако ќе се наместат во фотељите

е сеа и имаат шанса да сторат нешто повеќе за националната кауза пошто запад го љуља грујо некако да падни од власта,али колку и нив ќе им дозволат повеќе да сторат - ќе видиме.........во секој случај тешко на народот,државата тешко дека ќе се стабилизира економски и безбедносно следните 20тина години минимум
Не е во тоа проблемот,туку играњето на картата на патриотизмот на Грујо.Ако некој вакво нешто изјави во Бугарија или Грција веднаш ќе беше депортиран од државата за 24 часа.Викаме дека Бугарите и Грците биле фашисти,а ние сме биле патриоти.Е резултатите се гледаат,ние колку изгубивме за дваесет години,додека нашите соседи за двеста години не направија ниту една отстапка спрема никој терорист со овакви барања како овој Аљи.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Ако имате три грама дискутирајте по прашањето:
Зошто во Македонија мора да се зборува за федерализација и зошто во Македонија не може да се спроведе федерализација?[DOUBLEPOST=1447877430][/DOUBLEPOST]
Непријателствата меѓу балканските народи почнаа кога се креираа национални држави. Секој народ сакаше што поголеми територии.
Србите, грците и бугарите има подршка од големите сили, албанците делумно подршка на Италија и АУ, македонците никаква.
Албанските националисти имаа барања, мапите сите ги знаеме, секако беа далеку од преовеличени барања, сакаа да бараат многу а да добијат доволно, факт е дека албанците не беа мнозинство во многу градови кои ги бараа. Но и барањата на грците и србите не се совпаднаа со денешните територии, тие сакаа што помала албанска држава, најмалку пола што постои денеска. Изгледа и овие бараа многу за да добијат доволно, и добија, повеќе албанци останаа надвор отколку во самата Албанија. Тогаш србите, црногорците и грците имаа работа да ја исчистат територијата која ја добија *ослободувајќи* ја.
Но не успеа целосно, заради огромниот наталитет: Нискиот стандард на живеење, ниското образование доведе кон тоа да албанците уште да се огромен број во Косово, Македонија, но не во Грција која далеку по ефикасна била по етничко чистење и по асимилирање, кажано појасно, имаше поголема подршка за тоа.

Никогаш албанците не се помирија кај соседните држави, првата шанса и подршка за ослободување што ја имаа ја искористија, таа германската.
Денеска ја користат американската.


Но светот се менува, соништата за национални држави веќе треба да бидат само соништа, помина времето за национални држави, помина времето за национални разлики.
Во Балканот нема нација доволно јака да биде лидер за да ги обедини сите други, затоа мораме да се интегрираме во ЕУ, вака мали пазари сме, не можеме да опстоиме, затоа балканот е празен, нема народ, сите се иселуваат.

Рамковниот договор е компромис, го зачува териториалниот интегритет на државата но и го подобрува животот на малцинствата кои беа длабоко дезинтегрирани. Кое не било воопшто случајно.
Дали требаше да има конфликт за постигнување ваков договор не знам, но запрашајте се вие драги мои сограѓани македонци кога би имало референдум и кога би требало да одберите меѓу ваков договор и поделба на државата кое вклучува мачно размена на население, кое би одбрале?
Еве некоја сила за сите нас одбрал веќе, како сакате да продолжите понатаму? Сакате понатаму вака да се плукаме?

Не ми се верува дека викате дека албанците не го почитуваат договорот, кога имате институции, држава која на секаков начин се обидува да го дескредитира, да проблематизира, да го драматизира договорот.
За секое рамковно вработување имавме драма по телевизиите, по неколку пати најавување по вести. А за вработување на македонци никогаш не сум затекнал, а најмалку 3 пати повеќе македонци се вработени во државни институции, а бркавме првична застапеност, никако да се постигне 25%, сосема разбирливо.

Договорот не се почитува од државата, од институциите.
Не го обвинувам македонецот, тој не е крив, нему му се сервира сето тоа на тацна.
Ајде да ти објаснам како атеист на атеист, односно луѓе кои се залагаат за секуларно и граѓанско општество.. ))))
Гледам нашите политичари, дали поради недостаток на храброст или поради незнаење како правилно да го искажат својот став не успеваат доволно добро да ги артикулираат своите аргументи.

1. Македонија и Македонците никогаш нема да се согласат да отстапат дел од својот територијален интегритет, суверенитет и државотворност на Албанија.

Зошто?! Ова е единствена наша држава, држава која се идентификува со македонскиот народ и обратно, и ние нема да прифатиме да се загуби македонскиот национален карактер на оваа држава. Макар формално, макар со широки права за етничките заедници, како што е после охридскиот рамковен договор. Вас може тоа да ве навредува, но за нас била и е најважна смисловна точка во борбата за создавање и борбата за опостојување на оваа држава.

Зошто реков Албанија, а не Албанците?! Затоа што барањата на македонските Албанци водат кон тоа. Вие настапувате како истурена дивизија на албанската/косовската армија, на албанските националистички кругови. Вие не сакате да се дефинирате како македонски Албанци, туку се трудите да предизвикате хомогенизација на политичката атмосфера и институции до тој степен што тие нема да се разликуваат во ништо од Албанија/Косово. Ваквиот стремеж се надополнува со тоа што сакате да ги раскинете сите врски кои во моментов се остваруваат само на институционално ниво, бидејќи после населувањето на косовските Албанци кои донесоа и насадија сепаратистички идеи овде се нарушија добрите односи помеѓу Македонците и Албанците во Македонија. Вие (мнозинството) и покрај моментумот кој се постигна после Охридскиот рамковен договор (со отварањето национални центри за развој и зачувување на јазикот, културата и традициите на албанската популација) не успеавте да се издигнете над национал-сепаратизмот. Дури ниту во симболиката, па така сега на една четвртина од територијата на државата Македонија се вее знамето на соседната држава Албанија. Нарекувајте и толкувајте го тоа знаме како сакате, но на официјално ниво тоа алудира на споделен суверенитет со државата Албанија.


2. Се забележува стремеж кај внатрешните и меѓународните поддржувачи на албанскиот (племенски, а не државен по својата форма) сепаратизам, Македонија да се стане федерација по примерот на Босна. Иако Босна е нефункционална држава и творевина, многу понефункционална дури и од Косово и Македонија.

Федерализацијата е дополнување на точката 1 и ја има истата крајна цел - деноминација на Македонија како национална држава на македонскиот народ. Ова им оди од прилог на сите соседи околу нас без ниту еден исклучок. Во реалноста, пак, федерализацијата не е оправдана од никаков друг аспект освен од племенско-родовско-националистички побуди.

3. Македонците и покрај вечните жалби и лелекања на Албанците, сепак се еден од најтолерантните народи на Балканот. И за очекување е дека би се согласиле дури и на денационализација на државната идентификација и препознатливост. Но, само доколку тоа е тенденција и во соседните држави. Таму нема такво нешто - напротив се засилуваат националистичките тенденции (Златна зора, Атака, Kuq e Zi..) и се зачувува духот на разнородни претензии кон македонската државност, територијална целовитост, јазик, црква..
 
Последно уредено:

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.049
Поени од реакции
8.263
spomnav na druga tema, ne e slucajno sto ni skroija nova vlada za nacionalno predavstvo,taka bese 2001 taka I sega.So ovaa zaednicka vlada ke se proba da se zavrsi ova I imeto.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom