Непријателствата меѓу балканските народи почнаа кога се креираа национални држави. Секој народ сакаше што поголеми територии.
Србите, грците и бугарите има подршка од големите сили, албанците делумно подршка на Италија и АУ, македонците никаква.
Албанските националисти имаа барања, мапите сите ги знаеме, секако беа далеку од преовеличени барања, сакаа да бараат многу а да добијат доволно, факт е дека албанците не беа мнозинство во многу градови кои ги бараа. Но и барањата на грците и србите не се совпаднаа со денешните територии, тие сакаа што помала албанска држава, најмалку пола што постои денеска. Изгледа и овие бараа многу за да добијат доволно, и добија, повеќе албанци останаа надвор отколку во самата Албанија. Тогаш србите, црногорците и грците имаа работа да ја исчистат територијата која ја добија *ослободувајќи* ја.
Но не успеа целосно, заради огромниот наталитет: Нискиот стандард на живеење, ниското образование доведе кон тоа да албанците уште да се огромен број во Косово, Македонија, но не во Грција која далеку по ефикасна била по етничко чистење и по асимилирање, кажано појасно, имаше поголема подршка за тоа.
Никогаш албанците не се помирија кај соседните држави, првата шанса и подршка за ослободување што ја имаа ја искористија, таа германската.
Денеска ја користат американската.
Но светот се менува, соништата за национални држави веќе треба да бидат само соништа, помина времето за национални држави, помина времето за национални разлики.
Во Балканот нема нација доволно јака да биде лидер за да ги обедини сите други, затоа мораме да се интегрираме во ЕУ, вака мали пазари сме, не можеме да опстоиме, затоа балканот е празен, нема народ, сите се иселуваат.
Рамковниот договор е компромис, го зачува териториалниот интегритет на државата но и го подобрува животот на малцинствата кои беа длабоко дезинтегрирани. Кое не било воопшто случајно.
Дали требаше да има конфликт за постигнување ваков договор не знам, но запрашајте се вие драги мои сограѓани македонци кога би имало референдум и кога би требало да одберите меѓу ваков договор и поделба на државата кое вклучува мачно размена на население, кое би одбрале?
Еве некоја сила за сите нас одбрал веќе, како сакате да продолжите понатаму? Сакате понатаму вака да се плукаме?
Не ми се верува дека викате дека албанците не го почитуваат договорот, кога имате институции, држава која на секаков начин се обидува да го дескредитира, да проблематизира, да го драматизира договорот.
За секое рамковно вработување имавме драма по телевизиите, по неколку пати најавување по вести. А за вработување на македонци никогаш не сум затекнал, а најмалку 3 пати повеќе македонци се вработени во државни институции, а бркавме првична застапеност, никако да се постигне 25%, сосема разбирливо.
Договорот не се почитува од државата, од институциите.
Не го обвинувам македонецот, тој не е крив, нему му се сервира сето тоа на тацна.