Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
По правило, книгата треба да релаксира, но не и кога се чита Хесе и сите негови контемплации кои што ја прават книгата. „Игра со стаклени монистра“, многу филозофско дело, кое што прелева во калап на приказна страшно неприметно, теоретски надградено и вистинска храна за душата, кога некој воопшто ја храни.
 
По правило, книгата треба да релаксира, но не и кога се чита Хесе и сите негови контемплации кои што ја прават книгата. „Игра со стаклени монистра“, многу филозофско дело, кое што прелева во калап на приказна страшно неприметно, теоретски надградено и вистинска храна за душата, кога некој воопшто ја храни.

Респект за изборот :smir: Преубава книга. Ако не се лажам мислам дека има и Нобелова награда за книжевност.
 
Тврдина, од Меша Селимовиќ. Прилично интересна приказна за човекот, неговите мотиви и сета злоба на земјата.

Особено тажна кога ги читате разочарувањата на ликовите, од нив самите, од светот во кој живееме...
 
Респект за изборот :smir: Преубава книга. Ако не се лажам мислам дека има и Нобелова награда за книжевност.
Да.Има земено Нобелова за книжевност.
Се сложуваме и јас сум убедена дека вреди да се прочита. :)
 
Heavier Than Heaven - Charles Cross.

Фантастичен подарок, книгата е напишана во новинарски стил и претставува биографија на Курт Кобејн, мојот омилен артист. Со читањето на оваа книга полека допирам до неговиот приватен живот, авторот се потрудил преку слики и интервјуа на неговите најблиски да дознае до детал што повеќе за животот на Курт.
 
"Прифатливи загуби" од Ирвин Шо. Добра е, ми се допаѓа, барем засега. Ќе видиме како ќе се заплеткува дејството понатаму. Книгата опишува како некои ситници можат целосно да променат нечиј живот и да му ги одземат на човек работите кои му значат.
 
Само што ја дочитав „Сложувалката на Парсифал“ од Роберт Ладлам, леле колку добра книга ви препорачувам да ја прочитате.. без здив ме остави исто можете и Белиот Ден од Џек Лондон и тоа е топ книга:pipi:
 
ја читам од старлинг црвено и црно и до пола книга сум и уште не можам да сватам зошто книгава е баш така насловена:toe:
 
Почнав да ја читам “Светските заговори“ од Џим Марс. Ако некој го интересира да дознае за манипулациите што ги прават “тајните“ друштва во управувањето на светот, кои се главните актери што се кријат во таа игра и која е нивната филозофија и цел.... книгата ќе направи да се заинтересирате за личностите кои си ја земале слободата да го водат директно или индиректно вашиот живот и животот на милиони луѓе на планетата.
 
Ја читам Pride and prejudice (Гордост и предрасуди) од Џејн Остин, на англиски.
Интересна книга која го отсликува англиското општество во тоа време, колку биле важни статусот и имањето при барање сопруг/а. Приказната е многу интересна. Г-цата Елизабет Бенет со предрасуди гледа кон г. Дарси, кој е од повисоката класа, а тој е премногу горд за да ги признае своите чувства кон неа...
Речиси сум до пола, многу интересна книга.
 
"Вонпарнично и извршно право"- спремање испит, а инаку сакам пак да ги прочитам "За кого бијат камбаните" и "Белата долина".
 
"Ангели и Демони" само што ја завршив. Конечно нова интересна книга. Мислев само пред стотици години правеле добри книги.
 
Ја читам ,,Џејн Ејр,, и не можам да кажам многу бидејки сум на самиот почеток но конечно по толку време читам книга во која дејството не се случува во Франција
последниве 3 беа такви и еве сега се селам во Англија за промена:pipi:
 
Самрак.
Со оглед на то шо го немам гледано филмон ми е доста интересна,
Леле само како е опишвен Едвард..Ко ќе ја читам срциња од глава ми излегвет:wub:(:pos:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom