Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
,,Негирање,,....сеуште ја читам....ехеејјј.....2-3 недели се направија. Незнам зашо бе ич не ми се чита.....се презаситив од книга?:toe: није могуче.
 
Ангели и демони - Ден Браун
Го изгледав филмот прво, па сега ја читам книгата...
 
избрани комедии ја зедов па ќе видам каква е уште ја немам ни отворено
 
Првиот том од ,,Браќа Карамазови''.Приказната почнува со опис на животот на таткото Фјодор,па до кај што сум стигнат се опишува детството на неговите синови.Па ќе видам натаму каква е книгата,се надевам интересна. :)
 
Пред 15 минути ја завршив ``Паднати Ангели`` од Нора Робертс.........интересна книга кога ги спојува убиството, љубовта и лудилото....вреди да се прочита!
 
Астрологија за почетници. Мозгам овде квадрати, куќи и аспекти. Волшебно. Од некојси Демиан Шарп. Подарок е, а тоа уште повеќе ме плени.
 
Само што ја завршив „Фаренхајт 451“ на Реј Бредбери. Температура на која книгата гори. Одлична книга, особено за оние кои се свесни на која декаденција подложи човештвото ако продолжи со ова темпо. Преку очите на еден пожарникар, чија примарна функција, да гасне пожари, е извитоперена со градбата на огноотпорните куќи, е опишан пропастот на целиот човечки род. Вели: луѓето прават муабет за брзите коли, за уништување, децата се навлечени кон деструкција, кон трки, не постојат филозофи, учители, духовно богати луѓе.
Сите се навлечени на една илузиона замисла на животот, прават муабет со телевизиски фамилии, на тие чудни ТВ ѕидови кои кријат колку се бедни.
Изолирани се од секакви грижи и чувства. Жално, многу жално. Тажна е сета таа слика каде може да се согледа дека ги прогонуваат сите оние кои се издвојуваат како луѓе кои сакаат да знаат нешто повеќе.
Би можела уште да зборам за тоа колку сум фасцинирана од оваа книга, но ќе треба да навлезам длабоко во неа, па спојлери, едно-друго.

Моја препорака е да ја прочита секој оној кој е свесен кон какво самоуништуваме се водиме самите себеси.
 
Тесто паста - храна на љубовта од Ентони Капела
Приказна за заведување и невозвратена љубов, прекрасна приказна која ке им се допадне на сите италофили, гурмани и романтичари.
 
Шагринска кожа од Оноре де Балзак
книгава е давеж... морам да ја прочитам зашо лектира ми е ама навистина ме напиња 30 страни цела недела читам... воопшто не ми лежи стилов на Балзак
ја има некој прочитано? Што е фората со депримираниот тип и воопшто со целата книга?
Ке бидам благодарна некој ако ми објасни :)
 
,,Љубов за 17.5 долари"-Чарлс Буковски

Оваа збирка раскази, насловена според истоимениот расказ, е слика на двата основни мотиви на Буковски-пиењето и жените. Мизерно-едноставна конструкција на речениците, новинарски стил без претерани описи и слободен тврд речник се карактеристиките што јас ги забележав. Интересно е што Чарлс Буковски, не крие дека 95% од напишаното е и автобиографско.

Цитати: ,,Ако не ти преостанало многу душа, а ти го знаеш тоа, значи- уште имаш душа".
,,Чарли Чаплин се вљубил во Полет Годар кога ја видел како загризува јаболко".
 
Пиреј ја читам...многу е добра, барем засега (до пола сум) :pipi:
 
Шагринска кожа од Оноре де Балзак
книгава е давеж... морам да ја прочитам зашо лектира ми е ама навистина ме напиња 30 страни цела недела читам... воопшто не ми лежи стилов на Балзак
ја има некој прочитано? Што е фората со депримираниот тип и воопшто со целата книга?
Ке бидам благодарна некој ако ми објасни :)

Офтопик:
Почни да читаш по 70тата страна, до таму е тупење. Оттаму, книгата станува многу убава и поентата што ја истакнува авторот е многу убава. Прочитај ја, нема да зажалиш. Имаше и тема во подфорумов специјално за оваа книга. Ако се откажуваш вака од книгите од средно уште од првите 30 страни, нема многу да прочиташ. Доста книги звучеле досадно но имале многу убава поента.:smir:


Он: Почнав денес да ја читам „Сите лица на смртта“ од Петре М. Андреевски. На почеток добра е, па ќе видиме како ќе се покаже, има доста страници :)
 
Офтопик:
Почни да читаш по 70тата страна, до таму е тупење. Оттаму, книгата станува многу убава и поентата што ја истакнува авторот е многу убава. Прочитај ја, нема да зажалиш. Имаше и тема во подфорумов специјално за оваа книга. Ако се откажуваш вака од книгите од средно уште од првите 30 страни, нема многу да прочиташ. Доста книги звучеле досадно но имале многу убава поента.:smir:


Он: Почнав денес да ја читам „Сите лица на смртта“ од Петре М. Андреевски. На почеток добра е, па ќе видиме како ќе се покаже, има доста страници :)

фала Џену Грл=)
ке те послушам :wink:
 
,,Читачот"-Бернхард Шлинк
Напната, филозофски елегантна и морално комплексна книга. Морално разорен роман за повеќе би рекла сексуалната отколку емоционалната привлечност меѓу 15 годишниот Михаел и 30 годишната Хана.
 
моментално ја читам "единаесет минути" од пауло коелјо љубовна приказна за една проститука марија ја препорачувам на секоја жена =)
цитирам
"Има работи што не можеат да се споделат.Не треба да се плашиме од океаните по кој бродиме по своја сопствена волја; стравот ја расипува играта на сите.Човекот минува низ пеколни маки за да го разбере тоа.Да се сакаме едни со други, не обидувајки се мегусебно да се поседуваме."

" Срцето го чуствува она што очите не го гледаат"
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom