Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
На прeпорака на RocknRolaа, walker girl и мислам HITCH ја зедов книгата во која во период кога жената е дискриминирана, без права таа успева да стигне до тогаш најпрестижната титула на светот, да стане Папа. Жени што книга ќе ти препорачаат ако не „Папата Јована“ :pos:
Се шалам :smir:, ова е книга која говори за успехот покрај сите препреки, кога невозможното станува возможно. Книгава е одлична.

p.s Да ја пофалам RocknRolaа втора книга која ми ја препорачува и да сум задоволен од истата, се надевам нема да згреши со наредните :)
 
Адел Паркс-Чевлите на другата жена. Не е лоша, модерни проблеми, брак, криза, развод, вљубеност, поддршка од семејството. Препорака кој сака лесна книга, без многу мозгање со ваква тематика
Кети Рајкс-Вкрстени коски. Форензичар-антрополог работи на случај убиство/самоубиство, стар скелет од непознат маж, Масада, можна опасност за христијанството и еврјеството...според темата би ја ставил во класа на Кодот или Лавиринт. Мене ми се виде интересна, интригантна, нема премногу тупење со ситни детали, лесна за читање.
Кејт Мос-Лавиринт. Допрва треба да видам за што се работи, но накратко отприлика за археолошки ископини, два човечки скелети во пештера со египетски симболи...али уште немам почнато со читање па рано е за препорака
 
На прeпорака на RocknRolaа, walker girl и мислам HITCH ја зедов книгата во која во период кога жената е дискриминирана, без права таа успева да стигне до тогаш најпрестижната титула на светот, да стане Папа. Жени што книга ќе ти препорачаат ако не „Папата Јована“ :pos:
Се шалам :smir:, ова е книга која говори за успехот покрај сите препреки, кога невозможното станува возможно. Книгава е одлична.

p.s Да ја пофалам RocknRolaа втора книга која ми ја препорачува и да сум задоволен од истата, се надевам нема да згреши со наредните :)

Супер, сега можеш да ги земеш и „Opus Dei“ и „Невеста во Броџии“. „Opus Dei“ е за матните работи во Ватикан, а „Невеста во Броџии“ за Папата Александар VI.
Инаку, јас сега ја читам „Сара“ од Марек Халтер.

п.с. слушај жени и нема да погрешиш :smir:
 
некои препораки за болдот или накратко околу што се врти приказната?
 
"Росхалде" - Х.Хесе

Нетипична хесеовска книга, лесно и брзо се чита, драма за едно семејство и нивните несреќи.
 
Ја читам Harry Potter and the Deathly Hallows - и сум воодушевена од тоа како ја склопија приказната при крај, а и филмот беше одличен.
 
Затоа што те љубам - Гијом Мисо

Постојано ве вовлекува во мистерија и ве држи во неизвесност.
 
Михаил Агеев - Роман со кокаин

images
Зачитав неколку страни и ми се виде интересно. Сега сум некаде на половина, но ми се гледа интересна затоа што има јаки размислувања што секој може да си ги продлабочи. Современа тема, мене содржината многу ме потсетува на „Игра во 'ржта“ на Селинџер на почеток, а прочитав рецензии дека ова е некаква модернистичка верзија на стилот на Достоевски.
 
Кети Рајкс-Вкрстени коски. Форензичар-антрополог работи на случај убиство/самоубиство, стар скелет од непознат маж, Масада, можна опасност за христијанството и еврјеството...според темата би ја ставил во класа на Кодот или Лавиринт. Мене ми се виде интересна, интригантна, нема премногу тупење со ситни детали, лесна за читање.
интересна книга со возбудливи акции..............
моментално сум "приврзан" кон таквите мистериозни трилери па затоа ја читам Храмот на Инките од Џејмс Ролингс,бидејќи пред тоа ми остави впечаток Мапа од Коски,па решив да продолжам со неговите дела

моја препорака е дефинитивно да ја прочитате Папата Јована,како и Аферата Ван Гог....книги кои навистина се добри(барем според мене)(
 
Моментално ја читам "Мечот на судбината" од Анджеј Сапковски.

Епска фантастика со morraly grey шмек.
 
Елеганција на ежот - Мириел Барбери
Кога ја видов ме потсети на оние љиљакова крава, како да пливате со ајкули и останати говнарии, но оваа книга е пример за тоа дека не треба да се гледа книгата по корицата и насловот, туку по фабулата и биографија на авторот.
Ова е филозофско дело, кое е насочено кон егзистенцијонализам, нихилизам, волунтеризам и од овие приоди го објаснува западното општество, и нешто од азиската култура како негова спротивност. Писателката е азијка, така да ништо чудно што на неа особено и изгледа така.
Две жени, кои живеат во иста зграда, едната безначајна домарка, другата преадолесцент кој се гади од елитата во која живее, го објаснуваат животот и неговата смисла на доста интересен начин.
 
Московки Вектор од Роберт Ладлам . У негов стил нешто налик на Борновиот Идентитет , цело време акција . Убиства на влијателни личности и претседатели на поранешните Советски Републики од страна на Русија
 
Госопѓа Бовари од Густав Флобоер.Се раскажува животот на една мажена жена и нејзиното неверство.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom