"Историчарка" од Елизабет Костова. Супер е книгата, фикција измешана со вистински факти за животот на Дракула. Во книгата се збори дека Дракула или Влад Цепеш е сеуште жив, како вампир. Дејството е сместено во 3 периоди и приказната е навистина интересна, авантуристичка.:icon_bigg
Само што завршив со читањето на 40те страни блогска "поезија" од Дејан Велкоски насловена како Б.(или поезија за луѓето кои презираат поезија). Колку креативност и оригиналност има во човеков ... А гледам дека на блогот има доста интересни прозни "пишуванки".
Крпен живот - Стале Попов
Може да е интересно детализирањето на ликовите и психолошкиот судир, ама зар не може да се прикаже истата приказна на литературен јазик и со одземени некоиси 100тина монотони страни?!
И Тепачки клуб - Chuck Palahniuk. Македонска верзија, очаен превод, лесно читлива ако си го гледал/а филмот.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.