Еве уште дополнување, привремен burn-in може да се појави кај постарите плазми и тоа на гледање на ист канал подолго од 3-4 часа, односно ако има фиксно лого или сл. кај новите плазма телевизори (нормално) дека тоа е 95% решено, И доколку се случи нешто такво има самиот телевизор опција за washout и др. слични опции односно целиот екран се бои најчесто бел и со тоа се прави сите логоа или нешто сл АКО има на телевизорот да исчезне. Друга работа е што новите плазма телевизори ја имаат и опцијата на "движење на пикселитe" ако се гледа на ист канал подолго време, самиот телевизор ги движи пикселите ( се разбира неможе да се примети тоа) и што е најважно за плазма телевизор е почетните 200 часа треба да бидат на фабрички Cinema мод со да се разработи гасот и да се избегнува гледање на иста телевизија со фиксно лого повеќе од 3 часа, после тие 200 часа правете што сакате со боите контрастите и сл.
Сега има и некои DVD-a односно снимки од неколку минути кои што многу брзо ги разработуваат плазмите така да нема потреба од тоа 200 часа гледање, пушташ DVD и одиш на спиење и така неколку дена додека не поминат тие 200 работни часа после уживајте во гледањето...