LCD телевизори

  • Креатор на темата Креатор на темата VINO
  • Време на започнување Време на започнување
Уште еднаш, и јас STRONGLY препорачувам плазма екран, ЛЦД само ако ви треба нешто помало од 42“ и неможете да го вклопите во Вашата соба и сл. За се останато ПЛАЗМА.
Плазма технологијата е мн. напредната во последните години така да ефектот Burn-in кој го имаа телевизорите од 2009 назад, е надминат преку 95% а и секако потрошувачката на енергија која за некој членови била превисока...
 
Што мислите за LCD PHILIPS 37PFL6606H/12 ?
 
привремен burn-in

АХ ДА БЕШЕ ПРИВРЕМЕН,ДОБРО КЕ БЕШЕ!
зависи од модел и од кога си ја купил плазмата и башка имаш опции со телевизорот пикселите да се движат така да никогаш да не бидат на едно место и немаш проблеми ;)

п.с пуштени се цените за некоја илјадарка од денес на technomarket
да не знае некој да даваат некаков попуст за плакање во готово или слично ?
или малце повеке детали за плакање на рати ? камата ?
 
Што мислите за LCD PHILIPS 37PFL6606H/12 ?
Јас сакав ваков да земам бидејќи е со добри перформанси и плус е топ за гледање филмови, ама се предомислив ради тоа што нема wireless. Такада, зависи за што ти треба.
 
Не бе каков вајрлес, уште на тоа ми треба вајрлес :) Имав еден плазма порано и не сум баш задоволна од нив, така да ако не овој, препорачајте сличен ЛЦД/ЛЕД. Само големината да е оваа, не поголема, ограничена сум со просторот, за во соба ми е :)
 
eпа на сите ни е за во соба де :D
kaко бре нема wifi кога има ...
добар е телевизорот само нема DTS
Грешка. Во Нептун ми рекоа дека има wi-fi, ама има само апликации, нема броузер.
 
значи ако е овој истиот телевизор тогаш има интернет функции и има брроузер
http://www.lcd-compare.com/televiseur-PHI37PFL6606H-PHILIPS-37PFL6606H.htm
јбг на француски е
броузер ти е Navigateur libre
Истиот телевизор е, ама немаше броузер. Сигурен сум бидејќи го разгледав менито на Net TV во продавницата.
 
Истиот телевизор е, ама немаше броузер. Сигурен сум бидејќи го разгледав менито на Net TV во продавницата.
не бе бато не е можно да нема еве и од филипс страната прочитај го ова
само не очекувај ти да ти отвара како што отвара на компјутер интернет страници :D
нема флеш подршка за телевизори ако не се лажам
предност на ова ти е што нема да фатеш вируси хахахахаха така велат прочитај лооооооооол
http://www.p4c.philips.com/cgi-bin/...37PFL6606H/12&dct=FAQ&refnr=0079373&faqview=1
 
зависи од модел и од кога си ја купил плазмата и башка имаш опции со телевизорот пикселите да се движат така да никогаш да не бидат на едно место и немаш проблеми ;)

п.с пуштени се цените за некоја илјадарка од денес на technomarket
да не знае некој да даваат некаков попуст за плакање во готово или слично ?
или малце повеке детали за плакање на рати ? камата ?

Пикселите да се движат ? не трескај глупости кој изум е тоа пикселите да се движат ?

На самото упаство ти пишува на плазма телевизорот дека не смее една програмата да се гледа повеќе од 3 саати за тоа се јавува тоа burn-in (пример некое лого Sitel ,kanal 5 И други) ако се запече убаво логото на екранот не го чисти ни твоето движење на пиксели
 
не бе бато не е можно да нема еве и од филипс страната прочитај го ова
само не очекувај ти да ти отвара како што отвара на компјутер интернет страници :D
нема флеш подршка за телевизори ако не се лажам
предност на ова ти е што нема да фатеш вируси хахахахаха така велат прочитај лооооооооол
http://www.p4c.philips.com/cgi-bin/...37PFL6606H/12&dct=FAQ&refnr=0079373&faqview=1
Знам, читав на интернет и поради тоа бев во Нептун, ама некои опции што ги има на интернет не секогаш соодведствуваат со опциите кои ги имаме кај нас. Не знам зошто е така, но така е, сигурно не ме прелажале. У секој случај, си зедов подобар телевизор и сум ептен задоволен. Такада, се' е во ред.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom