Отворена врска ...

Врска без обврска?

  • ДА

    Гласови: 19 33,3%
  • НЕ

    Гласови: 32 56,1%
  • Не знам

    Гласови: 6 10,5%

  • Вкупно гласачи
    57
У врските досеа што сум бил, беа отворени. И ниту еднаш немаше шетање на страна. Пошо постоеше потполна искреност и доверба еден во друг, така да, секц со друг муж не беше толку предизвикувачки.

Едноставно.
 
Значи јас да знам дека он иде со други? хмм никад! Па што сум ја? Пропратна станица паа кога ќе му отиде автобусот ќе дојде кај мене, ма немоој. Си имам гордосt и, став и карактер, така да он ако нема нема ни да биде со мене. Глупи ми се тие врски, и до кога така? До бесконечност а? Глупости
 
У врските досеа што сум бил, беа отворени. И ниту еднаш немаше шетање на страна. Пошо постоеше потполна искреност и доверба еден во друг, така да, секц со друг муж не беше толку предизвикувачки.

Едноставно.
Сигурен си дека немаше?:icon_lol: Ватевр, друга ми беше поентата.
Како тоа биле отворени врски, а немало шетање на страна? Баш шетањето е тоа што ги прави отворени врски. Ако немало шетање- не биле отворени, туку биле нормални врски. :wink:

Инаку и јас спаѓам во тие „конзервативните“. :icon_lol: Ако само се мувам со типот, слободен е да прави што сака кога не е со мене, исто и јас. Ама во врска сум про моногамија. :icon_lol: Кога негувам силни чувства спрема некого верноста и довербата ми се прва работа на списокот на важни нешта. Кога е некој мој (условно кажано де, да не испадне после го поседувам :pos:), сакам да биде само мој и тоа е тоа. Не се работи за посесивност... Се работи за тоа дека ако јас имам чувства за него, значи очекувам и тој да ми возврати на чувствата, а ако он има чувства спрема мене (зборам за „љубов“ чувства, не за „симпатична си ми“), тогаш нема да има потреба од никоја друга. Истото и за мене важи. Ако веќе дојде до таква потреба, значи нешто не штима во врската и секој ќе си го фати својот пат и готово.

Ако сакам нешто онака повремено без обврски, во ред. Ама кога се замешани чувства, не сакам друга да ми моча на територија и во тој поглед не попуштам.

Мислам, замисли ситуација... Ми доаѓа дечко ми и ми вика: „Еј, извини, вчера не можев да дојдам на нашата 4месечнина пошо бев да се видам со Петранка, каков секс падна човече...“ И јас уште на тоа нормално да реагирам. :nesvest:
 
Последователно на таквите врски би било дека нема ни да се дојде до брак...мислам дека тоа сакаше да каже Синдикат.
Ако сите бараат "отворена" врска,нема никогаш да се смират со еден и да оформат семејство.:)

Синдикат сакаше да кажи само дека си конзервативна и си права мома за женење, демек да подели комплимент.

А то дека ја прифаќам ваквата врска не значи дека сум само за таква врска. Доколку се има прилика да и не се очекува брак од секоја врска.

И не мора сите да ја прифаќаат, нездрав ќе беше свето ако сите размислуваа така. Ни морални ни етички принципи ни ништо.

Заклучок: Секој сака да еби неконзервативна девојка, а да ожени конзервативна.
 
Ова не е за мене... Едноставно она што го имам несакам да го делам со никој, или е мое или не е. Трето нема. А и јас таков сум. Така да оваа отворена врска е без врска.
 
Коа се спомнуваат поими љубов и врска нема тука отворено,слободно,openminded или не знам какво понашање...коа сум у врска и коа сакам некој,го сакам целосно,со мене и ниедна друга...а ако праиме муабет за опнување од време на време и после раскажување(отвореност,слобода нали) нема зашо уопште да праиме муабет за врска...
 
Ам......не :) отворена врска ок - коа стануе збор за некој шо ти е мил, пријатен, сакаш да сте заедно, постои извесна блискост меѓу вас, али не и љубов. А врска во кој ИМА љубов и отворена хм......е не ми штимаат заедно, не од посесивност, љубомора, страв од конкуренција или не знам шо.....

Не,бидејќи самата помисла од тоа да е со друга ми создава некој немир,а камо ли па да знам дека ТАА вечер е со друга.Пу пу,скраја да е,уште па да ми кажува како поминал...

....и не би ме мачела помислата на тоа да он е со некоја друга, колку шо би ме мачело ако ја се најдам у ситуација да бидам со друг, ја би се чувствувала бедно и глупаво да "шарам" наоколу, мислам...... имаш некој шо го сакаш, те исполнува, веќе сте изградиле нешто посебно би требало да сте си доволни :) ма каква отвореност мх!
 
Врска без обврска no thx не ми треба такво нешо, ако сум со некого сакам тој да биде само мој и ничиј друг, поинаку не би можело да биде!!!
 
E ако нешто ме нервира тоа се ваквите "врски".Не знам колку може да се каже дека има љубов во ваквите ситуации,од проста причина што јас поразлично ја сфаќам љубовта.Ако навистина сакам некој,не можам да го делам со друга ниту пак јас да помислам да бидам со некој друг.Ми се случи еднаш,на почетокот на нешто за кое имав голема желба да стане сериозно,дечкото да ми каже дека сака да имаме слободна и отворена врска затоа што така ќе се имаме еден со друг секогаш,во смисла секој ќе има право да прави што сака без другиот да му се налути.И нормално,затоа што мораше од некаде сето тоа да почне,некое време се случуваше таа отворена врска.Моментот беше што ни јас,а ниту тој,кој беше иницијатор на целата работа,не направивме ништо со никој друг.Тој се заљуби,почна да станува и опседнат,мене ми се одмили и се заврши.
Се на се,не верувам дека такво нешто би успеало.
 
Ne...nema sansi!A zosto ,zosto nejkam da izigravam zakacalka...toa e bez vrska....ako ne e pokraj mene i ne mi posvetuva dovolno vnimanie znaci ne e za mene i ne e spremen da me saka....a nekoj sto ne me saka fakticki nemoze da bide so mene:):):):):)
 
Отворете вратите и прозорите за да фати промаја оти ќе се загушите. :)
 
Отворете вратите и прозорите за да фати промаја оти ќе се загушите. :)
Ги отвараме и вратите и прозорите, ама само за воздух, пилиња не смеат да долетаат, ниту пак ние да одлетаме.:peace:
 
НИКАКО! НЕ знам кој од девојките би одговорил дека сака, машките може и сакаат да експериментираат ама сигурна сум дека откако ќе се заљубат во девојката уште истиот момент ќе почне да им смета. Што е и нормално.

А јас лично во никој случај не би прифатила таква врска, оти и не е тоа врска. Ако сакам со кој сакам да се мувам, тогаш не морам да сум во врска, ќе си бидам слободна и што сакам пак ќе си правам ( па ако треба ќе бидам и со наводниот дечко од примерот)... Мислам не ја сфаќам поентата зошто би била со некој таков. Глупаво ми е немам некоја посебна причина зошто.

Единствено познавам само еден случај каде девојката беше зацапана во него до уши и не и остануваше ништо освен да прифати секакви услови за да биде со него, со таа разлика што таа немаше срце да го вара, а тој си праеше што сака. И ај сеа...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom