12 причини да бидеш верник...

  • Креатор на темата Креатор на темата marcus
  • Време на започнување Време на започнување
Историчарите го потврдуваат постоењето на Исус......а со тоа и чудата кои ги правел....
Библијата ти е сведок/доказ за се` она што го правел Исус......или сеа ке кажеш дека апостолите биле „хај“ и им текнало да пишуват „глупости“?
Ако си ја читал историjата викана Библија да.... ама стварно незнам во која друга историја е пишувано за чудата па и постоењето.... и тоа за хај... мислам дека не било во мода тогаш лулето на мирот :wink:
 
Вака мојот професор(класен) предава Историја....Нешто се погоди темата религија,па рече дека Исус постоел(познати историчари пишувале за него,а и неговите дела),така да не е само Библијата.....
ПС:Професорот е „тежок“ атеист.
 
Едно е дали постоел, друго е тоа што правел...некакви си чуда???, трето Римјаните му ги разоткриле триковите и го ......
И неговата биографија има една голема дупка..од едно 30 години
 
Па имало причина за неговото величење,слава што ја достигнал?Поради чудата кои ги правел.....
ПС:Трикови?Мислиш со карти?:tapp:
 
Да направил едно гооооолемо чудо.....неговите следбеници во следните векови се заслужни за најголемото назадување и стагнирање на човековата цивилизација и напредок.
Да беа уште малку помоќни..најверојатно јас, ти и многумина на овој бел свет немаше ни да знаеме да читаме и пишуваме, просечниот животен век би бил 40-сетина години, смртноста меѓу децата екстремно висока ќе беше, ќе се лечеше и понатаму со единствената терапија-пуштање крв, ел. енергија...непознат поим...итн.
 
Треба да ти стане јасно дека медицината,астрологијата,физиката и сите останати науки се Ѓаолска работа,и Божјата Волја не предупредува да бегаме од нив.

Колку и да живееме,треба земскиот живот да му го посветиме на Бог,пред икона,во црква и во нашите срца.Што ако живееш повеќе од 40 години,кога после твојата смрт ќе бидеш казнет за твојата ароганција оти си решил да одиш против Божјата Волја и да не умреш од Грип како што тој предодредил?
И што добиваш од читањето и пишувањето освен ѓаолски пориви да го искривоколчиш ликот на Бог и љубовта кон Бог во себе?
Не.
Треба да има еден даскал кој ќе ни ја чита Библијата на сите,а ние нема потреба да читаме,оти книгите се прозорец кон гревот и ние учиме за гревот преку многу од нив.

:pos:
Дури и кога го пишував ова се осеќав глупо.Им се чудам на оние кои би го напишале водејќи се од лични побуди.
 
Материјализмот води кон духовна пустина, со ови зборови ќе се надоврзам кон барањето на материјални докази за постоењето на Господ. вие сакате докази како на пример доказ дека имаш кола ги викаш другарите пред зграда и се фалиш со новата кола,

Поправилна аналогија би била:
Сум купил нова кола, сум пробал со неа 12 пати да поминам низ ѕид. Па после им зборам на другарите дека ништо не и е на колата и пичам со истата 147 км/час преку плоштад.

Епа драги мои атеисти со Господ не можеш така, потребна е љубов, верба, разбирање, човечност за тие особини да се поседуваат не требаат материјални докази. Треба срце и душа кои Господ нас ни ги дал да ги користиме најдобро што можеме и ни дал упатства преку својот син Исус Христос, но некако не сме разбрале или не сакаме......незнам ќе дојде време и тоа да го дознаеме.

Јас не барам ништо повеќе од тоа што веќе го направил досега.
Од Господ барам да повтори нешто од Библијата (или да направи нешто ново). Ама онака да се знае дека баш доаѓа од него, односно да биде пропратено со грмушка или нешто слично.
За Исус сум пофлексибилен ги барам само оригиналните записи од Новиот Тестамент.

A go imas videno, Bonaparta,Hitler,A.Linkon itn. a veruvas vo niv?

Не. Ама никој не ми вика да го јадам телото на Бонапарта и да ја пијам крвта на Хитлер и да го слушам „словото“ на Линколн без многу да прашувам. И никој не ме убедува дека ако го правам сето тоа ќе живеам рајски и прекрасно, ама не тука туку во Неверленд, откако земното тело ќе се престори во гнилеж.

Вака мојот професор(класен) предава Историја....Нешто се погоди темата религија,па рече дека Исус постоел(познати историчари пишувале за него,а и неговите дела),така да не е само Библијата.....
ПС:Професорот е „тежок“ атеист.

П.П.С. Не постојат историски записи за Исус Христос.
П.П.П.С. Понуди конкретен историчар кој живеел во тој период.
 
Поправилна аналогија би била:
Сум купил нова кола, сум пробал со неа 12 пати да поминам низ ѕид. Па после им зборам на другарите дека ништо не и е на колата и пичам со истата 147 км/час преку плоштад.

Јас не барам ништо повеќе од тоа што веќе го направил досега.
Од Господ барам да повтори нешто од Библијата (или да направи нешто ново). Ама онака да се знае дека баш доаѓа од него, односно да биде пропратено со грмушка или нешто слично.
За Исус сум пофлексибилен ги барам само оригиналните записи од Новиот Тестамент.
И пред тебе да воскресне ти пак нема да поверуваш......
Богатиот и сиромавиот..
Сиромавиот секој ден чекал некоја трошка леб што ке му ја фрлат слугите на богатиот,при што кучињата му ги лижат раните.А додека богатиот,си живеел раскошно со своите браќа.Дојде судниот ден.Сиромавиот се најдел во рајот,а богатиот во пеколот.Кога видел какви маки има,му рекол на Св.Петар,да пушти некој,за да им каже на неговите браќа,за маката која ја има,па да можат да се спасат.Св.Петар му вели:Долу е Светото Писмо и илјадници луге кој зборуваат за Бог.А тој:Еее не веруваат во тоа тие,треба некое чудо да се случи па да поверуват....

Не. Ама никој не ми вика да го јадам телото на Бонапарта и да ја пијам крвта на Хитлер и да го слушам „словото“ на Линколн без многу да прашувам. И никој не ме убедува дека ако го правам сето тоа ќе живеам рајски и прекрасно, ама не тука туку во Неверленд, откако земното тело ќе се престори во гнилеж.

Не ти вика,зашто тие не се Божји синови.

П.П.С. Не постојат историски записи за Исус Христос.
П.П.П.С. Понуди конкретен историчар кој живеел во тој период.
Втората причина....

2. Исусовото постоење, времето во кое живеел, Неговите чуда, многуте следбеници кои умирале заради Неговото Име, сето ова е документирано од неколку рани историчари како Корнелие, Такит, Јозеф, Сутонис, Пилни Помладиот, Вавилонскиот Талмуд и други.
 
Втората причина....
Исусовото постоење, времето во кое живеел, Неговите чуда, многуте следбеници кои умирале заради Неговото Име, сето ова е документирано од неколку рани историчари како Корнелие, Такит, Јозеф, Сутонис, Пилни Помладиот, Вавилонскиот Талмуд и други.

Не е доволно да правиш copy-paste. Провери ги и самите историчари, кога живееле и што точно напишале. Ај да ти помогнам со почетокот.

Во делото Аналите кое се состои од 16 тома и е напишано околу 116 година, Тацит во еден пасус ги спомнал Христијаните.
Инаку името на Тацит е Корнелие. Па Корнелие Тацит е еден историчар.

Пилни е роден 62. Ги спомнува Христијаните во писмо до цар Трајан.

Јосиф ја објавува Античките Евреи, дело од 21 том, во 92 година и го спомнува Исус во еден пасус.

итн. итн. итн.

Постоењето на Христијаните никој не го оспорува. Дури е возможно од историските записи да се потврди постоењето на човек по име Исус. Ама се понатаму е плод на човечката фантазија со единствен, разнолик и неисториски извор, Житијата.
 
Тој истиот Тацит напишал..
“... Христос беше егзекутиран за време на владеењето на Тибериј...”

Пилни е роден 62. Ги спомнува Христијаните во писмо до цар Трајан.
Не само Христијаните туку и Исус...Вели дека нивното име доаѓа според Исус кој бил погубен за време на владеењето на Понтие Пилат

Јосиф ја објавува Античките Евреи, дело од 21 том, во 92 година и го спомнува Исус во еден пасус.
Повеќе пати е спомнат....
Прво пишува за Јосиф..за кого вели дека бил брат на Исус, кого пак го нарекувале Христос...
"Во тоа време живеел исто така и Исус, мудар човек ако може дa се нарече човеk, затоа што како народен учител, чинел чудеси кои биле прифатени со вистинска радост.Тој бил Христос. ..ПАЗИ ГО ОВА...Се појавил жив на третиот ден како што претскажувале пророците за ова и уште за други 10.000 чудесни работи за него"

Постоењето на Христијаните никој не го оспорува. Дури е возможно од историските записи да се потврди постоењето на човек по име Исус. Ама се понатаму е плод на човечката фантазија со единствен, разнолик и неисториски извор, Житијата.
Вавилонскиот Талмуд вели...
“... Беше распнат на пасхалната ноќ” -но тоа е да кажеме добрата страна..
Талмудот како што знаеш е еврејски религиозен законик..според кој Исус не бил Месијата..затоа сакале да го оцрнат..но всушност во овој случај само го докажале неговото постоење..
Запишале работи какао тоа дека е син на римски војник, дека научил магии во Египет,па после лечел болни и дигал мртви, дека имал 5 односно 12 ученици кои имале моќ на лечење во негово име и дека бил обесен/распнат...
Има и други записи...некои дури се негативни и со потсмев..но сепак го спомнуваат..Да не ги заборавием илијадниците први хрстијани кои ги загубиле животите заради него..Никој не го дава животот за лага..само за вистината..
 
"Во тоа време живеел исто така и Исус, мудар човек ако може дa се нарече човеk, затоа што како народен учител, чинел чудеси кои биле прифатени со вистинска радост.Тој бил Христос. ..ПАЗИ ГО ОВА...Се појавил жив на третиот ден како што претскажувале пророците за ова и уште за други 10.000 чудесни работи за него"

Нели е чудесно кога при превод на цитат си измислуваш зборови (пардон бројки).

Ако ја следиш дискусијата се зборува за постоењето на историчари кои живееле во времето на Хесус. Од сите историчари што живееле во тој период... никој не го спомнал.
Дури при крајот на 1-виот век го спомнуваат 4-5 души во минување кога кога се обидуваат да ги им дадат историски контекст на Христијаните.
И од тие неколку души не одговараат сите за цитирање како на пример Келсус кој за Исус вели дека е копиле.

Значи за чудото Господово се зборува најрано 60 години по неговата смрт. Толку им бил битен на луѓето тогаш.

П.С. Во Талмудот Исус е обесен на Пасха. Не се Евреите глупи да остават дупка да се протнеш.
 
Antiquities of the Jews
Book18 Chapter 3 Item 3 ........... for he appeared to them alive again the third day; as the divine prophets had foretold these and ten thousand other wonderful things concerning him. And the tribe of Christians, so named from him, are not extinct at this day.
Не сум човек кој лаже и измислува работи..

Постојат и такви кои оделе со него и пишувале...Павле ги напишал дел од посланиците околу 40 година...
А за Клесус..како да е прв или последен..луѓето го негираат неговото постоење.."епитетите" од ваков вид не се ништо ново..дури и денес...

Значи за чудото Господово се зборува најрано 60 години по неговата смрт. Толку им бил битен на луѓето тогаш.
Не постоел CNN..:wink:
Римјаните го уништиле цел Ерусалим(со се популацијата) околу 70 година..повеќето докази за Исус биле уништени..а со тоа и бројот на сведоците кои го виделе.. Сепак...ги има доволно..
П.С. Во Талмудот Исус е обесен на Пасха. Не се Евреите глупи да остават дупка да се протнеш.
Дали е обесен или распнат зависи од кој Талмуд си ги зел податоците...
А колку биле "паметни"...Го чекале Месијата толку години и на крајот го распнале..
 
Antiquities of the Jews
Book18 Chapter 3 Item 3 ........... for he appeared to them alive again the third day; as the divine prophets had foretold these and ten thousand other wonderful things concerning him. And the tribe of Christians, so named from him, are not extinct at this day.
Не сум човек кој лаже и измислува работи..

Не мора да лажеш и измислуваш, доволно е да бидеш неинформиран.
Цитираш пасус кој што во Католичката Енциклопедија е заведен како „пати од повеќекратни интерполации“. Интерполација е термин кој се користи за текст кој не е напишан од оригиналниот автор.

Постојат и такви кои оделе со него и пишувале...Павле ги напишал дел од посланиците околу 40 година...

Историчарот Павле?

Римјаните го уништиле цел Ерусалим(со се популацијата) околу 70 година..повеќето докази за Исус биле уништени..а со тоа и бројот на сведоците кои го виделе..

Римјаните цело време палеле и жареле каде што ќе стигнеле.
Ама за секакви глупости чувале документи и ги праќале во Рим.
Само што Хесус не е споменат ни како некој што направил ремет.
Ова било толку голем проблем што уште во раното Христијанство бил направен обид да се фалсификуваат Актите на Пилат (извештаите за Јудеја до кралот Тибериј). На крај фалсификатот ја добива титулата житие... ама од оние кои не биле избрани за Библијата.
 
Не мора да лажеш и измислуваш, доволно е да бидеш неинформиран.
Цитираш пасус кој што во Католичката Енциклопедија е заведен како „пати од повеќекратни интерполации“. Интерполација е термин кој се користи за текст кој не е напишан од оригиналниот автор.

Нормално..можеш слободно да додадеш дека тоа е вметнат дел кој се појавува во четвртиот век...
Поделбата продолжува..Секој секогаш ќе влече на своја страна..Факт е дека Јосиф пишувал за Исус.
Историчарот Павле?
Ја реков дека има и други кои пишувале за Исус..па го спомнав и Павле..сепак ако сите работи кои ги напишал од историски карактер се точни...?!

Римјаните цело време палеле и жареле каде што ќе стигнеле.
Ама за секакви глупости чувале документи и ги праќале во Рим.
Само што Хесус не е споменат ни како некој што направил ремет.
Ова било толку голем проблем што уште во раното Христијанство бил направен обид да се фалсификуваат Актите на Пилат (извештаите за Јудеја до кралот Тибериј). На крај фалсификатот ја добива титулата житие... ама од оние кои не биле избрани за Библијата.
Обиди за фалсификат има колку сакаш...се сомневам дека било од изворното хрстијанство..таквите обиди најчесто се резултат на сектите..
 
nikola.b ме интересира дали си ја гледал на дискавери или на нешнл џиографик емисијата со видовитите жени кои им помогаат на полицајците да ги откријат злосторниците?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom